Знаеш дека фрлањето крст го следат во живо илјадници верници ширум сите градови и села во земјава.
Знаеш дека за водици фрлањето крст и потоа наградувањето на фаќачот оди во централните вести на сите национални кабловски и локални телевизии, портали и весници.
Значи настанот е следен што во живо што преку медиумите од бзмалку 1 милион граѓани во земјава.
Како да си ја изрекламираш својата фирма пред 1 милион луѓе без притоа да платиш 100 000 евра колку што чини закупот на медиски простор во вестите на сите локални регионални и државни телевизии, сите портали и сите весници плус билборди низ сите градови ако сакаш да те видат 1 милион граѓани во земјата?
Па многу лесно ако се викаш Благој Механџиски и немаш тронка срам и осет. Земаш принташ едно 1000 маици со логото на фирмата, трошок од околу 5 000 евра, купуваш 20-30 најефтини телевизори или машини за прање, трошок од околу 5 000 евра и така за само 10 000е добиваш маркетинг вреден 100 000 евра! Цел божји ден твоето лого го има на сите вести на сите портали на сите весници на насловни страници и во живо пред десетици иљади народ!
Тоа што грубо ја приватизираш и узурпираш верската манифестација нема врска, важно си се снашол и така секоја година по ред, 20 години по ред.
Ова може да му текне само на итрецот Благој Механџиски, му нема рамен во земјава на овој човек за финти и итроштини.
Ако веќе сака да биде хуман, што не отпечати маици на кои ќе пишува МПЦ и ништо повеќе? Зошто си ја рекламира фирмата преку злоупотреба на верата?!?!
Ако е толку хуман нека донира без да закачи лого на фирмата на сите што се фрлаат по крстот, зошто прави пари со помош на верата, како не му е срам?!