ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
ИНТЕРЕСНА СЛУЧАЈНОСТ: ВО ИСТ ДЕН НА ДВЕ ТЕЛЕВИЗИИ ГОСТУВА ИСТ РЕЛИГИСКИ ЕКСПЕРТ НА ТЕМА МПЦ СПЦ
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
БОМБА НА ХАРИ КОСТОВ: ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ НА МЛАДИТЕ ПОД 30 ГОДИНИ ДА СЕ БАВАТ СО ПОЛИТИКА, НАМЕСТО ДА ЛЕПАТ ПЛАКАТИ И ДА ЧЕКАТ ПАРТИИТЕ ДА ГИ УХЛЕБАТ ДА УЧАТ ДА ЗАРАБОТАТ ПАРИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА? Митови за менталното здравје
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
Трајанов: САД ќе ги седнат С. Македонија и Бугарија на иста маса
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА МАЛАТА НИЛ НАСУФОСКИ
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Делегација на СПЦ преводена од Патријархот Порфириј пристигна во Скопје
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат
Ковачевски: Не може да се зборува за каков било напредок со Бугарија, разговорите продолжуваат

ИЛИЈА ГЕЧЕВ ОД ИГМ ТРЕЈД ЈА КУПИ ПАЛАТА МАКЕДОНИЈА НА ЛИЦИТАЦИЈА ОД КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА, ДОСЕГАШНИОТ ГАЗДА ТРИФУН КОСТОВСКИ СЕ БУНИ – ТОА Е НЕМОРАЛНО!

На 17 декември 2021 година, Комерцијална банка објавува јавно наддавање за продажба на мојот веќе запленет имот, Палата Македонија, каде на лицитацијата се појавуваат само две заинтересирани страни. Лицитирањето беше смешно, бидејќи основната цена не беше покачена за ниту 2% при ова јавно наддавање. Замислете, победник излегува Илија Гечев, соопственик на фирмата ИГМ Кавадарци, клиент на Комерцијална банка и нејзин акционер. Не знам како вие мои сограѓани ова го толкувате, меѓутоа, јас ќе кажам дека ова е најбезобразното крчмење на група „бизнисмени“ во Македонија, кои посегнуваат по туѓо, без трошка совест за тоа дека прават злосторство.- пишува бизнисменот Трифун Костовски во својата редовна колумна на Либертас и Плусинфо.

Инаку Палата Македонија е на улица Македонија и во неа се наоѓаат повеќе ексклузивни дуќани меѓу кои едно време беше сместена и ЕУ амбасадата во Скопје. Тука во зградата свој пентхаус имаше и синот на Костовски, Трифун.

Инаку оваа зграда е заложена во Комерцијална Банка од страна на фирмите на Костовски кои добија кредит од Комерцијална Банка за да се докапитализира Еуро Стандард банката која потоа ја изгуби лиценца со одлука на Народна Банка, одлука која бизнисменот Костовски и ден денеска је оспорува како избрзана и непотребна и многу штетна и за него и за штедачите и за фирмите кои останаа со ненаплатени побарувања од банката.

Костовски полемизирше со менаџментот на Комерцијална Банка во повеќе наврати а банката одговори само еднаш со многу жестоко соопштение во кое го обвини Костовски дека е самиот виновен за пропаста на Еуростандард банка а дека тие само се обидувале да му помогнат за што тој наместо да им биде благодарен ги обвинувал без никакви аргументи дека му нанеле штета. Еве што се вели во тој одговор од Комерцијална Банка од пред неколку месеци:

„Како една од најтранспарентните компании во земјава и носител на бројни награди и признанија од реномирани меѓународни институции, меѓу кои и престижната награда Банка на годината, Комерцијална банка АД Скопје ја информира јавноста дека сите дезинформации и конструкции што во последните месеци ги изнесува г-динот Трифун Костовски против Комерцијална банка се плод на неговиот личен неуспех. Комерцијална банка како реномирана, професионална и одговорна компанија повеќе нема да дозволи да биде предмет на неосновани и паушални обвинувања.

