По барање на околните жители, порталниот семафор на булеварот Борис Трајковски на новиот пешачки премин меѓу Усје и поранешна Стаклара, во близина на Усјански канал, е пуштен во функција со тастер за пешаци.
На овој семафор е поставен тастер со кој пешаците ќе можат да го активираат вклучувањето на зеленото светло и со тоа побезбедно да го поминат пешачкиот премин.🟢
🚦Порталниот семафор и новиот пешачки премин на оваа локација беа поставени поради зголемување на безбедноста во сообраќајот во овој дел од градот.