Пендаровски: Лидерските средби не се лек за секоја болка, нивното одржување е доказ дека претходно затаиле институциите
Пендаровски: Лидерските средби не се лек за секоја болка, нивното одржување е доказ дека претходно затаиле институциите
ВЛЕГУВАМЕ ВО ФОТО ФИНИШ, СТАНУВА ДРАМАТИЧНО: ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ЗАКАЖА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ВО 20 И 30 ЧАСОТ
ВЛЕГУВАМЕ ВО ФОТО ФИНИШ, СТАНУВА ДРАМАТИЧНО: ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ЗАКАЖА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ВО 20 И 30 ЧАСОТ
Османи: Документите што ги објавуваат некои медиумите не се финалниот француски предлог
Османи: Документите што ги објавуваат некои медиумите не се финалниот француски предлог
Османи: Модифицираниот француски предлог ги адресира нашите забелешки по однос на работната верзија
Османи: Модифицираниот француски предлог ги адресира нашите забелешки по однос на работната верзија
БОМБА НА ПЕНДАРОВСКИ: МОДИФИЦИРАНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ДАЛЕКУ ПОДОБАР ОД ПРВИЧНАТА ВЕРЗИЈА
БОМБА НА ПЕНДАРОВСКИ: МОДИФИЦИРАНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ДАЛЕКУ ПОДОБАР ОД ПРВИЧНАТА ВЕРЗИЈА
Трајанов: Пендаровски во Мадрид да ги запознае лидерите на НАТО членките за бугарските уцени
Трајанов: Пендаровски во Мадрид да ги запознае лидерите на НАТО членките за бугарските уцени
ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ Е ШАНСА ШТО МАКЕДОНИЈА НЕ ТРЕБА ДА ЈА ИСПУШТИ, КАЖА ГЕРМАНСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ
ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ Е ШАНСА ШТО МАКЕДОНИЈА НЕ ТРЕБА ДА ЈА ИСПУШТИ, КАЖА ГЕРМАНСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ
Мишел: Имаме решение, сега е време да се каже да
Мишел: Имаме решение, сега е време да се каже да

ХОЏА: ЗАД ПРОТЕСТИТЕ НА ЛОЗАРИТЕ СТОЈАТ ПОЛИТИЧКИ ИНТЕРЕСИ

Нема да дозволиме како завчера, поединци политички да профитираат на сметка на лозарите, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

Хоџа уште еднаш повтори дека додека тој го води Министерството, политика во земјоделството нема да има и производителите нема да се делат по таква основа.

Тој смета дека откупот на грозјето ќе тече непречено и очекува сите винарски визби да ги почитуваат договорените цени: 11 денари за „смедеревка“ и 13 за „вранец“.

-Генерализирање на лозарите не е коректно и не е во ред. Ако незадоволство имале одредени политичари, односно градоначалници, зашто не им успеало тоа што го планирале, навистина ми е жал што сакале да ја употребат маката на лозарите за да поентираат политички. Сум кажал и на самиот почеток, кажувам и сега – додека јас го водам Министерството, политика во земјоделството нема да има, нема да се делат не само лозарите, туку и сите други производителите по политички бои. Жал ми е што тоа некои политичари се уште не го сфатиле, дури се обидуваат да добијат уште еден градоначалнички мандат на маката на лозарите. Жал ми е, зашто градоначалникот на Кавадарци го ценам како мој пријател. Не ми беше јасно што се случуваше тој ден. Но, со моја ургенција лозарите беа примени кај раководството на „Тиквеш“ за да разговараат и веднаш потоа откупот почна, но изгледа тоа не им одговараше на поединци и повторно го прекинаа откупот, истакна Хоџа, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со црногорскиот колега Александар Стијовиќ.

Хоџа рече дека е во постојана комуникација со лозарите и ништо од ветеното не е надвор од рамките на она што е разговарано.

-Точно е дека сум разговарал со винарските визби за поголема цена од ланската и точно е дека поголемите визби тоа го почитуваат. Има и такви што не го почитуваат, затоа свикав состанок само со визбите во средата, за да разговараме зошто е тоа така. Со оглед дека уште сме на почеток, нормално повеќето визби се уште не почнале со откуп. Затоа за мене е несфатливо уште на почеток на откупот да се прави обид да се профитира политички на грбот на лозарите, потенцира министерот.

loading...

https://go88.gg/

đăng ký sunwin