ХЕРА СО ДЕМАНТ ДО АЛФА ТЕЛЕВИЗИЈА: Сексуалното образование да не се злоупотребува за политички маркетинг

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражувања упатува демант на содржината на текстот со наслов „Сексуално образование на основците по терк на ХЕРА, од каде доаѓа Царовска“, објавен на телевизија Алфа на ден 12.07.2021 година.

Имено, во текстот се наведува дека сексуалното образование ќе се изучува во основните училишта според прирачникот на ХЕРА за наставници и дека родителите не биле консултирани за програмата. Во прилогот на ТВ Алфа се цитираат делови од прирачникот на ХЕРА во кој се објаснува хомосексуалноста, но не од едукативни побуди, туку со намера да се предизвика омраза и омаловажување на нехетеросексуалните лица.

Изнесените информации во текстот се лажни и му наштетуваат на угледот на нашата организација и на нејзините членови. Текстот има и намера да му наштети на процесот на вклучување на сексуалното образование како изборен предмет во 9-то оддлеление во наставните содржини согласно новата концепција, намерно занемарувајќи ја неговата значајност за личниот, емотивниот и психо-социјалниот развој на младите.

Партиската позадина на текстот најдобро се согледува преку намерата да се дискредитира актуелната министерка за образование Мила Царовска која дава силна поддршка за интеграција на содржини од сексуалното образование и од родовата еднаквост во наставата за основно образование. Ова не беше случај за ниту една политичка гарнитура претходно иако сексуалното образование било дел од повеќе различни предизборни програми низ годините и има добиено поддршка од низа политички партии.

А вистината е следна:

ХЕРА, заедно со други експерти и универзитетски професори е партнер и техничка поддршка на Бирото за развој на образованието во спроведување на пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование во четири основни училишта во земјава;

Ако се прочита, прирачникот кој се спомнува во текстот и кој е издаден од ХЕРА во 2013 година, бил подготвен за да служи како дополнителна алатка за наставниците за реализација на предметот „Животни вештини“ во однос на теми поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје, а не за сегашната пилот-програма за сексуално образование;

За реализација на пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование се користат посебни прирачни материјали за наставниците кои се обучуваат. Овие материјали се во согласност со стандардите на ОН и со возраста на децата и ќе им помогнат понатаму на наставниците во реализација на програмата. Наведениот прирачник не е дел од овие материјали;

Пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование ќе се изучува во четири основни училишта низ територијата на државата и тоа како вонучилишна активност, а не во сите основни училишта;
Родителите на децата кои учат во основните училишта каде што ќе се спроведува пилот-програмата, се запознаени со содржината на наставата. Вклученоста на учениците во следење на наставата за сексуално образование е условена со давање на родителска информирана согласност.

Поради погоре наведените факти, од телевизија Алфа бараме јавно извинување и објавување на нашиот демант. Исто така, бараме да ја почитува новинарската етика и да направи соодветна корекција на текстот за да ја извести јавноста за фактичката состојба во врска со пилотирањето на сеопфатното сексуално образование во земјата. Воедно потсетуваме дека поврзувањето на сексуалното образование само со хомосексуалноста, но не и со другите аспекти на емоционалниот и психо-физичкиот развој, здравјето и заштитата на младите само придонесува за понатамошно ширење на говор на омраза и дискриминација кон ЛГБТИ лицата. Ова, пак, е во спротивност со стандардите за професионално известување според кои медиумите би требало да придонесат во препознавање и обезличување токму на ваквите штетни практики.

Конечно, ги повикуваме медиумите да го почитуваат Кодексот на новинари и да известуваат етички и професионално доколку навистина се стремат да ги бранат човековите права, достоинството и слободата и да ја информираат јавноста со веродостојни и вистинити информации.

tải sunwin

sunwin

game sunwin

sunwin apk sunwin.apk mới nhất sunwin.apk mới nhất

game bài sunwin sunwin web game bài sunwin