Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци

Фото: Gabin Vallet on Unsplash
Град Скопје објави јавен оглас за стипендирање на спортисти – средношколци кои се жители на Скопје и учат во средните училишта на подрачјето градот. Од градот велат дека целта е да се зголеми мотивираноста кај младите спортисти – средношколци да спортуваат.

Стипендиите, како што соопштија градските власти, ќе се доделуваат врз основа на условите и критериумите утврдени со Правилникот за доделување стипендии на спортисти – средношколци ученици во средните училишта на подрачјето на град Скопје.

Според условите, средношколците треба да се државјани на Република Северна Македонија, да се со место на живеење во една од скопските општини (Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари), да се ученици во некое од скопските средни училишта, да се активни членови во некој спортските клубови од Скопје и да имаат високи спортски достигнувања во екипни и индивидуални спортови во последните две години.

Критериумите ќе обезбедат 50 од вкупно 100 бодови, а останатите бодови ќе ги дава Комисија која ја формира градоначалничката.

Стипендијата изнесува 24.000 денари за целата 2022 година.

Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на пополнета посебна пријава што може да се подигне во архивата на Градот Скопје (барака 16) или да се преземе од официјалната веб страница на Град Скопје www.skopje.gov.mk

Покрај пријавата треба да се достават и следните документи:

копија од извод од матична книга на родени на апликантот;
потврда од средното училиште каде апликантот е редовен или вонреден ученик во учебната 2021/2022 година;
копија од свидетелството за завршена учебна 2020/2021 година;
потврда од клубот дека е член на истиот;
потврда од матичната национална федерација дека е член репрезентативец во својата генерација;
апликантите да достават потврда од матичната национална федерација за постигнатите спортски резултати од 01.01.2021 година, сé до завршување на Јавниот повик во 2022 година.

Јавниот повик трае 11 календарски дена, од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање и на веб страната на Град Скопје.

Јавниот повик се објавува на 07.06.2022 година и трае до 17.06.2022 година.

sunwin

tải sunwin

tải sunwin

tải sunwin

tải sunwin