ГРАД СКОПЈЕ: Целосно реконструирани вело патеки и формиран нов зелен појас од над 16.000 квадратни метри на булеварот Видое Смилевски Бато и булеварот Србија

Во текот на изминатиот период екипите на ЈП Паркови и зеленило по налог на Град Скопје интензивно работеа и хортикултурно ја уредија јавната површина – зелен коридор, на потегот на аголот помеѓу улицата Февруарски поход со булевар Видое Смилевски Бато до булевар Србија.

Површината од 3.635 квадратни метри претставува нов зелен коридор помеѓу коловозната лента и вело патеката, а 12.517 квадратни метри припаѓаат на широкиот појас до патеките што целосно се реконструирани и асфалтирани.

Реализацијата на овој потег опфати неколку последователни етапи со што се добива зелена реконструирана и хортикултурно уредена површина од над 16.000 квадратни метри.
На целата површина поставен е нов систем за наводнување, засадена вегетација и формирани се нови тревници.

Новото зеленило го сочинуваат листопадни и зимзелени садници. Изборот на видовите е направен за да се добие естетски и функционално уредена површина, која ќе ги задоволи потребите на пешаците, велосипедистите и на учесниците во сообраќајот на овие фреквентни булевари.

sunwin club

tải sunwin

game bài sunwin sunwin.apk mới nhất tải sunwin

tải sunwin tải sunwin sunwin.apk mới nhất

tải sunwin