Горан Пандев е во отворена војна со шефот на ФФМ, Мухамед Сејдини, војна која трае неколку години и во која Пандев не штеди зборови, го нарекува криминалец и гробар на македонскиот фудбал. Сејдини важи за близок на ДУИ и на министерот Османи и на вице премиерот Груби, затоа Пандев им е лут на ДУИ мисли дека тие го држат на чело на ФФМ.
Затоа беше вчерашната критика од Пандев кон Османи која медиумите ја пренесоа денеска во која Пандев го нарече Османи смешен што им дал дипломарски пасош на фудбалерите по победата над Италија и му порача да не ја меша политиката во фудбалот.
Но оваа критика на Пандев не е фер, ако владата не им дадеше поддршка на фудвалерите ќе беше масакрирана од јавноста, тоа ќе беше политичко самоубиство за владата во овие моменти, критиката на Пандев е нефер, Османи е колатерална жртва на битката меѓу Пандев и Сејдини.