ГРУЕВСКИ СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА ВО ВМРО ДПМНЕ: НОВИ МОЌНИ ПАРТИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ СТАНУВААТ ЛУЃЕТО НА ГРУЕВСКИ – НИКОЛОСКИ, МИЛОШОСКИ, ИЛЧЕ ГЕБЕЛС И НЕЛОСКИ

ВМРО-ДПМНЕ се пофали со подмладен состав на ИК и навистина е така.
Од сигурни извори дознаваме дека пратеничката Гордана Сиљановска Давкова ќе биде една од четирите нови потпретседатели на Христијан Мицкоски. Давкова неодамна стана член на ВМРО-ДПМНЕ со присуството како делегат на неодамнешниот редовен конгрес на партијата.

Антонио Милошоски ќе биде унапреден во потпретседател на местото на Владо Мисајловски, додека и Илија Димовски е сеуште во игра за третото потпретседателско место во партијата. Александар Николоски е единствениот од двајцата досегашни потпреседатели кој останува на позицијата.

ВМРО-ДПМНЕ добива и нов генерален секретар. На местото на Ѓорѓија Сајкоски доаѓа далеку помладиот Владимир Нелоски кој моментално е советник во Град Скопје, а од истакнати партиски функции се издвојува неговиот мандат како претседател на подмладокот на партијата за време на владеењето на Груевски. Нелоски е своевидна десна рака на Мицкоски, но исто така е познат и по пријателството со Мицкоски приватно.

Како старо-нови членови на ИК остануваат Драган Ковачки, Стефан Андоновски, Кирил Пецаков, Рашела Мизрахи и Дафина Стојановска. Најавените подмладувања доаѓаат од пратеничките редови на партијата, подмладокот, како и од звучни имиња од општествениот живот – станува збор за една многу позната македонска водителка. Повратници, како нови членови на ИК може да се очекуваат некои познати имиња од минатото на партијата, а тоа се Марјан Ѓорчев, Димитар Стевананџија, Андон Чибишев, Златко Перински и Слаѓана Митовска меѓу најистакнатите.

Промени ќе има и во женската унија на партијата, што значи дека после изборот на ИК во понеделник ќе значи истакнување на оглас за избор на нова претседателка.

Останува да ги дознаеме останатите нови тела на партијата во понеделник.