МВР Е СТРАВ И ТРЕПЕТ ЗА МАФИЈАТА - ОПЕРАТИВНАТА АКЦИЈА “ХИДРА” НА КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАТВОРИ НАД 300 КРИМИНАЛЦИ
МВР Е СТРАВ И ТРЕПЕТ ЗА МАФИЈАТА - ОПЕРАТИВНАТА АКЦИЈА “ХИДРА” НА КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАТВОРИ НАД 300 КРИМИНАЛЦИ
(ВИДЕО) ПРАШАЊЕ ДО ЦРВЕНКОВСКИ: СИ ИЛИ НЕ СИ СДСМ?!
(ВИДЕО) ПРАШАЊЕ ДО ЦРВЕНКОВСКИ: СИ ИЛИ НЕ СИ СДСМ?!
Потврден притворот за Хашим Тачи- му се заканува доживотен затвор
Потврден притворот за Хашим Тачи- му се заканува доживотен затвор
Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше во активност на проектот „Волонтираме за солидарно општество“
Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше во активност на проектот „Волонтираме за солидарно општество“
Милевски: Преку проектот за прекугранична соработка со Грција обезбедивме ново возило за питка вода во Битола, Новаци и Могила
Милевски: Преку проектот за прекугранична соработка со Грција обезбедивме ново возило за питка вода во Битола, Новаци и Могила
БРАВО - Нина Ангеловска по втор пат избрана за “жена амбасадор за е-трговија” на УНКТАД
БРАВО - Нина Ангеловска по втор пат избрана за “жена амбасадор за е-трговија” на УНКТАД
ВЛАДА: Од Институтот за македонски јазик самите понудија нови толкувања за зборовите што предизвикаа реакција во јавноста соодветно на современиот лингвистички и општествен контекст
ВЛАДА: Од Институтот за македонски јазик самите понудија нови толкувања за зборовите што предизвикаа реакција во јавноста соодветно на современиот лингвистички и општествен контекст
(ВИДЕО) БРАВО - Традиционалната литија во Струга ќе се одвива под посебен протокол
(ВИДЕО) БРАВО - Традиционалната литија во Струга ќе се одвива под посебен протокол

ГЕРОВЦИ СЕ ПРЕТЕРАА СО ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ – ЗНМ и СЕММ: Потребна е поголема одговорност од медиумите при објава на сатирични содржини

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагираат на објавите со измислените изјави поврзани со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, со оценка дека на овој начин јавноста може да се доведе во заблуда и да се шират дезинформации.

Иако станува збор за содржина од сатиричен карактер, медиумите кои во јавноста се препознаваат како професионални не треба да го занемарат фактот дека ваквите содржини лесно можат да бидат прифатени од пошироката јавност како вистинити, особено ако темите се во контекст на актуелни политички случувања.

Станува збор за објавата во неколку медиуми во која се вели дека градоначалникот на Струга Мерко „јадел често и на сила само за да ги помогне угостителите, а за тоа било платено од страна на општината“, при што на крајот од текстот е наведено : „Прочитајте ја целата сатирична вест на порталот „Кооперација““.

Им укажуваме на медиумите доколку користат вакви објави кои имаат сатирична содржина најмалку што можат да направат уредниците е на многу јасен начин, на почетокот на текстот, да истакнат дека станува збор за измислена содржина. Притоа треба да се свесни за можноста од дезинформирање на граѓаните, особено имајќи предвид дека читателот неретко се задржува на насловот и кратко поминува низ содржината на објавата.

Во услови кога ширењето дезинформации е сериозен проблем, несоодветното и неодговорното користење сатирични содржини, кое привлекува големо внимание и на социјалните мрежи, во јавноста може да се толкува како тенденциозен обид за злоупотреба на медиумот, правејќи штета на угледот не само врз конкретна индивидуа, туку и на општествените процеси.

loading...

AniWatch anime online: Boku no Hero Academia 5th Season (https://aniwatch.pro/m/aWQ8) Episode 3

AnimeFreak anime freak one piece: Watch The Hidden Dungeon Only I Can Enter Episode 12