Комерцијална банка го потсетува г-динот Костовски дека неговиот проблем со Еуростандард банка датира од многу одамна и дека во многу наврати Комерцијална банка излегувала во пресрет на неговите бизнис потреби или проблеми.

Како прво, ќе го потсетиме, дека уште во 2006 година побара од Комерцијална банка да го преземе кредитот на неговата фирма Порцеланка од Еуростандард банка на период од 1 година, во кој требало да ја докапитализира Банката. Ни по една година, ни потоа кредитот не го врати. Со крајно дрско образложение нѐ информираше дека не може и нема да го врати, со што ја оштети Комерцијална банка за 3,7 милиони евра.

Како второ, тврдењето на г-динот Костовски дека по промената на Управниот одбор на Еуростандард банка биле прекинати односите со Комерцијална банка е чиста лага. Го потсетуваме дека на 24.09.2019 година, тој, Коста Костовски и Горан Трајковски дојдоа на состанок со членови на УО на Комерцијална банка за да побараат и понатаму да ѝ помагаме на Еуростандард банка преку пролонгирање на кредити на нејзини коминтенти додека Банката повторно не ја докапитализираат. Не знаеме дали и каква евиденција води г-динот Костовски, но овој состанок е уредно евидентиран во Комерцијална банка и за него постои белешка.

Како трето, на барање на г-динот Костовски, Комерцијална банка во 2019 година ѝ одобри кредит од 10 милиони евра на неговата фирма Гофи за докапитализација на Еуростандард банка, а како залог беа ставени 3.200 акции од Еуролинк осигурување. Овој кредит беше уредно вратен. Тоа што 10 милиони евра г-динот Костовски ги изгуби за шест месеци е негова лична одговорност и за тоа не му се виновни ниту НБРСМ, ниту Комерцијална банка, ниту Владата, ниту оштетените штедачи и клиенти на Еуростандард банка.

Како четврто, по отворањето стечај над Еуростандард банка, г-динот Костовски со образложение дека е под притисок и закани да врати долгови кон лица и фирми за земен субординиран кредит за Еуростандард банка, побара и доби од Комерцијална банка кредит од 2 милиони евра на име на неговата фирма Гофи, за кој се искористи постоечкото обезбедување. И покрај тоа, г-динот Костовски сега најдрско лаже дека Комерцијална банка, која му даде кредит кога ниеден друг субјект веројатно немаше ни да го сослуша, сакала да ја уништи Еуростандард банка.

Како петто, го потсетуваме г-динот Костовски дека на денешен ден ѝ должи на Комерцијална банка речиси 7 милиони евра и дека веќе неколку месеци не ги измирува обврските. Банката, во рамките на своите редовни процедури за работа, ќе започне со извршување на имотот што е ставен под хипотека. Г-динот Костовски нека не го толкува ова како притисок да го замолчиме. Тој има обврска да го врати кредитот и слобода да зборува што сака.

Г-динот Костовски во многу наврати нѐ потсетува на неговите успеси, бизниси, имоти, но веројатно заборава дека во целата збирка му фали една работа – огледало. Бидејќи г-динот Костовски тврди дека станува збор за ‘организиран криминал против Еуростандард банка’, кога би застанал пред огледало, ќе види кои се тие ‘носители на организираниот криминал’, кој е одговорен што Еуростандард банка отиде во стечај и кој е пријавен за перење пари.

Комерцијална банка последен пат ѝ се обраќа на јавноста во врска со лагите што ги изнесува или ќе ги изнесува г-динот Трифун Костовски. За нас случајот Еуростандард банка е затворен, а г-динот Костовски ќе го оставиме да си ја бара со аргументи правдата пред домашни и меѓународни институции.“

loading...

https://animeheaven1.com/. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

watch anime free Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai

AnimeHeaven High School DxD

AnimeHeaven Attack on Titan Season 3 Part 2

free anime online AnimeHeaven Attack on Titan Season 2

Dragon Ball Super (Dub)