Милевски: Децата пред се, училиштето во Косоврасти реновирано според најнови стандарди
Милевски: Децата пред се, училиштето во Косоврасти реновирано според најнови стандарди
СО БУГАРИЈА ГОВОРИМЕ ДВА СЛИЧНИ, НО РАЗЛИЧНИ И МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ЈАЗИЦИ, Ѝ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА МИЗРАХИ
СО БУГАРИЈА ГОВОРИМЕ ДВА СЛИЧНИ, НО РАЗЛИЧНИ И МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ЈАЗИЦИ, Ѝ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА МИЗРАХИ
(ВИДЕО) Министерот Спасовски оддаде почит на четворицата македонски бранители во чија чест беше откриено спомен обележје во Берово
(ВИДЕО) Министерот Спасовски оддаде почит на четворицата македонски бранители во чија чест беше откриено спомен обележје во Берово
(ВИДЕО) ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ТЕМА ДАЛИ СЕ ТЕТОВЧАНИ ЦИЦИИ?
(ВИДЕО) ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ТЕМА ДАЛИ СЕ ТЕТОВЧАНИ ЦИЦИИ?
ОДЛИЧНИ ВЕСТИ - Заев на Економски Форум во Скопје: „Во првите пет месеци потпишавме 15 договори за инвестирање“
ОДЛИЧНИ ВЕСТИ - Заев на Економски Форум во Скопје: „Во првите пет месеци потпишавме 15 договори за инвестирање“
БРАВО - Министерот за правда Маричиќ доби поддршка и охрабрување од евроамбасадорот Гир кој оцени дека досегашната работа на Министерството за правда е во вистинска насока и дека динамиката на реформи е добра

ТОП 10 НАЈГЛУПИ ТЕЗИ НА ВМРОВЦИТЕ ЗА ВЕТОТО ОД БУГАРИЈА
ТОП 10 НАЈГЛУПИ ТЕЗИ НА ВМРОВЦИТЕ ЗА ВЕТОТО ОД БУГАРИЈА
БРАВО - ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ВТОРА НАЈТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА ВО ДРЖАВАТА
БРАВО - ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ВТОРА НАЈТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА ВО ДРЖАВАТА

Хоџа произведува 120 тони риба годишно, но за да биде министер компанијата ја препушти на сопругата

Аријанит Хоџа за да биде министер за земјоделство, шумарство и водостопанство се избришал како сопственик и управител на Фреш Фиш, компанијата од гостиварското село Вруток која е еден од најголемите производители на риба во Македонија. Како одговорно лице е запишана неговата сопруга Мимоза Хоџа на местото на единствениот министер во новата Влада кој доаѓа од редовите на Беса.

За рибникот на генералниот секретар на Беса е познато дека произведува и тргува со 120 тони риба, главно наменети за рестораните низ земјата и странство. Фреш Фиш има седум вработени за кои претпријатиедо три пати добило државна помош од по 101.500 денари за исплата на минимална плата од 14.500 денари.

Последната инвестиција од 22.000 евра била наменета за проширување на базените, производството и за набавка на класификатор на риба и храна за риби. Дел од сретствата Фреш Фиш ги обезбедил преку кредитната линија на Македонската развојна фондација за претпријатија. Во плановите на компанијата биле и преработка на рибата и транспорт на жива риба до клиентите.

Во селото каде што извира Вардар и кое активно развива еко-туризам има голем број рибници кои годишно произведуваат над 200 тони калифорниска пастрмка. Голем дел од произведената риба се подготвува во познатите ресторaни во самото село кои имаат гости во текот на целата година.

Хоџа во својата официјална владина биографија, која патем е најкратка од сите други членови на Владата, навел дека е основач и управител на приватна компанија од 2009 и дека во 2008 дипломирал на факултетот по бизнис администрација на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Тој е само еден од многуте министри кои до сега управувањето на своите компании им го препуштиле на други, барем на хартија, додека биле членови на Владата, а типичен пример за тоа се поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска.

Хоџа во 2018 беше избран за генерален секретар на Беса, првата албанска партија во историјата која предизборно влезе во коалиција со СДСМ на последните парламентарни избори. Партијата, која е предводена од Билал Касами, има тројца пратеници во Собранието.

loading...

AnimeHeaven anime websites: Umibe no Étranger (https://animeheaven.pro/m/zDPN) Episode Full

KissAnime haikyuu kissanime: Death Note (Dub) (https://kissanimeonline.com/m/oKaz) Episode 37