Рокот за аплицирање на Јавниот повик за доделување стипендии на средношколци со попречености, ученици во средните училишта на Град Скопје за учебната 2020/2021 година е продолжен и ќе трае заклучно со 08.10.2020 година.
Со овој јавен повик ќе се доделат стипендии за 25 ученици со попреченост од средните училишта на Град Скопје, кои во текот на 9 месеци ќе добиваат стипендии од по 3.000 денари.
Градот Скопје за да го подигне квалитетот на образованието на учениците со попреченост и оваа година ќе додели стипендии за овие ученици од прва до четврта година.
Јавниот повик и сите материјали и формулари за аплицирање се достапни на следниот линк – https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/