(ВИДЕО) МАКЕДОНЦИТЕ ВО ХАЛКИДИКИ ЗАЧУДЕНИ КОЛКУ СЕ ЗАЕВИ СКРОМНИ: ЛЕТУВААТ ЗАЕДНО СО ОБИЧНИОТ НАРОДОТ НА ЕФТИНА ПЛАЖА ВО ПЕФКОХОРИ НА ПРВИОТ КРАК, НЕ СЕ НА ЕГЗОТИЧНИ ДЕСТИНАЦИИ КАКО МИКОНОС, МАЛДИВИ, ЕГИПЕТ, КУБА, СЕЈШЕЛИ

БРАВО - НОВИ ГРАДИНКИ ВО КИСЕЛА ВОДА: УСЈЕ ЗА ПРВПАТ ДОБИВА ГРАДИНКА, НАСКОРО ГРАДИНКА И ВО РАСАДНИК
БРАВО - НОВИ ГРАДИНКИ ВО КИСЕЛА ВОДА: УСЈЕ ЗА ПРВПАТ ДОБИВА ГРАДИНКА, НАСКОРО ГРАДИНКА И ВО РАСАДНИК
БОМБА НА ОСМАНИ: Нема потреба да се гласа во собрание за францускиот предлог, тој е во рамки на декларацијата усвоена лани, се нудам да одам во ВМРО ДПМНЕ да им го објаснам предлогот
БОМБА НА ОСМАНИ: Нема потреба да се гласа во собрание за францускиот предлог, тој е во рамки на декларацијата усвоена лани, се нудам да одам во ВМРО ДПМНЕ да им го објаснам предлогот
ОСМАНИ: СПОРЕД ПРОТОКОЛОТ КОЈ ЌЕ ГО ОБЈАВИМЕ УТРЕ СЕ ПРЕДВИДУВА ОТВОРАЊЕ НА АРХИВИТЕ ВО ДВЕТЕ ЗЕМЈИ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИЗМОТ
ОСМАНИ: СПОРЕД ПРОТОКОЛОТ КОЈ ЌЕ ГО ОБЈАВИМЕ УТРЕ СЕ ПРЕДВИДУВА ОТВОРАЊЕ НА АРХИВИТЕ ВО ДВЕТЕ ЗЕМЈИ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ ОД КОМУНИЗМОТ
ОСМАНИ: ГОВОРОТ НА ОМРАЗА КОН БУГАРИЈА НЕМА ДА СЕ ТАРГЕТИРА СО ЦЕНЗУРА ТУКУ СО АПЕЛИ И СООПШТЕНИЈА
ОСМАНИ: ГОВОРОТ НА ОМРАЗА КОН БУГАРИЈА НЕМА ДА СЕ ТАРГЕТИРА СО ЦЕНЗУРА ТУКУ СО АПЕЛИ И СООПШТЕНИЈА
ЌЕ ПАЃААТ РУСКИ АВИОНИ И ХЕЛИКОПТЕРИ ВО УКРАИНА: АМЕРИКА ПРАЌА ВО УКРАИНА НАЈСОВРЕМЕНИ СИСТЕМИ ЗА АНТИ ВОЗДУШНА ОДБРАНА ВРЕДНА 800 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
ЌЕ ПАЃААТ РУСКИ АВИОНИ И ХЕЛИКОПТЕРИ ВО УКРАИНА: АМЕРИКА ПРАЌА ВО УКРАИНА НАЈСОВРЕМЕНИ СИСТЕМИ ЗА АНТИ ВОЗДУШНА ОДБРАНА ВРЕДНА 800 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА РУСИТЕ: СО РАКЕТИ УБИЕНИ 30 ЖИТЕЛИ НА ОДЕСА
НОВ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА РУСИТЕ: СО РАКЕТИ УБИЕНИ 30 ЖИТЕЛИ НА ОДЕСА
ОСМАНИ: Се разбира дека секое решение, предлог, којшто треба да задоволи две страни е компромисен и дека не е идеален само за едната страна, било кој предлог ќе треба да ги остави двете страни подеднакво задоволни или незадоволни

ГРУЕВСКИ МОЖЕШЕ ДА СТАНЕ МИЛИОНЕР БЕЗ ДА МОРА ДА ОДИ ВО ЗАТВОР!

