(ВИДЕО) Спасовски на увид на градежните активности на патот Куманово – Страцин: Првпат се вложува по 50 години
(ВИДЕО) Спасовски на увид на градежните активности на патот Куманово – Страцин: Првпат се вложува по 50 години
АТАНАС КОСТОВСКИ - ВИСТИНАТА ЗА ФК ВАРДАР: На денешен ден пред 10 години… Три судски рочишта во ист ден кои ја решија судбината на Вардар!?
АТАНАС КОСТОВСКИ - ВИСТИНАТА ЗА ФК ВАРДАР: На денешен ден пред 10 години… Три судски рочишта во ист ден кои ја решија судбината на Вардар!?
НИКОЈ НИШТО НЕ КРИЕ: Османи реферираше пред пратениците за преговорите со Бугарија, за опозицијата тоа е задоцнето
НИКОЈ НИШТО НЕ КРИЕ: Османи реферираше пред пратениците за преговорите со Бугарија, за опозицијата тоа е задоцнето
СРБИЈА НИ ПОМОГНА КОГА БЕШЕ НАЈТЕШКО - ОКОЛУ 30.000 МАКЕДОНСКИ ОСИГУРЕНИЦИ СЕ ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИ ВО СРБИЈА, АМА НЕ СЕ ЗНАЕ ТОЧНО ОТИ СИСТЕМОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ УШТЕ НЕ Е ГОТОВ
СРБИЈА НИ ПОМОГНА КОГА БЕШЕ НАЈТЕШКО - ОКОЛУ 30.000 МАКЕДОНСКИ ОСИГУРЕНИЦИ СЕ ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИ ВО СРБИЈА, АМА НЕ СЕ ЗНАЕ ТОЧНО ОТИ СИСТЕМОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ УШТЕ НЕ Е ГОТОВ
ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Во тек е асфалтирање и проширување на паркингот кај Клиниката за стоматологија. По повеќе од 50 години, заедно со Градот Скопје, градоначалникот Петре Шилегов, во целост ја реконструиравме инфраструктурата во клиничкиот кампус ,,Мајка Тереза"

Се преврте турски автобус во Куманово, трoјца повредени
Се преврте турски автобус во Куманово, трoјца повредени
ОВА НЕ Е НОВИОТ СПЕЈС ШАТЛ, ОВА Е НОВИОТ СУВ ОПЕЛ МОККА!
ОВА НЕ Е НОВИОТ СПЕЈС ШАТЛ, ОВА Е НОВИОТ СУВ ОПЕЛ МОККА!
(ВИДЕО) ЏО БАЈДЕН НАВРЕДИ НОВИНАРКА ВО ЖЕНЕВА, И РЕЧЕ ДЕКА НЕМА ПОИМ ОД ПОЛИТИКА, ПОТОА И СЕ ИЗВИНИ
(ВИДЕО) ЏО БАЈДЕН НАВРЕДИ НОВИНАРКА ВО ЖЕНЕВА, И РЕЧЕ ДЕКА НЕМА ПОИМ ОД ПОЛИТИКА, ПОТОА И СЕ ИЗВИНИ

Град Скопје: Во тек е јавниот повик за доделување субвенции за чистење оџаци

Град Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот.

Со оваа мерка Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а за субвенции можат да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје. Изминатите години субвенцијата беше во износ најмногу до 1.000 денари, информираат од Градот.

-Субвенциите важат и за исчистени оџаци од 1 јануари 2020 година, a Јавниот повик трае заклучно со 30 ноември 2020 година, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до реализирање на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2020 година, велат градските власти.

Оваа година Град Скопје има предвидено два милиони денари за оваа мерка, или вкупно средства за доделување на околу 1660 субвенции.

Од Градот објаснуваат дека целта на овој проект е намалување на загаденоста на амбиентниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5).

-Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред сè, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците, велат од Град Скопје.

Оттаму потенцираат дека опасноста од запуштени и неисчистени оџаци е голема.

-Не само што загадувањето и емисијата на ПМ 10 честички е голема, туку се загрозува и безбедноста на корисниците ако не се спроведува редовно чистењето. Препорачливо е оџаците да се чистат трипати годишно, двапати во текот на грејната сезона и еднаш кога е таа завршена, истакнуваат градските власти.

За потсетување, Град Скопје оваа мерка ја реализираше и во 2018 и 2019 година, кога беа доделени вкупно 634 субвенции.

Повеќе информации за јавниот повик можете да добиете на следната интернет врска – https://skopje.gov.mk/media/4997/javen-povik-cistenje-odzaci-2020.pdf.

loading...

AnimeFreak attack on titan animefreak: Watch High-Rise Invasion Episode 6

AnimeTV watch animes: The Misfit of Demon King Academy (Dub) Episode 13