Денеска, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и директорот на Државниот земјоделски инспекторат, Зоран Шапуриќ, одржавме средба со претставници на Сојузот на тутунски здруженија и на Иницијативниот одбор на незадоволните тутунари.
Во отворена и демократска дебата, се разговараше за проблемот со откупот на тутун од годинешната реколта. На средбата е договорено во петок, во Министерството за земјоделство, да се одржи состанок на кој ќе присуствуваат претставници на сите откупни компании, Државниот инспекторат, Сојузот на тутунски здруженија и на Иницијативниот одбор.
Дотогаш, протестите на незадоволните тутунари се ставаат во мирување, а со повлекувањето на поверениците од страна на Сојузот на тутунски здруженија, практично ќе биде прекинат откупот на тутун.