Изразувам благодарност на Доброволната противпожарна бригада Стари трг об Колпи, со седиште во Општина Чрномељ, Република Словенија и градоначалникот на Општина Чрномељ, Андреј Кавсек, за донацијата на противпожарно возило кое е со комплетна опрема што значително ќе придонесе во опременоста и надградбата на капацитетите на делчевските пожарникари.
Со нашите пријатели од Словенија и колегата Кавсек разговаравме за идната соработка меѓу Делчево и Чрномељ, за искористување на фондовите од ЕУ, како и соработката на културно поле. Воедно, се договоривме и за обуки на делчевските пожарникари кои ќе придонесат за стручна надградба на капацитетите на пожарникарите. 🇲🇰🇸🇮