И по 20 години од војната, нема крај на голготата од извршителите: Бранителите бараат Владата да исправи голема неправда

На сите ни беше јасно дека одлуката на Врховниот суд беше политичка во тоа време. Јас како учесник во војната во селото Ваксинце имам добиено паричен надомест за нематеријална штета. Не бев повреден, но поради претрпен страв и трауми ми беше доделен надомест во вредност со судските пресуди од околу 420.000 денари, вели бранителот Димче Манчoв од Кочани за Нова ТВ.

Владата може да исправи една голема неправда што им е сторена на бранителите од воениот конфликт во Македонија во 2001 година, на чии рани и трауми и после дваесет години се долева нова сол, јанѕи и јадови, откако Врховниот суд пред неколку години ја поништи првостепената судска одлука за исплата на нематеријална штета на припадниците на безбедносните сили кои и до ден денешен освен со лузните од војната, се борат и со извршители.

Бранителите не бараат преку леб погача, ниту привилегии во однос на другите граѓани, ни милостина од државата. Тие без око да им трепне во 2001 година застанаа на браникот на татковината и велат дека ќе ја преживеат и оваа битка, но за да на крајот победи правдата ѝ порачуваат на Владата да и стави крај на оваа голгота што им го зема мирот сега.

– Овој проблем може многу лесно да се реши, ако се има волја за тоа. Владата може на седница да донесе акт со кој ќе се откаже од овие побарувања во буџетот и да побара Министерството за одбрана да ја укине присилната наплата преку извршител, вели бранителот Димче Манчев за Нова ТВ.

Бранителите во разговор за Нова ТВ потсетуваат на постконфликтниот период кога семејствата на загинатите, но и на воените инвалиди поднесоа тужби против Министерството за внатрешни работи и Mинистерството за одбрана чиј епилог преку пресудите на првостепените судови беше во корист на правдата. Тогаш воените инвалиди и семејствата на загинатите добија одреден паричен надомест, како нематеријална штета за претрпена загуба на блиско лице или за намалена животна активност или претрпен страв. Ваквите пресуди ги потврдија и апелациските судии.

Бранителот Манчoв од Кочани вели дека неколку години подоцна Врховниот суд го поништил основот по кој што воените инвалиди и семејствата на загинатите беа обештетени. По ова одлука на врховните судии МВР и Министерството за одбрана почнаа преку тужби да бараат од бранителите да ги вратат парите. Дел од семејствата на обештетените бранители ги вратиле парите, но дел биле опфатени со одлуката на владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2009 година која по жестоките реакции во јавноста ги повлече тужбите, освен против четворица припадници на безбедносните сили кои и до ден денешен немаат мир од извршителите.

– На сите ни беше јасно дека одлуката на Врховниот суд беше политичка во тоа време. Јас како учесник во војната во селото Ваксинце имам добиено паричен надомест за нематеријална штета. Не бев повреден, но поради претрпен страв и трауми ми беше доделен надомест во вредност со судските пресуди од околу 420.000 денари. После десет години, откако ни беа исплатени парите, односно два месеца пред истекот на рокот за застарување на делото, кога немавме време ни за жалби, ни за ништо друго, ми беше побарано да ги вратам парите. Преку извршителот треба да вратам 14.000 евра, се присетува бранителот Манчoв кој сега работи во македонската гранична полиција.

Стојанче Ангелов, лидерот на Достоинство, кој со години заедно со другите бранители води неуморна битка за исправање на неправдите, досега има поднесено неколку иницијативи.

Првата вели дека ја поднел додека бил државен советник во МВР, втората и третата како национален координатор за воени и полициски ветерани во Владата и последната во јули 2021 како претседател на „Достоинство“.

– И покрај недвосмислената подршка на поранешниор премиер Зоран Заев и министрите Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска, сепак иницијативите не ги поминаа владините лавиринти. Токму затоа минатата сабота побарав подршка од Владата. Доколку иницијативата повторно заглави во владините служби, најавив изработка на предлог закон за надминување на овој проблем поради што побарав поддршка од претседателите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Од нив побарав поддршка и за уште една иницијатива со која треба да се надмине друга голема неправда кон 17 семејства на загинати бранители како и кон триесетина воени инвалиди од 2001-та, кои се уште немаат добиено праведен надоместок на нематеријална штета, вели Ангелов.

На 24 јануари „Достоинство“ повторно поднесе иницијативата со која бара Владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски да ја прекине присилната наплата со извршител кон четворицата македонски бранители и да им ги врати назад присилно одземените пари кои ги добиле како праведен надоместок на нематеријална штета поради намалена животна активност, нагрденост, претрпена болка и претрпен страв.

Ангелов информираше и дека на 27 јануари годинава имал, како што вели, конструктивна работна средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која добил отворена подршка за двете иницијативи, а ден подоцна разговарал и со претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски од кого исто така добил отворена подршка за иницијативата за четворицата бранители кои со законска камата ја враќаат земената оштета.

Ангелов најави дека за втората иницијатива, имајки предвид дека премиерот на оваа позиција се наоѓа само десетина дена и претежно е на пат надвор од државата, ќе зборува во текот на наредните денови. Тој исто така објави дека и понатаму продолжува отворената подршка на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски како и од министерката за одбрана Славјанка Петровска.

sunwin apk sunwin tài xỉu sunwin apk

game bài sunwin game sunwin sunwin apk

tải sunwin

sunwin

sunwin