✅ Основното училиште „Крум Тошев“ во Трубарево добива нова енергетска фасада на целиот објект. Заедно со директорката на училиштето денес извршив увид во градежните активности, кои се одвиваат согласно планираната динамика.
➡️ Покрај градежните активности ова училиште е подготвено и за почеток на учебната година. Пунктовите за дезинфекција се поставени, планот за движење низ објектот е обележан.
➡️ Безбедноста на нашите деца зависи од одговорното однесување на сите чинители, не само општина, туку и родителите, наставниците и директорите.Секој од нас мора да внимава прво на себе и на блиските околу себе. Само така сите заедно ќе придонесеме во целта да имаме безбеден тек на наставата.
