Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
И Холандија го активира антикризниот план, ги вклучува термоелектраните
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана
Петар Колев: Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија ќе биде целосно изолирана

ГРУЕВСКИ НА ФЕЈСБУК: Никогаш не работев за личен финансиски или материјален интерес, тие процентите што ги слушате на снимките ги барав за да платам чистачки и молери, знаете ли колку е скапо да исчистиш и окречиш 10 стана од 2000 квадрата колку што имам низ Скопје плус ограда за плацеви на пола Водно?!

Никогаш не работев за личен финансиски или материјален интерес. Ќе продолжам да се борам во правец да ја докажам вистината. Ќе продолжам да се борам за Македонија, пишува Груевски во објавата на Фејсбук.

По информацијата (линк) дека се наоѓа на црната листа на САД, на Фејсбук се огласи поранешниот премиер Никола Груевски. Неговиот пост го пренесуваме во целост:

-Подолг период се говореше она што денес се објави. Високи претставници на властите во Македонија не криеја во неформални кругови дека со години лобираа за истото да се случи.

Моите долгогодишни напори проблемот со името да се реши на поинаков начин од оној на кој на крајот се реши, одлуките поврзани со мигрантската криза и затворањето на балканскиот коридор во 2016 година и неколку други одлуки со кои се обидував да ги заштитам државните и националните интереси на Македонија иритираа некои земји и ми навлекоа многу противници како што на пример беше Џорџ Сорос, кој вложи многу напори и финансии за соборување на владата која ја предводев.

Жалам за одлуката на Стејт департментот која ја објавија денес, а меѓу другите се однесува на мене.

Наводите кои се наведени заради кои сум ставен на списокот се неточни информации на кој се подлегнало и во најголем дел произлегуваат од долгогодишниот политички прогон кој се води против мене во Македонија.

Од тој аспект чувствувам голема неправда бидејќи работев многу чесно и многу одговорно борејќи се за државните и националните интереси, а при тоа колку што можев се трудев да не ги загрозам интересите на сојузниците на Македонија.

Никогаш не работев за личен финансиски или материјален интерес. Ќе продолжам да се борам во правец да ја докажам вистината. Ќе продолжам да се борам за Македонија, пишува тој.

loading...