🔜 Активностите се на самиот крај, по чиешто завршување ќе следи и хортикултурно уредување.
✅ Општина Пробиштип заврши уште два слични проекти за уредување на простор со детски реквизити и урбана опрема, на улицата “Нада Михајлова” кај спој со улица “28-ми Август” и во Злетово.
ℹ️ Овие детски игралишта се согласно планот за реализација за 2021 година, за кои општината издвои вкупно средства во висина од 4 милиони денари, и склучи договор со економскиот оператор Панел М од Тетово.
🔜 Согласно изготвувањето на новите програми за 2022 година, општина Пробиштип предвидува уредување на простор од ваков тип, на повеќе локации, кои се детектирани во изминатиот период во соработка со граѓаните.