Груевски се изнамачи и сам себе а и нас за да се докопа до тие милиони, хотели, плацеви на Водно, иљадници квадрати станови исто така на Водно… Се изнамачи сам себе затоа што веќе 7 години е избеган од земјава а кога ќе се врати го чекаат 20 години робија. Оцрнет е, многу имот му е запленет, не видел блиски од семејството, роднини… Не дека го жалам, но велам дека имаше подобар начин да си ги оствари амбициите и соништата. Само требаше да се откаже од власта и моќта и да се стрпи малку.

И онака го чекаше исто толку многу работа и стрес, да воведеш диктатура и да крадеш толку многу е исто толку стресно и бара генијалност колку и легално да ги заработиш истите тие милиони. Само што за второто ќе требаше да се почека уште 10 години, ама не е тоа толку страшно.

Груевски требаше само да си поднесе оставка од местото премиер и потоа да ја искористи славата и врските и да креира фирми да земе кредити од банки да најде инвеститори и да освои дел од пазарот на што и да било во економијата, значи легално со работа со плаќање даноци да си ги заработи тие милиони што ги крадел од државната и од партиската каса.

ТОа е наравоучение за сите идни како Грујо, не се мачете да уништувате цела земја и да ја поробувате за да си ги остварите соништата за да имате дворци, милиони, хотели, вили, дебели банкарски сметки, не се исплати, ризично е, подобро е да се пробиете како способен политичар кој оставил зад себе добри дела и потоа да се повлечете од политиката кога ќе процените дека сте го дале вашиот максимум и да се посветите на себе и на семејството. Груевски требаше да се повлече 2010-та, тие години се клучни кога забега и почна да се понаша како диктатор и да апси политички противници, да тепа новинари, да крева со динамит објекти на политички противници, да прислушкува, да затвора медиуми…

До тогаш имаше добри дела зад себе, воведе ДДВ, ги донесе странските инвестиции, воведе слободни зони, даде земјоделски субвенции, направи увоз на половни коли па сиромашните си купија голфови и ги фрлија во отпад кецовите и југовците и ладите, купи нови автобуси во ЈСП, таман не беше почнат кобниот проект 2014-та, не беше воведене медиската ХАРАНГА наречена ГРУЈОВИЗИЈА, не се брутално крадеа избори и не се влечеше народ за уши, значи уште тогаш Грујо да се повлечеше и да почнеше да се бави со легален бизнис, сега по 12 години ќе беше веќе милионер ќе си живееше тука со децата и со Боркица и ќе беше ценет како политичар економист и бизнисмен. Сега е диктатор мафијаш лопов бегалец и нареден робијаш. Има разлика ама да имаш усул и да не се прецениш и полеташ по парите без никаков морален и етички компас…

Прашање е дали и тогаш веќе не бил длабоко заглибен во криминал, ако добро се сетиме, она што сега го објави Фрчкоски за ОКТА е дека Грујо бил клучен играч за таа срамна продажба и тука фрчеле милиони евра поткуп, исто така во негово време кога беше министер за финансии се продадоа и Стопанска Банка и Телеком тоа се големи зделки тешки десетици па и стотици милиони евра и тука има Грујо нешто лапнато а се сеќаваме на снимката со Ден Дончев како ја шиткаат Македонска Банка која била де факто банка во сопственост на ВМРО ДПМНЕ, значи он уште пред да стане премиер имал брцнато со рачето во медот и осетил како лесно се прават милиони, она што тој не можел да претпостави е дека ќе дојде еден Заев кој ќе објави снимки ќе креира СЈО и ќе дојде време да се одговара за криминл, он мислел дека вечно ќе бидат заштитени премиерите и лидерите на големите партии како што беше досега…

Но еве дури и со сиот тој багаж, пак можеше некако да се извлече и да се спаси, сега претераа со Мијалков се заборавија во крадењето и мислеа дека сите во државата се удрени со мокра чорапа во лејката како оној Бате Геле и сличните слепи послушници во ВМРО ДПМНЕ, или платени или ретардирани, но за среќа не е така, има во земјава и поштени и паметни и храбри да ги изведат пред лицето на правдата оние кои краделе како да ќе нема утре.

loading...

https://tai.go88.is/

đăng nhập game sunwin miễn phí tải game sunwin sunwin mod apk