РУСИТЕ ТОТАЛНО ОДЛЕПИЛЕ: БАРААТ НАТО ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД БУГАРИЈА И РОМАНИЈА, ИТНА СЕДНИЦА НА БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, ШПАНИЈА ПОНУДИ ДА ПРАТИ АВИОНИ ВО БУГАРИЈА
РУСИТЕ ТОТАЛНО ОДЛЕПИЛЕ: БАРААТ НАТО ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД БУГАРИЈА И РОМАНИЈА, ИТНА СЕДНИЦА НА БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, ШПАНИЈА ПОНУДИ ДА ПРАТИ АВИОНИ ВО БУГАРИЈА
(ВИДЕО) БРАВО - Ковачевски - Азески: Комората ќе ја повлече иницијативата пред Уставниот суд, ќе се најдат решенија за предизвиците околу недела неработен ден - се засилува дијалогот меѓу Владата и деловната заедница во интерес на економскиот раст

ВО ПОНЕДЕЛНИК ЗАПОЧНУВА ВТОРАТА ЗИМСКА ШКОЛА НА МСМЈЛК ПРИ УКИМ – НАЈАВЕНО УЧЕСТВО НА НАД 40 СТРАНСКИ МАКЕДОНИСТИ И СЛАВИСТИ ОД СЕДУМНАЕСЕТ ЗЕМЈИ
ВО ПОНЕДЕЛНИК ЗАПОЧНУВА ВТОРАТА ЗИМСКА ШКОЛА НА МСМЈЛК ПРИ УКИМ – НАЈАВЕНО УЧЕСТВО НА НАД 40 СТРАНСКИ МАКЕДОНИСТИ И СЛАВИСТИ ОД СЕДУМНАЕСЕТ ЗЕМЈИ
Папа Франциск: Продолжуваме со својата посветеност да обезбедиме правда за жртвите злоставувани од нашите членови
Папа Франциск: Продолжуваме со својата посветеност да обезбедиме правда за жртвите злоставувани од нашите членови
ВО КАВАДАРЦИ СЕ РАБОТИ: Во тек е изградбата на фекална и атмосферска канализација, како и водоводна мрежа на ул. Ѓорѓи Соколов во должина од 500 метри
ВО КАВАДАРЦИ СЕ РАБОТИ: Во тек е изградбата на фекална и атмосферска канализација, како и водоводна мрежа на ул. Ѓорѓи Соколов во должина од 500 метри
ОЈО нареди вештачење на примероци од крв и урина на возачот што синоќа ја усмрти 24-годишната девојка кај „Сити мол“
ОЈО нареди вештачење на примероци од крв и урина на возачот што синоќа ја усмрти 24-годишната девојка кај „Сити мол“
ВИСОКО-ТЕХНОЛОШКИ ПОГОН НА СИТЕ 4 ТРКАЛА КАЈ OPEL GRANDLAND HYBRID4, OPEL INSIGNIA И OPEL INSIGNIA GSI
ВИСОКО-ТЕХНОЛОШКИ ПОГОН НА СИТЕ 4 ТРКАЛА КАЈ OPEL GRANDLAND HYBRID4, OPEL INSIGNIA И OPEL INSIGNIA GSI
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НЕУСПЕШЕН ОБИД НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПОЛИТИЧКА ДИСКРЕДИТАЦИЈА
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: НЕУСПЕШЕН ОБИД НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПОЛИТИЧКА ДИСКРЕДИТАЦИЈА

ГРАД СКОПЈЕ: НА 193 ПРИЈАВЕТЕ ОГАН НА ОТВОРЕНО, ПРОДОЛЖУВА БОРБАТА ПРОТИВ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО

На почетокот на есента и речиси еден месец пред почетокот на грејната сезона Градот Скопје ја продолжува кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193. Оваа кампања која игра сериозна улога во намалувањето на аерозагадувањето во Скопје се спроведува четврта година по ред и дава одлични резултати.

– Знаеме дека палењето огнови на отворено најчесто е последица на несовесноста на одредени граѓани, но тоа често е и единствен начин за затоплување во студените зимски денови на нашите сограѓани кои немаат соодветно сместување. Она што претставува дополнителен проблем е што во ваквите случаи овие луѓе најчесто горат пластика, гуми, неквалитетни дрва и друго кои многу придонесуваат за загадување на воздухот. Четврта година по ред одговорно му пристапуваме на овој проблем. Подаваме рака на сите сограѓани. Сите заедно можеме да го спречиме палењето огнови на отворено, а со тоа да го намалиме загадувањето на воздухот. Но, истовремено водиме грижа и да им помогнеме на оние на кои помошта им е најпотребна. Град Скопје преку сопствениот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, во борбата против огновите на отворено – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.

Само во текот на оваа година на телефонскиот број 193 досега се пријавени 49 огнови на отворено. Минатата 2019 година биле пријавени 162 огнови на отворено, во 2018 година – 251, а во 2017 година кога почна оваа кампања, за неполн месец биле пријавени 54 огнови на отворено.

– Од тие причини уште еднаш ги повикуваме граѓаните активно да се вклучат во борбата против загадувањето на воздухот и сите случаи на палење огнови на отворено да ги пријават во кол-центарот, на телефонскиот број 193. Тука сакам да нагласам дека телефонското пријавување преку 193 е најбрзиот и најефикасниот начин на пријавување. Тоа е бројот на противпожарната единица која е единствената служба која има брз и проверен систем за реакција и ги покренува сите потребни служби со цел мешаните тимови навреме да излезат на терен. Дежурните екипи ќе ги процесираат сите пријави, односно огновите ќе бидат изгаснати, а нашите сограѓани кои ги палат огновите заради затоплување ќе бидат упатени во еден од згрижувачките центри. Затоа, наместо објавување на Фејсбук или на другите социјални мрежи ги повикувам граѓаните да пријавуваат исклучиво на 193. Природата на оваа работа е таква што тимовите можат да работат ефикасно само доколку се реагира брзо на единствениот проверен начин, а тоа е телефонскиот повик на 193. Се друго е непотребно губење време – нагласи Шилегов.

Оваа кампања, заедно со кампањата за спречување на палењето стрништа, односно остатоците од берба и субвенциите за чистење на оџаците во домаќинствата се едни од најважните кампањи на Градот Скопје за подигање на свеста во борбата против аерозагадувањето.

На денешната прес-конференција присуствуваше и командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

loading...

4anime. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

english anime JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub)

watch animes Fairy Tail

watch subbed anime Attack on Titan Season 3 Part 2

english dubbed anime My Hero Academia (Dub)

4Anime Pokémon Journeys: The Series