ЕДЕН ОД ПРИОРИТЕТИТЕ – ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНЕНИЈАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ КОЈ НА ПРЕДЛОГ НА ПП ПРЕКУ ПРАТЕНИКОТ ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ ЌЕ БИДЕ ДОСТАВЕН ВО ПОСТАПКА ВО СОБРАНИЕТО ВО ТЕКОТ НА УТРЕШНИОТ ДЕН.
На средбата на претседателот на Партијата на пензионери Илија Николовски придружуван од претседателот на Главниот одбор на ПП Добре Ефремовски која се одржа во Владата на Република Северна Македонија со Премиерот Зоран Заев, Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и Генералниот секретар Љупчо Николовски, покрај договарањето за понатамошната соработка во рамките на Коалицијата и подршката на Владата во понатамошните реформи, беше договорено да се даде приоритет на измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување во делот за усогласување на пензиите покрај оној со растот на трошоците на живот и во делот со растот на просечната плата во државата. Со тоа на 1 јануари и 1 јули секоја година пензионерите ќе имаат знатно зголемувсње на пензиите.
На средбата, исто така беше разговарано и дадена целосна подршка за барањата на корисниците на пензиите во специфичните сектори – одбраната, зголемување на ниските пензии, еднократна помош на корисниците на пензиите и други досега утврдени побарувања на оваа категорија на граѓани, што ке биде предмет и цел на понатамошните реформи и законодавни решенија.
Заедно заклучивме дека Парламентарното мнозинство е стабилно и дека оваа Влада треба да остане до крајот на својот мандат.