Со мојот колега, Ривдан Каракајли, градоначалник на Општина Кемалпаша, заклучивме дека унапредувањето на меѓусебната соработка во сите области е од интерес за граѓаните на Кемалпaша и Делчево.
Оваа соработка може да донесе понатамошен развој и соработка во сите области. Пријателството меѓу општините е битна алка, бидејќи денес општините претставуваат клучен елемент во процесот на развој на регионите и земјите и важен предмет на меѓународните односи и соседската соработка, при што општините имаат особено важна улога и одговорност.
Со делегација од Општина Делчево на покана на домаќините од Општина Кемалпаша, деновиве претстојуваме во посета на Општината, а во рамките на традиционалниот Меѓународен фолклорен фестивал кој се одржува по повод Денот на детето во Измир, Турција. На фестивалот, ќе настапи и ФГ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ кои ќе го промовираат пијанечкото и македонското фолклорно богатство.