Членовите на Советот на општина Струмица, денеска, го донесoa најважниот документ за кој тие гласаат – Буџетот на Општината за 2022 година.
♦️Започнување со изградба на Социјалната населба во Турското маало
♦️Изведба на новиот булевар „Братство Единство“ кон Агро берза со што воспоставуваме основа каде што треба да почнеме со новиот градски пазар
♦️Изградба на нов ученички дом во СОУ „Димитар Влахов“
♦️Преку Јавен повик самохраните родители ќе бидат ослободени од плаќање на надоместокот за нивните дечиња во градинките
♦️Дотацијата за секое новороденче ја зголемуваме за 100 проценти, од 3 илјади на 6 илјади денари
♦️Ќе субвенционираме директно во цената на гасот по метар кубен за домаќинствата од 10 денари со што им излегуваме во пресрет на граѓаните во оваа енергетска криза, а со тоа влијаеме и врз намалувањето на загадувањето на воздухот
♦️Ќе реализираме и многу инфраструктурни проекти, од водоводи, фекални и атмосферски канализации и улици во градот и населените места
Во креирањето на буџетот за 2022 година, посебен фокус ставив на приходниот дел на Општината и имајќи го в предвид фактот дека 61 процент од основниот буџет би го реализирале токму од комуналиите за градба и продажба на градежно земјиште, јас сум убеден и оптимист дека имаме силни компании, мотивирани и подготвени да инвестираат во општина Струмица, придржувајќи се на сите Закони за градење, Законот за урбанистичко планирање и останатите закони кои се во рамките на нивната работа.
Од срце за новата верзија на Општина Струмица.❤️