Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза
Парното греење во Скопје ќе го преземе државата, кажа премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратенички прашања во Собранието
Парното греење во Скопје ќе го преземе државата, кажа премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратенички прашања во Собранието
Мираковска: ЕП дава јасна поддршка на земјава за евроинтеграцијата – во донесениот документ внесени македонските црвени линии
Мираковска: ЕП дава јасна поддршка на земјава за евроинтеграцијата – во донесениот документ внесени македонските црвени линии
Ковачевски: Не треба да има предвремени избори, Владата се грижи за националните интереси и за достоинството на граѓаните
Ковачевски: Не треба да има предвремени избори, Владата се грижи за националните интереси и за достоинството на граѓаните
Јовева: Европскиот парламент дава целосна поддршка за почеток на преговорите
Јовева: Европскиот парламент дава целосна поддршка за почеток на преговорите

Град Скопје распиша јавен повик за изразување на интерес за посетување на бесплатна настава и обука за оџачари

Градот Скопје спроведува проект “Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопјe”, кој е финансиран од Министерство за економска соработка и развој од Сојузна Република Германија и истиот се реализира во соработка со збратимениот град Нирнберг од Сојузна Република Германија.

Проектот има за цел да обезбеди контрола на загадувањето на воздухот во Скопје на начин на кој ќе обезбеди услови за одржување на бесплатна настава и обука за возобновување на професијата оџачар преку размена на искуства со оџачари од Сојузна Република Германија.

За таа цел, Град Скопје објави јавен повик за изразување на интерес за посетување на бесплатна настава и обука за оџачари.

Заинтересираните лица треба да имаат завршено најмалку средно образование, а истите можат да аплицираат со доставување на писмо за интерес, во кое задолжително ќе наведат: Име и презиме, датум на раѓање, адреса на живеење, контакт-телефон и адреса на електронска пошта.

Писмото на интерес можат да го достават по пат на е-пошта на следната адреса – [email protected], или во печатена верзија (лично преку архива или по пошта) до Град Скопје, бул. Илинден бр. 82, 1000 Скопје, со назнака: За посетување на бесплатна настава и обука за оџачар во рамки на проектот „Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопје“.

Краен рок за доставување на писма за интерес е 15.05.2022 до 15.00 часот.

Јавниот повик со сите критериуми и услови за аплицирање е доставен на следната интернет врска – https://skopje.gov.mk/media/8458/javen-povik-obuka-odzacari.pdf

Со почит, Град Скопје

loading...

go88 game bài đại gia play go88 đăng nhập go88 bịp

lấy lại tài khoản sunwin nhóm zalo sunwin sunwin ơ việt nam