Денес партиите од владејачкото мнозинство меѓу кои и Достоинство, одржавме коалициска средба на која премиерот Зоран Заев зборуваше за владините резултати во првите сто дена како и плановите за следниот период.
Премиерот доби подршка од сите коалициони партнери да истрае на патот кон ЕУ, да се продолжат преговорите со Бугарија без да се загрозува македонскиот идентитет и јазик, во пресрет на празниците внимателно да се продолжи борбата против Ковид 19, посебен акцент беше ставен на следните економски мерки како и повеќе други значајни теми.