Во изминатиот период континуирано работевме за кадровско доекипирање и подобрување на условите за работа на вработените во ТППЕ – Пробиштип.
Во таа насока, денес го потпишав Договорот за набавка на ново противпожарно возило, за кое обезбедивме донација во вредност од 6.000.000 денари од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој, а во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој, Проект за развој на подрачјата со специфични развојни потреби.
Општина Пробиштип за оваа намена од сопствениот Буџет одвои дополнителни 1.200.000 денари.
Со набавката на ново противпожарно возило, Општината ќе го обнови дотраениот возен парк на ТППЕ Пробиштип, со што директно ќе придонесе за поголема сигурност и безбедност на граѓаните.