Грковска домаќин на донаторска конференција: Поддршката во процесот на дигитална трансформација на општеството е особено значајна, посебно во делот на јакнење на капацитетите на институциите

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска во просториите на Владата на Република Северна Македонија, одржа донаторска конференција на која присуствуваа претставници од меѓународните организации и дипломатските претставништва.

На конференцијата, на која присуствуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вицепремиерката Грковска пред странските партнери и донатори ги презентираше тековните проекти поврзани со дигиталната трансформација на општеството кои се спроведуваат во нашата држава, но и проектите што треба да се реализираат со цел да се обезбеди оптимизиација на процесите и нивно дигитализирање. Истовремено беше нагласено дека секое министерство и институција треба да има план за дигитализација, како и да се направи реорганизација на одделенијата за стратешко планирање кои се клучни за стратешкото планирање и функционирање на институциите.

На конференцијата, како приоритети при процесот на дигитална трансформација на општеството беа истакнати електронската лична карта, закон за архивско работење со кој ќе се стандардизираат процесите за архивирање на дигиталните документи, стандардизација на процесите за дигиталната размена на документите меѓу институциите, сајбер безбедноста.

Вицепремиерката истакна дека паралелно со овие процеси потребна е поддршка и за проекти кои ќе бидат насочени кон подигнување на дигиталните вештини на вработените во јавната администрација, но и генерална кај граѓаните.

Истовремено, Грковска нагласи дека поддршката на донаторите во процесот на дигитална трансформација на општеството е особено значајна, посебно во делот на јакнење на капацитетите на институциите и изрази голема благодарност до присутните за досегашната соработка.

Присутните констатираа дека досегашната успешна соработка треба да продолжи, бидејќи тоа е еден од основите услови за целосна имплементација на стратешките приоритети на Република Северна Македонија.

Донаторската конференција е форум на кој високи претставници од донаторската заедница во Република Северна Македонија се собираат со цел да се разменат идеи за унапредување на стратешко и ефикасно користење на програмите за финансирање.

tải sunwin

sunwin

tải sunwin apk

sunwin apk tải sunwin apk tải sunwin apk

game bài sunwin