ШОКАНТНО: ГРАД СКОПЈЕ СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ ПРЕДЛАГА КРАТЕЊЕ НА ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК И БУЛЕВАРИТЕ ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА?!
ШОКАНТНО: ГРАД СКОПЈЕ СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ ПРЕДЛАГА КРАТЕЊЕ НА ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК И БУЛЕВАРИТЕ ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА?!
РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА 140 ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ, МЕЃУ НИВ 43 СЕ ОД БОРЦИТЕ ОД АЗОВСТАЛ
РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА 140 ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ, МЕЃУ НИВ 43 СЕ ОД БОРЦИТЕ ОД АЗОВСТАЛ
Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид: Безбедноста на регионот е геополитички императив на Алијансата
Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид: Безбедноста на регионот е геополитички императив на Алијансата
Сме имале повеќе вакви акции, ама одзивот на кавадарчани да спасат нечиј живот е нешто невидено, кажа доктор Петличковски
Сме имале повеќе вакви акции, ама одзивот на кавадарчани да спасат нечиј живот е нешто невидено, кажа доктор Петличковски
БОМБА НА БЕКТЕШИ: БИЗНИСМЕНИ МИЛИОНЕРИ СО ПОВЛАСТЕНА СТРУЈА ГРЕАТ ЦЕЛИ БАЗЕНИ И КОПААТ КРИПТОВАЛУТИ!
БОМБА НА БЕКТЕШИ: БИЗНИСМЕНИ МИЛИОНЕРИ СО ПОВЛАСТЕНА СТРУЈА ГРЕАТ ЦЕЛИ БАЗЕНИ И КОПААТ КРИПТОВАЛУТИ!
Пратеничката Снежана Калевска – Ванчева за ,,Фокус” открива кој пратеник ја снимал во деколте
Пратеничката Снежана Калевска – Ванчева за ,,Фокус” открива кој пратеник ја снимал во деколте
Ковачевски до Милошоски: Ако сакате јавна расправа со поранешни премиери, треба да дојдат сите премиери, ама Груевски ви е во странство
Ковачевски до Милошоски: Ако сакате јавна расправа со поранешни премиери, треба да дојдат сите премиери, ама Груевски ви е во странство
Тупанчески: Ветингот на судии може да биде направен и со постојните законски решенија
Тупанчески: Ветингот на судии може да биде направен и со постојните законски решенија

Градоначалникот Богдановиќ подели топли оброци и пакети на социјално ранливите семејства од Маџир Маало и Крњево

Денес, на Велики петок, во очи на големиот христијански празник Велгиден, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, со дел од колегите од општината и волонтери од невладината „Банка за Храна“, поделија топли оброци и пакети со храна и хигиенски прозиводи на семејства од социјално ранливи категории во населбите Маџир Маало и Крњево.

„Благодарен за несебичната хуманост и поддршка на сите општествено одговорни компании и поединци, кои се вклучија во оваа акција на денешниот голем христијански празник и заедно им овозможивме на нашите сограѓани да ги прослават празниците со топол оброк во нивните домови. На граѓаните им посакувам среќен празник и добро да ги служи здравјето во деновите и месеците кои доаѓаат“, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Во хуманитарната акција се вклучија и општинските детски градинки во кои децата, родителите и вработените, обезбедија прехранбени продукти и хигиенски прозиводи за семејствата што живеат во социјален ризик во населбите Кале, Маџир Маало и Крњево, по повод празниците Велигден и Рамазан. Изминатиот период Општина Центар обезбеди помош и поддршка за децата од Специјалниот завод „Демир Капија“, кои живеат во мали групни домови на територијата на општината и донации за приматели на социјална помош, згрижувачки семејства и пензионери со ниски примања.

Оваа хуманитарна донација е обезбедена од страна на општината, во соработка со општествено одговорни компании, поединци и голем број економски оператори. Општина Центар како одговорна локална самоуправа и општина која што се грижи за добросостојбата на сите свои граѓани, особено во време на активна пандемија на КОВИД 19 и во наредниот период ќе продолжи со редовните хуманитарни активности.

loading...