Шолц: Нема враќање на состојбата од пред рускиот напад врз Украина
Шолц: Нема враќање на состојбата од пред рускиот напад врз Украина
РУСКАТА ВОЈСКА СЕЕ СМРТ ВО УКРАИНА: Најмалку 10 лица загина при руски напад врз трговски центар во Кременчук
РУСКАТА ВОЈСКА СЕЕ СМРТ ВО УКРАИНА: Најмалку 10 лица загина при руски напад врз трговски центар во Кременчук
Николовски од Долнени: Земјоделците редовно и неселективно ги добиваат своите субвенции – Се покажа дека партиските блокади се на штета на секој земјоделец
Николовски од Долнени: Земјоделците редовно и неселективно ги добиваат своите субвенции – Се покажа дека партиските блокади се на штета на секој земјоделец
Алијанса за Албанците: Насилство и вандализам на координаторот на ДУИ
Алијанса за Албанците: Насилство и вандализам на координаторот на ДУИ
Зошто медиумите му дозволуваат на Никола Димитров да се одмаздува на СДСМ и ДУИ за тоа што не стана министер со тоа што ќе шири паника и национализам и ќе ги поткопува преговорите со Бугарија?!
Зошто медиумите му дозволуваат на Никола Димитров да се одмаздува на СДСМ и ДУИ за тоа што не стана министер со тоа што ќе шири паника и национализам и ќе ги поткопува преговорите со Бугарија?!
БОМБА НА ОСМАНИ: Димитров потпиша протокол во кој прифаќаме бугарско гледиште кон Илинденското востание, со замнувањето од МНР Димитров си го зел документот со себе!
БОМБА НА ОСМАНИ: Димитров потпиша протокол во кој прифаќаме бугарско гледиште кон Илинденското востание, со замнувањето од МНР Димитров си го зел документот со себе!
Тамара Јованов: Шминкање до непрепознатливост, за потоа на крајот на денот да ја тргнеш шминката и пак да бидеш таа/тој што не се сака и прифаќа себеси
Тамара Јованов: Шминкање до непрепознатливост, за потоа на крајот на денот да ја тргнеш шминката и пак да бидеш таа/тој што не се сака и прифаќа себеси
МОНТАЖЕР НА ТВ КЛАН СЕ ЖАЛИ ДЕКА МУ ПРАВЕЛЕ МОБИНГ ВО ТЕЛЕВИЗИЈАТА И ДЕКА ДОБИЛ НЕЗАКОНСКИ ОТКАЗ
МОНТАЖЕР НА ТВ КЛАН СЕ ЖАЛИ ДЕКА МУ ПРАВЕЛЕ МОБИНГ ВО ТЕЛЕВИЗИЈАТА И ДЕКА ДОБИЛ НЕЗАКОНСКИ ОТКАЗ

Гласачите на СДСМ имаат нова шанса за рационален избор

Не мислам дека ВМРО-ДПМНЕ е злото во Македонија, но факт е дека него денес го водат истите актери што беа на власт 11 години, и учесници во насилствата од 27 април, кога со силa не сакаа да дозволат мирна промена на власта. И оттука треба да се потсетиме на мислата на Едмун Бурк, според која: „Единственото нешто што е неопходно за триумф на злото е добрите луѓе да не прават ништо“.

Пишува Ѓорѓи СПАСОВ

Во првиот круг на локалните избори се случи да имаме најниска излезност на граѓаните на избор и од независноста до денес. Излегоа само 51,5 отсто од запишаните над 1 милиони и 800 илјади гласачи во избирачкиот список, а двете најголеми политички партии добија значително помал број гласови за советничките листи од гласовите што ги добија само пред една година на парламентарните.

Кај СДСМ недостасуваат стотина илјада гласови од оние што гласале за неговите листи во 2020 година. Тогаш за листите на СДСМ гласале 327 илјади граѓани, а сега за советничките листи 228 илјади граѓани.

За ВМРО-ДПМНЕ, која по првиот круг прогласи „голема победа“, овојпат гласале 270 илјади граѓани, а неговите листи за пратеници во 2020 година добија 315 илјади гласови или 45 илјади негови поддржувачи од само пред една година овојпат не гласале за неговите листи за советници.

ГНЕВНОТО ГЛАСАЧКО ТЕЛО

Секако дека не е исто значењето, ниту мотивацијата на граѓаните на парламентарните и на локалните избори, а не беа исти ниту коалициите од 2020 година. Но, факт е дека двете партии не се наградени, туку се казнети од своите гласачи со неизлегување на изборите или со поништување на гласачките ливчиња, бидејќи, за разлика од парламентарните, кога имало само 30 илјади неважечки ливчиња, на овие имало дури 60 илјади.

Гневното гласачко тело на СДСМ покажало поголема „ревност“ во казнувањето на својата партија, а гласачкото тело на Мицкоски, не само што не се зголемило, туку и значително се намалило врз основа на неговите „успешни блокади и политики“.

Дали вакви нешта се случуваат и во други земји и зошто?

Најсвеж пример се парламентарните избори во Хрватска од 2016 година.

Анализата на изборните резултати на партиите таму покажале дека поради неуспехот на сите политички партии по изборите во 2015 година да формираат стабилна влада, дошло до големо разочарување на избирачкото тело.

