(ВИДЕО) ЦУЦУЛОТ КОНЕЧНО СИ ГО НАЈДЕ МЕСТОТО, ДО МИРКА КЛАСНАТА НА СТРИМОТ НА ПРО РУСКАТА ПАРТИЈА РОДИНА, ДОСЕГА ГЛУМЕШЕ НЕКАКОВ ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ ФИЛОЗОФ...
(ВИДЕО) ЦУЦУЛОТ КОНЕЧНО СИ ГО НАЈДЕ МЕСТОТО, ДО МИРКА КЛАСНАТА НА СТРИМОТ НА ПРО РУСКАТА ПАРТИЈА РОДИНА, ДОСЕГА ГЛУМЕШЕ НЕКАКОВ ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ ФИЛОЗОФ...
(ВИДЕО) ГОЛЕМИ ПОЛИЦИСКИ СИЛИ СЕ РАСПОРЕДЕНИ ОКОЛУ УСТАВНИОТ СУД ВО САД ПОРАДИ НАЈАВЕНИТЕ МАСОВНИ И НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ДЕНЕШНАТА ОДЛУКА ДА СЕ ЗАБРАНИ АБОРТУСОТ ПО 50 ГОДИНИ ЛЕГАЛНОСТ
(ВИДЕО) ГОЛЕМИ ПОЛИЦИСКИ СИЛИ СЕ РАСПОРЕДЕНИ ОКОЛУ УСТАВНИОТ СУД ВО САД ПОРАДИ НАЈАВЕНИТЕ МАСОВНИ И НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ДЕНЕШНАТА ОДЛУКА ДА СЕ ЗАБРАНИ АБОРТУСОТ ПО 50 ГОДИНИ ЛЕГАЛНОСТ
Галетановски: Нема ништо ново во ЗОО откако заминав, среќа што родија неколку животни кои ги донесовме
Галетановски: Нема ништо ново во ЗОО откако заминав, среќа што родија неколку животни кои ги донесовме
СО СВЕТСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ВРВ: Николовски во Берлин на конференција со Државниот секретар на САД, претседателот на Светска банка и многу други високи претставници
СО СВЕТСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ВРВ: Николовски во Берлин на конференција со Државниот секретар на САД, претседателот на Светска банка и многу други високи претставници
Протоколот не може да биде услов во преговорите, ниту спомнат во преговарачката рамка, порачува Маричиќ
Протоколот не може да биде услов во преговорите, ниту спомнат во преговарачката рамка, порачува Маричиќ
Бугарско МНР: Ќе одобриме меѓувладина конференција откако ќе се потпише билатералниот протокол
Бугарско МНР: Ќе одобриме меѓувладина конференција откако ќе се потпише билатералниот протокол
ИЛИ ДРЖАВАТА И ГРАД СКОПЈЕ НЕКА ГИ ЗАЛОВАТ КУЧИЊАТА НИЗ ГРАДОВ ИЛИ НЕКА НИ ДАДАТ ДОЗВОЛА ДА НОСИМЕ ПИШТОЛИ СО НАС
ИЛИ ДРЖАВАТА И ГРАД СКОПЈЕ НЕКА ГИ ЗАЛОВАТ КУЧИЊАТА НИЗ ГРАДОВ ИЛИ НЕКА НИ ДАДАТ ДОЗВОЛА ДА НОСИМЕ ПИШТОЛИ СО НАС
КАТЕ БЛАЖЕВСКА: НЕШТО НЕ ШТИМА ВО ИЗЈАВИТЕ И ПОСТАПКИТЕ НА СЛАВИ ТРИФУНОВ И ТЕОДОРА ГЕНЧОВСКА
КАТЕ БЛАЖЕВСКА: НЕШТО НЕ ШТИМА ВО ИЗЈАВИТЕ И ПОСТАПКИТЕ НА СЛАВИ ТРИФУНОВ И ТЕОДОРА ГЕНЧОВСКА

Груби го пречека Ерик Мејер, заменик Шефот на мисијата на САД: Пописот и изборите ќе бидат примерни

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денеска се сретна со в.д. Шефот на мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, г. Ерик Мејер.

Вашингтон е најголемиот поддржувач на Република Северна Македонија.

Груби и Мејер разговараа за спроведување на неопходните, но многу важни реформи со цел институциите да функционираат непристрасно и независно, за владеењето на правото, вклучително и борбата против корупцијата.

Првиот вицепремиер Груби и в.д Шефот на мисијата во Амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер, исто така, разговараа за процесот на Попис на населението во 2021 година. Груби му пренесе на г. Мејер дека овој процес е важен за РСМ, но и дека е барање на сите меѓународни институции кои очекуваат од нас како земја кандидат за членство во Европската унија, да ги преземеме сите наредни чекори врз основа на процентот на населението и со ова да ги планираме и да ги спроведуваме развојните политики во нашата земја.

На оваа средба Груби и Мејер разговараа и за локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври ова година. Груби го извести Мејер дека веќе се направени сите подготовки за организирање на овие избори и дека тие ќе се одржат во демократски и европски дух.

Груби и Мејер разменија мислења и за надминување на отвореното прашање со соседна Бугарија. На Ерик Мејер, вршител на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД, Груби му кажа дека Северна Македонија е подготвена да се врати на разговорите со целосна конструктивност откако бугарската страна ќе биде подготвена за тоа.

Првиот вицепремиер, г -дин Артан Груби, му се заблагодари на вршителот на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер, за континуираната и искрена поддршка на Америка за нашата земја.

Соговорниците разговараа и за Коридорот 8, во таа прилика Груби ги информираше гостите за текот на постапките и изрази убедување дека договорот ќе биде потпишан во текот на годината со американската компанија Бехтел.

loading...