„Генерални конзули биле лица кои работеле претходно во градинки, компании за лекови, чоколади..“, вели Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес конференција посочи дека откако е министер има пратени 21 Амбасадори.

„Тоа се една третина од вкупниот број дипломатско-конзуларни претставништва кои ги имаме ние. Ние имаме вкупно 60 дипломатско-конзуларни претставништва од кои околу 40 се амбасадори, а другите се мисии и Генерални конзулати. Од нив се 15 дипломати од Кариера“, вели Османи.

Османи додавва дека согласно закон министерот е задолжен до 1/4 амбасадори да ги прати како дипломати од кариера, додека другите може да бидат политички решенија, кои обично се афирмирани лица.

Тој додава дека во претходните години биле испраќани луѓе кои претходно работеле во фирми за лекови, чоколади, детски градинки.

„Конзул во Солун а потоа и амбасадор бил директно земен од фирма за лекови. Генерален конзул во тој период преземена од детска градинка. Генерален конзул во Торонто со Факултет за физичка култура преземен од Агенција за млади и спорт. Амбасадор во Загреб имал Факултет за шумарство, а претходно управител на старечки дом. Амбасадор во Абу Даби, претходно бил вработен во фабрика за чоколадо. Амбасадор во европска земја, претходно искуствопридружба на сопруг-амбасадор. Амбасадор во Анкара бил преземен од Македонски пошти“, вели Османи.

За Османи, неоправдано се напаѓа дипломатијата, а откако тој сакаше да прати презентерка за конзул во САД.

sunwin tài xỉu sunwin apk sunwin.apk mới nhất

game bài sunwin sunwin game bài sunwin

sunwin

tải sunwin apk sunwin tài xỉu game bài sunwin

tải sunwin