❤️Од срце денеска ја прифатив поканата и го посетив Домот за стари лица и дневен центар „Отворено срце“ во близина на локалитетот „Цареви кули“.
🥂Заедно со бабите и дедовците кои својата старост ја поминуваат во овој дом, ја одбележавме Старата Нова година кршејќи лепче со паричка. Си поминавме прекрасно, во убава и позитивна атмосфера, богата трпеза и убав муабет.
🍀На добитничката на паричката и подарив скромен подарок, а на сите им посакав многу здравје и убави моменти во Новата година.