„Уште и додал дека земјиштето го платил или трампал со некакви три апартмани во некоја зграда со име ‘Панорама’ или слично на тоа, нешто што никогаш не се случило, ниту пак имам или некогаш сум имал такви апартмани во вкупна големина од 750 квадратни метри кои чекале за примопредавање, со што сам се негира дека ми дал некаква компензација. На прашање дали сум ги презел тие станови, кажал дека не сум ги презел и дека ми ги чувал Мето Стојчевски, кој е зет од сестра на Орце Камчев. Какви лаги!!! Неверојатно!!! Не можам да поверувам!!! Ниту поседувам такви станови, ниту сум ги договорил со некој, ниту некој ми ветил или ми чува станови некаде“,
пишуваше Груевски.
Инаку зградата Панорама е толку голема што не само што се гледа од цело Скопје туку веројатно се гледа и од Будимпешта каде што во моментов се крие Груевски.