Граѓаните сè повеќе плаќаат со платежни картички, во четвртиот квартал лани растот е 25 отсто

Дигиталната револуција во плаќањата, којашто како тренд започна поодамна кај нас, а се засили во периодот на пандемијата на ковид-19, несомнено ги менува платежните навики и влијае врз културата на плаќањата. Имено, граѓаните, и во последниот квартал од 2021 година ги користеле придобивките и удобноста коишто ги нудат дигиталните канали на плаќањата, како и воспоставената инфраструктура за извршување на плаќањата, соопшти Народна банка.

Според банкарските податоци, плаќањата на граѓаните со платежните картички во трговијата во земјата во четвртиот квартал од 2021 година забележала висок годишен раст од 25 отсто кај бројот и 21 отсто кај вредноста на остварените трансакции.

Истовремено, анализата покажува висок годишен раст на бројот и на вредноста на трансакциите од 21 и 33 отсто кај плаќањата на граѓаните со кредитни трансфери, односно со платни налози.

Иако граѓаните сѐ уште ги иницираат плаќањата со кредитни трансфери претежно на шалтерите на банките (69 отсто), според Народна банка забележлива е постепената промена на навиките со користење на придобивките од електронското банкарство која е видлива и во последниот квартал од годината со висок годишен раст од 10 отсто кај бројот и 23 отсто кај вредноста на плаќањата иницирани електронски.

За извршување на електронските плаќања, висок годишен раст од 26 отсто се забележува кај употребата на мобилните апликации од страна на граѓаните, што повторно укажува на натамошно менување на платежните навики во прилог на користењето на поудобните дигитални канали за плаќање.

Народна банка соопшти дека менувањето на навиките на граѓаните придонесе за висок годишен раст од 25 отсто на нивните плаќања со платежни картички во трговијата, како и на кредитните трансфери иницирани по електронски пат, во текот на целата 2021 година.

Со 2,1 милион платежни картички коишто биле во циркулација на крајот од 2021 година, од коишто 68 отсто независно од брендот и функцијата се картички засновани на бесконтактна технологија, граѓаните во земјата можеле на удобен и сигурен начин да ги извршуваат плаќањата на солидна инфраструктура составена од 30.061 уред на физичките места на продажба во земјата, од кои дури 84 отсто ја поддржувале бесконтактната технологија.

Притоа, како што објави банката, бројот на картички заснован на бесконтактна технологија забележа годишен раст од 10 отсто, при истовремен годишен раст од 7 отсто и на уредите на физичките места на продажба коишто ја поддржуваат бесконтакната технологија.

Како резултат на олеснетите мерки за прекугранично движење на граѓаните во услови на пандемија граѓаните во текот на 2021 година со употреба на платежни картички издадени во земјата на уредите лоцирани во странство се оствариле 8,8 милиони трансакции, што претставува висок годишен раст од 56 отсто во значителен дел. Најголем дел од овие трансакции се направени во земјите од регионот ‒ Србија и Грција.

Во однос на интернет-трговијата, најголемиот број трансакции на виртуелните места на продажба се извршени во Луксембург и САД. Со странските платежни картички во текот на 2021 година се остварени 8,1 милион трансакции во нашата земја, што како резултат на олеснување на мерките за влез во државата бележи висок годишен раст од 83 отсто. Најголемиот број од трансакциите на уреди на физичките и виртуелните места на продажба се остварени со картичките издадени од САД и Обединетото Кралство.

sunwin

sun win

sunwin club

sunwin.apk mới nhất

sunwin club sunwin club sunwin.apk mới nhất