ЕУРОСТАНДАРД БАНКА Е КРИМИНАЛ НА ДЕЦЕНИЈАТА: Фирми земале кредити од еден и пол милион евра иако имале само еден вработен!!!
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА Е КРИМИНАЛ НА ДЕЦЕНИЈАТА: Фирми земале кредити од еден и пол милион евра иако имале само еден вработен!!!
Скопје на плус 40 степени: Граѓани колабираат во автобус, на пазар, во Итна помош и по 100 повици
Скопје на плус 40 степени: Граѓани колабираат во автобус, на пазар, во Итна помош и по 100 повици
(ВИДЕО) Вистинска градежна експанзија се случува во општина Кавадарци: Се реконструира улица „Ресавска“ во Кавадарци
(ВИДЕО) Вистинска градежна експанзија се случува во општина Кавадарци: Се реконструира улица „Ресавска“ во Кавадарци
ЈОВАНОСКИ: Најостро го осудувам дискриминаторскиот однос на менаџментот и вработените во спортско-рекреативниот центар „Маркови кули“, кон наши сограѓани од ромската етничка заедница
ЈОВАНОСКИ: Најостро го осудувам дискриминаторскиот однос на менаџментот и вработените во спортско-рекреативниот центар „Маркови кули“, кон наши сограѓани од ромската етничка заедница
Тензии во Црното Море: Руски истрели кон британски воен брод
Тензии во Црното Море: Руски истрели кон британски воен брод
БРАВО - ОПШТИНА АЕРОДРОМ НАПРАВИ СТАНИЦА КАДЕ СЕКОЈ ДЕН МОЖЕ ДА СЕ ФРЛА СТАР МЕБЕЛ И ДОТРАЕНА БЕЛА ТЕХНИКА
БРАВО - ОПШТИНА АЕРОДРОМ НАПРАВИ СТАНИЦА КАДЕ СЕКОЈ ДЕН МОЖЕ ДА СЕ ФРЛА СТАР МЕБЕЛ И ДОТРАЕНА БЕЛА ТЕХНИКА
(ВИДЕО) Вицепремиерот Битиќи се фати за чук и мистрија на настан на Habitat for Humanity – Максимално сме посветени на создавање на солидарно, правично и општество за сите граѓани
(ВИДЕО) Вицепремиерот Битиќи се фати за чук и мистрија на настан на Habitat for Humanity – Максимално сме посветени на создавање на солидарно, правично и општество за сите граѓани
ФРЧКО НАЦИОНАЛЕ: ВРЕМЕ Е ДА БАРАМЕ ДРУГИ ПАТЕКИ И ДРУГИ АРАНЖМАНИ НА ПАТОТ КОН БРИСЕЛ!
ФРЧКО НАЦИОНАЛЕ: ВРЕМЕ Е ДА БАРАМЕ ДРУГИ ПАТЕКИ И ДРУГИ АРАНЖМАНИ НА ПАТОТ КОН БРИСЕЛ!

Георгиески: Нема повеќе илегална наплата на паркинг, лежалки и влез на плажите на Охридското Езеро

– Општина Охрид во рамки на своите можности максимално ќе се потруди да ги обезбеди сите потребни услови за непречено користење на плажите од страна на граѓаните и туристите, за разлика од годините наназад кога нелегално се наплаќаше за влез, лежалки и паркинг.

– Ставаме крај на долгогодишниот хаос, злоупотребите и узурпациите на најатрактивната зона од заштитениот појас. Речиси целосно се расчистени плажите на потегот од село Пештани до хотел Метропол, каде што со помош на механизација отстранети се нелегални градби, платформи, постаменти од бехатон плочки и ѕидови од најразлични градежни материјали. Откриени и отстранети се голем број нелегални одводни цевки и јами од кои се влевале отпадни води директно во Охридското Езеро, појасни градоначалникот Константин Георгиески.

Со цел да се обезбеди навремена подготовка на плажите во пресрет на овогодинешната туристичка сезона, на потегот каде што е извршено чистење на габаритниот градежен шут, по налог на Општина Охрид веќе се ангажирани екипите на јавните претпријатија, кои вршат чистење на ситните остатоци од бетон и градежни материјали, а се врши уредување на постоечкото зеленило. Исто така, на одредени локации од крајбрежјето, во текот на наредниот период ќе бидат засадени нови украсни растенија, нови садници на дрвја и ќе биде посипан афтохтон песок.

Георгиески најави дека во текот на наредниот период активностите за отстранување ќе бидат засилени со помош на механизацијата која со одлука на Владата ќе и биде отстапена на Општина Охрид од страна на ЈП „Македонија Пат“. Откако ќе финализираат активностите за уредување на плажите во потегот на „Лагадин“, населбата „Свети Стефан“ и „Горица 3“ ќе се пристапи кон отстранување на нелегалните објекти и платфомите во делот на месноста „Елешец“.

Исто така во текот на наредниот период ќе се пристапи и кон отстранување на платформите и објектите на плажите во градската зона од каналот „Студенчишта“ кон „Горица 1“ и плажите во делот на населбата „Канео“, кои се опфатени во Генералниот урбанистички план.

– Оваа можност сакам да ја искористам и повторно да потенцирам дека нелегалните градби кои претставуваат опасност за регионот и се во спротивност на режимите на заштита ќе бидат отстранети согласно законските процедури и нема да има никаква селективност во постапките, рече тој.

Георгиески не е изненаден од негодувањето на поранешните концесионери на плажите по однос со решенијата и постапките за отстранување. Сето тоа се должи на фактот што години наназад остварувале противправна корист и огромни приходи, граделе и узурпирале надвор од договорите за концесија на земјиштето. Дел од нив иако имале договори за плажи работеле како ресторани и ноќни клубови и нелегално ги издавале под закуп. Истото тоа продолжиле да го прават и кога договорите за концесија веќе им биле истечени и не плаќале никакви надоместоци за наем и користење на земјиштето.

Градоначалникот на Охрид посочи дека финансиските анализи што ги спровела Општината и информациите што ги добила од останатите надлежни институции покажуваат фрапантни цифри на остварен приход во период кога поранешните концесионери немале активни договори за концесија.

Фирма концесионер на плажа за период од четири години кога немала активен договор за концесија остварила приход од 190 милиони денари. Друга фирма која стопанисувала со плажа исто така без договор за концесија, за истиот период остварила приход од 59 милиони денари, а трета фирма за стопанисување на плажа без договор остварила 14 милиони денари, а прикажала расход само за двајца пријавени работници на месечно ниво.

– Оваа пракса за градење на бизниси на штета на општината, државата и светското природно и културно наследство мора да биде минато. Како што имам кажано и претходно, треба на сите да ни стане јасно дека ваков тип на урбанизација и користење на крајбрежјето во строго заштитените зони повеќе нема да има, рече Георгиески повторувајќи ја посветеноста лично како градоначалник и на Општината за регулирање на состојбата, со забелешка дека освен препораките на УНЕСКО, зад таквите заложби на Локалната самоуправа стојат законот, правото и прописите што задолжително мора да се почитуваат.

loading...

AnimeHeaven Watch anime online, English anime online HD. Watch Fireworks, Should We See It from the Side or the Bottom? Episode Full

WCOStream Watch anime online, English anime online HD. Naruto Shippuden: Konoha Gakuen - Special Episode Full

GoGoAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. D-Frag! Episode 12