За разлика од изборите во 2015 г., кога излезноста на изборите била 61 отсто од запишаните во избирачкиот список, на тие избори во 2016 година, во Хрватска излегле само 52 отсто од запишаните во избирачкиот список или речиси 300 илјади помалку од тие што гласале на претходните избори. Во период од само една година, коалицијата на ХДЗ изгубила 50 илјади гласови, а коалицијата на СПД изгубила 150 илјади гласови.

ЛЕВИЦАТА ИМА РАЗГАЛЕНО ГЛАСАЧКО ТЕЛО

Клучниот фактор за оваа промена беше констатирано од некои аналитичари е фактот што десницата има дисциплинирано, а левицата разгалено гласачко тело.

Десницата, велат тие, знае да го дисциплинира своето гласачко тело според принципот „или си со нас, или си против нас“. Таа во своите кампањи игра на реториката на стравот од победа на другите, ја прави политичката слика црно -бела и им става до знаење на своите поддржувачи дека гласањето, дисциплината и поддршката на партијата се должност, па дури и нешто како патриотски чин.

Во гласачкото тело на левицата има преголем број лица што постојано говорат дека „немаат за кого да гласаат“. Тие луѓе, вели аналитичарот Далибор Добриќ, не се аполитични, туку сметаат дека со тоа што не излегле на избори, испратиле политичка порака. Тие се разочарани ако по едно, две или пет прашања, нивните политички кандидати имаат поинакво мислење или не постапиле така како што тие очекувале од нив.

И тие не сфаќаат како функционира политичкиот систем, вели Добриќ, бидејќи инсистирањето на целосно поклопување со вашите ставови значи дека вие би гласале само за себе, а не и за партијата што 70 или 80 отсто од она за што и вие се залагате го проповеда и се бори да го реализира преку учеството на избори.

Тој вид гласачи, наместо својот активизам на Фејсбук да го насочат кон остварување на програмата на партијата што ја поддржуваат, го користат Фејсбукот за идеолошки расправии и пресметки.

ГЛАСАЧИТЕ НА ДЕСНИЦАТА СЕ ДИСЦИПЛИНИРАНИ

Избирачите на левицата многу повеќе размислуваат зошто на некој кандидат би му го дале својот глас. И тие, за разлика од гласачите на десницата, кои постапуваат дисциплинирано, многу почесто од нив се подготвени со своето гласање да ги казнат кандидатите од својата партија што ги разочарале.

Иако многупати не излегувале на гласање, вели аналитичарката Силвија Шепаровиќ, дел од овие гласачи на левицата не се задоволни од тоа што политиката не успева да ги решава прашањата што требало да бидат решени, па се во потрага по некоја трета алтернатива.

Тие се од онаа категорија луѓе, кои на изборите не гледаат како на битка во која треба дисциплинирано да се постапи, туку се уверени дека нивниот глас мора многу повеќе да се почитува, до последен момент поставуваат прашања и прават проценки, а голем број од нив ќе решат и да не излезат на избори.

Еве, токму нешто од ова му се случи на СПД на повторените избори во Хрватска.

Но, за разлика од парламентарните, кога нема поправен испит, дел од поддржувачите на СДСМ што не излегоа во првиот круг, имаат можност за поправен во некои места пред вториот круг.

Тие веројатно сфаќаат дека едно е да го казниш и опомениш СДСМ, а сосема друго со своето неизлегување на избори реално да ги поддржиш кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за кои тие никогаш не би гласале.

ГНЕВОТ ДА НЕ ГО ЗАМАТИ УМОТ

Ако гласачите на СДСМ се однесуваат рационално и ако според нив било рационално да му се прати порака на лидерството на СДСМ со неизлегување во првиот изборен круг и недавање поддршка на листите за советници, за нив би требало да биде уште порационално да излезат на вториот изборен круг и да ги поддржат кандидатите за градоначалник на СДСМ.

Со тоа не би дозволиле да се однесуваат „во корист на своја штета“ и да заборават на сѐ против што се бореле до само пред една година. Рационалноста на ова гласачко тело веројатно му говори дека е добро за демократијата во вториот круг гласовите да се дадат за кандидатите на СДСМ, со што на локално ниво ќе се воспостави политичка рамнотежа и поголем степен на заемна контрола меѓу власта и опозицијата.

Јас лично сум убеден дека оваа шанса за второ рационално расудување и однесување нема да ја пропуштат. Гневот не смее да го замати умот. И потребен е да излезат и да гласаат за кандидати за градоначалници на СДСМ. Тоа е единствениот рационален избор поради кој нема да се покајат по изборите.

Не мислам дека ВМРО-ДПМНЕ е злото во Македонија, но факт е дека него денес го водат истите актери што беа на власт 11 година во земјава и учесници во насилствата од 27 април 2017 г. кога со силa не сакаа да дозволат мирна промена на власта. И оттука треба да се потсетиме на мислата на Едмун Бурк, според која: „Единственото нешто што е неопходно за триумф на злото е добрите луѓе да не прават ништо“.

loading...

hack tài xỉu go88

https://tai.sunwin.gg/