ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ НАПРАВИ ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО ПО ПОВОД ЕДНА ГОДИНА ДИРЕКТОР НА ЦУК

Унапредување на 45 лица во Центарот за управување со кризи (ЦУК), вработување на неопределено време на лицата кои се вработени на определено време, имплементација на единствениот европски број 112 и реформи во целиот систем на управување со кризи се дел од задачите кои треба да бидат реализирани во следниот период, информира на денешната прес-конференција директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Ангелов очекува на 11 февруари, кога е и Ден на европскиот број за итни повици Е112, бројот да биде пуштен во употреба и да ги прифаќа сите повици на граѓаните.

Една од целите, како што посочи тој, беше набавка на два медикоптери нешто што, според него е неоходно, бидејќи, како што кажа, оваа година се појавија повеќе ситуации каде беше неопходна хеликоптерска евакуација.

– НАШИТЕ ХЕЛИКОПТЕРИ ЛЕТААТ САМО ДЕЊЕ ВО СПАСУВАЧКИ МИСИИ, ДА, ХЕЛИКОПТЕРИТЕ МОЖАТ ДА ЛЕТААТ НОЌНО ВРЕМЕ, НО МОЖАТ ДА ПОЛЕТУВААТ САМО НА БЕЛЕЖАН АЕРОДРОМ, ЛЕТАЊЕТО НОЌНО ВРЕМЕ НА ПЛАНИНА ИЛИ НЕПОЗНАТ РЕГИОН КАДЕ ХЕЛИКОПТЕРИТЕ ТРЕБА ДА СЕ СПУШТАТ НИСКО, ПРЕТСТАУВА РИЗИК. ТРЕБА ДА НАБАВИМЕ ДВА, ЕВЕНТУАЛНО ЕДЕН МЕДИКОПТЕР КОИ БИ БИЛЕ КОРИСТЕНИ ВО СИТЕ ИТНИ СИТУАЦИИ, КОГА Е ПОТРЕБЕН БРЗ ТРАНСПОРТ НА ПОВРЕДЕНИТЕ, РЕЧЕ АНГЕЛОВ.

На прагот сме на една нова енергетска криза, па, како што посочи, денеска најверојатно ќе има управувачки комитет на којшто членовите треба да утврдат дали на Владата ќе и предложат прогласување на кризна состојба предизвикана од енергетската криза која се заканува не само на нашата земја туку и во целиот регион.

Во ЦУК, вели Ангелов, за повеќето од лицата кои имаат завршено Воена академија, покренал постапка за унапредување заради прераспоред на старешинскиот кадар во оваа институција.

– ВО ОВАА ИНСТИТУЦИЈА, КАКО И ВО СИТЕ ОСТАНАТИ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ ИМА ЗАЛУТАНИ ПАРТИСКИ КАДРИ САМО КОЛКУ ДА СЕ ВРАБОТАТ И НА КОИШТО НЕ МОЖЕМЕ ДА СЕ ПОТПРЕМЕ, НО СЕ ОБИДОВМЕ ЗАЕДНО СО ТИМОТ ОД НИВ ДА ИЗВЛЕЧЕМЕ МАКСУИМУМ. СМЕТАМ ДЕКА СОСТОЈБАТА Е ПОДОБРЕНА, НО ТИМОВИТЕ РАБОТАТ НЕЗАВИСНО ЕДЕН ОД ДРУГ БЕЗ ПРИТОА ДА ПРЕЧАТ НИВНИТЕ ЛОШИ МЕЃУЧОВЕЧКИ ОДНОСИ. СО ПОДДРШКА НА НАЈГОЛЕМИОТ БРОЈ ВРАБОТЕБНИ УСПЕАВМЕ ДА ГИ МОБИЛИЗИРАМЕ СИТЕ ВРАБОТЕНИ И ОД НИВ ДА ИЗВЛЕЧЕМЕ МАКСИМУМ, РЕЧЕ АНГЕЛОВ.

Во текот на месец јули, посочи, вработиле 14 лица на определено време за проектот Е112, единствениот европски повикувачки број и уште 27 лица низ целата територија на државата.

– Во тек е постапка за унапредување на 45 лица со што ќе се подобри раководната и останатата структура на ЦУК, рече Ангелов.

Во следниот период, според него, е неопходно доекипирање, како и прием на нови, квалитетно образовани и искусни лица.

Буџетот на институцијата, како што информира, е во лоша кондиција и е релативно низок.

-ПОДОЛГО ВРЕМЕ ПРЕГОВАРАМЕ СО СИНДИКАТОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ, ПРИ КРАЈ Е ПОСТИГНУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР, СЕ НАДЕВАМ ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД ОВОЈ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЌЕ БИДЕ ПОТПИШАН СО ШТО НА ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ ИМ СЕ ГАРАНТИРААТ ПОВЕЌЕ ПРАВА, РЕЧЕ АНГЕЛОВ.

Во однос на кризата со пожарите Ангелов вели дека било тешко со лимитиран број на ресурси да се соочат со ваква криза, поради што побараа меѓународна помош.

– КАКО ЦУК НИЕ ГИ ПОКРИВАМЕ СИТЕ РИЗИЦИ И ОПАСНОСТИ КОИ СЕ НАДВОР ОД РАМКИТЕ НА АРМИЈАТА И ПОЛИЦИЈАТА.

ВО ОВАА ЕДНА ГОДИНА КОМПЛЕТНО УСПЕАВМЕ ДА РЕНОВИРАМЕ ТРИ РЕПУБЛИЧКИ ЦЕНТРИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ ВО ТЕТОВО, ШТИП И БИТОЛА, А ВО ТЕК Е РЕНОВИРАЊЕ И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПРОСТОРИИТЕ ВО СТРУМЦИА, ОХРИД, ВЕЛЕС И ЗА КРАТКО ВО КУМАНОВО КАДЕ ЌЕ СЕ ИЗРАБИОТИ ЦЕЛ ЕДЕН ЦЕНТАР ЗА ОБУКА, ИСТАКНА АНГЕЛОВ.