БРАВО - ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Аквадуктот во Скопје доби највисок степен на заштита на културно наследство
БРАВО - ВЛАДАТА ОДЛУЧИ: Аквадуктот во Скопје доби највисок степен на заштита на културно наследство
БРАВО ОВА Е ИСТОРИСКА ИНВЕСТИЦИЈА - ДЕНЕСКА СЕ СТАВИ ПОТПИС НА ЗАЕМОТ ОД 70 МИЛИОНИ ЕВРА - Од Ѓорче до Ново Лисиче за 35 минути – во Скопје ќе почне изградбата на нов, брз и одржлив јавен транспорт
БРАВО ОВА Е ИСТОРИСКА ИНВЕСТИЦИЈА - ДЕНЕСКА СЕ СТАВИ ПОТПИС НА ЗАЕМОТ ОД 70 МИЛИОНИ ЕВРА - Од Ѓорче до Ново Лисиче за 35 минути – во Скопје ќе почне изградбата на нов, брз и одржлив јавен транспорт
НИКОЛОВСКИ: Да се биде дел од СДСМ е да се биде дел од големо, сплотено социјалдемократско семејство посветено на нашата татковината, посветено на подобра иднина за сите
НИКОЛОВСКИ: Да се биде дел од СДСМ е да се биде дел од големо, сплотено социјалдемократско семејство посветено на нашата татковината, посветено на подобра иднина за сите
ОРДАНОВСКИ: По обичај, нè очекуваат неколку недели на пост-фестум лелекање на ВМРОНИТЕ и ЛЕВИЦА заради нивниот неуспешен обид за блокирање на пресудната државна помош, со предвидлив политички резултат: на регистарот на обвинувања за власта, покрај целиот дијапазон квалификативи за неспособност и криминализираност, сега и официјално е додаден тероризмот. Тоа значи дека Алан Форд од Левица, конечно, им го испил мозокот. Следната фаза е „По шумама и горама“!

Стејт департмент: Русија е агресор во Украина
Стејт департмент: Русија е агресор во Украина
ВО ВТОРНИК ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ЧИСТЕЊЕ ОЏАЦИ – АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАЈН
ВО ВТОРНИК ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ЧИСТЕЊЕ ОЏАЦИ – АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАЈН
ОД 27 АПРИЛ ДО 15 МАЈ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ДА БИДЕ ОД 21 ЧАСОТ, И ДА РАБОТАТ ЛЕТНИТЕ ТЕРАСИ НА КАФЕАНИТЕ И КАФУЛИЊАТА, ПРЕДЛАГА ГЛАВНИОТ КРИЗЕН ШТАБ
ОД 27 АПРИЛ ДО 15 МАЈ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ДА БИДЕ ОД 21 ЧАСОТ, И ДА РАБОТАТ ЛЕТНИТЕ ТЕРАСИ НА КАФЕАНИТЕ И КАФУЛИЊАТА, ПРЕДЛАГА ГЛАВНИОТ КРИЗЕН ШТАБ
АЈДЕ УШТЕ МАЛЦЕ ДА ИЗДРЖИМЕ СИТЕ: Грција се отвора за странци на 14 мај
АЈДЕ УШТЕ МАЛЦЕ ДА ИЗДРЖИМЕ СИТЕ: Грција се отвора за странци на 14 мај

ГРАД СКОПЈЕ ДОБИ ПОДДРШКА ЗА ИМЕНУВАЊЕТО УЛИЦИ СО ИМИЊАТА НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ И СЛАВКО ЈАНЕВСКИ

Градот Скопје доби поддршка за именувањето две улици во централното градско подрачје со имињата на великаните Блаже Конески и Славко Јаневски, од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и од Фондацијата „Славко Јаневски“.

„Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ го изразува своето задоволство од одлуката на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името токму на Блаже Конески, кодификаторот на современиот македонски јазик, меѓународно ценет лингвист, визионер, мислител, поет и препејувач од светски ранг. Конески ги препозна нијансите на словенската, но и на македонската (со сите свои специфики) народна култура, традиција, наука и реторика. Блаже Конески е најголемиот корифеј на македонската култура со светско реноме и еден од втемелувачите на современиот македонски идентитет. Во Годината на Конески срдечно ја поздравуваме одлуката на Град Скопје, заедно со името на Крсте Мисирков, името на Блаже Конески да го носи улица од централното градско подрачје. Ова е порака до граѓаните на Скопје со која Блаже Конески останува наша инспирација и гордост“, се вели во писмото од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

И Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ преку писмо го изрази своето задоволство од одлуката на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името токму на Славко Јаневски, еден од најголемите корифеи на македонската култура и еден од втемелувачите на современиот македонски идентитет.

„Името на Славко Јаневски последните десетина години беше во континуитет изложувано на политичка дефамација, со тенденција авторот на првиот македонски роман, наместо да влезе како бележит симбол на македонската колективна меморија, тој да помине во колективен заборав. Во таа смисла, ја поздравуваме и поддржуваме оваа одлука на актуелната владеачка гарнитура на Град Скопје, сметајќи ја за мал, но вистински чекор за зачувување на ликот и делото на овој великан. Затоа го охрабруваме Град Скопје, но и другите одговорни фактори да продолжат во оваа насока за негување на сопствените цивилизациски дострели. Истовремено, Фондацијата изразува подготвеност, во зависност од потребите и во зависност од сопствените капацитети, да помогне во реализацијата на овие процеси“, велат од Фондацијата.

loading...