Отворени избирачките места, право на глас имаат 1 824 864 граѓани, се гласа од 7 до 19, сите ќе се проверуваат со фингерпринт
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1 824 864 граѓани, се гласа од 7 до 19, сите ќе се проверуваат со фингерпринт
ДИК: Досега гласале 10.653 лица кои се болни или во затвор кои по правило гласаат 1 ден пред денот на гласање
ДИК: Досега гласале 10.653 лица кои се болни или во затвор кои по правило гласаат 1 ден пред денот на гласање
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВМРО ДПМНЕ: УАПСЕН КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДЕЛЧЕВО, НУДЕЛ ПО 50е ЗА ГЛАС!
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВМРО ДПМНЕ: УАПСЕН КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДЕЛЧЕВО, НУДЕЛ ПО 50е ЗА ГЛАС!
И ЗА ОВИЕ СЕ ШПЕКУЛИРА ДЕКА СЕ ВМРОВЦИ: Кривична пријава против две лица од Кочани за "повреда на слободата на определување на гласачите"
И ЗА ОВИЕ СЕ ШПЕКУЛИРА ДЕКА СЕ ВМРОВЦИ: Кривична пријава против две лица од Кочани за "повреда на слободата на определување на гласачите"
(ВИДЕО) ШОКАНТНО: МИЦКОВСКИ ФАТЕН КАКО КРШИ ИЗБОРЕН МОЛК, ОВА Е КРИВИЧНО ДЕЛО ЗА ШТО КАЗНАТА Е 3 ГОДИНИ ЗАТВОР!
(ВИДЕО) ШОКАНТНО: МИЦКОВСКИ ФАТЕН КАКО КРШИ ИЗБОРЕН МОЛК, ОВА Е КРИВИЧНО ДЕЛО ЗА ШТО КАЗНАТА Е 3 ГОДИНИ ЗАТВОР!
ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори

ИМ СЕ КРАТАТ 6 МЕСЕЦИ Пензионерите што сакаат уште да работат на мака

Група граѓани бараат Уставниот суд да ја оцени уставноста и законитоста на одредбата од Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, со која се предвидува 30 јуни 2022 година да биде последен рок на важноста на продолжените договори за работа по исполнување на условите за пензионирање.

Тие деновиве поднесоа иницијатива до Уставниот суд во која тврдат дека со ставот 2 од членот 2 од Законот за измени на Законот за работни односи се нарушува основното право на еднаквост на граѓаните пред уставот и законите и дека е правно неиздржано законските измени да важат ретроактивно.

Иницијаторите сметаат дека крајниот рок 30 јуни 2022 година не треба да важи за работниците кои поднеле изјава за продолжување на договорот за работа до стапување на сила на измените на Законот за работни односи, туку овие работници да продолжат да работат до 31 декември 2022 година како што предвидува Законот за работни односи. За ова тие се повикуваат на одредбата од Уставот, според која, законите не можат да важат ретроактивно.

Членот 2 од измените на законот за работни односи кои се на важност од 14 јули 2021 година, а кој е спорен според овие граѓани гласи:

„За поднесените изјави за продолжување на договорите за вработување до 31 август 2021 година се применуваат одредбите од законот за работни односи.

Договорот за вработување од ставот 1 на овој член важи до истекот на времето за кое е продолжен, а најдоцна до 30 јуни 2022 година“.

Пред измените на Законот за работни односи работниците кои ги исполниле условите за пензионирање 64 години старост и 15 години стаж можеа да го продолжат договорот за работа за една календарска година од 1 јануари до 31 декември со поднесување изјава до 31 август во претходната година.

Измените на законот сега им го кратат тоа право, односно тие ќе работат шест месеци помалку од предвиденото иако поднеле изјава за продолжување на договорот за работа пред стапување на сила на измените.

– Тоа е на штета на граѓаните, особено оние што поднеле барање пред да стапат законските измени во сила на 14.07.2021 година така што им се ускратува законското право и се ограничува и спречува правното дејство на изјавите за продолжување на работниот однос на граѓаните за периодот од 01 јули 2022 до 31 декември 2022 година. Тие, исто така, се ставаат во нерамноправна положба со граѓаните кои по истиот закон го користеа правото договорите да ги продолжат до 31 декември – велат тие.

Експертите се согласуваат дека по уставот законите не можат да важат ретроактивно туку од денот на донесувањето па во иднина. Дозволено е само пролонгирање на нивната примена.

– Уставот забранува ретроактивно важење на законите. Според тоа, мое мислење е дека овие измени не треба да важат за граѓаните кои поднеле изјави пред донесувањето на измените на Законот за работни односи, односно до почетокот на примената на измените 14 јули 2021 година. Но, според правото, измените ќе мора да важат за граѓаните кои поднеле барање за продолжување на договорот по стапувањето на сила на законските измени 14 јули 2021 година – вели познат експерт.

Тој, меѓутоа, смета дека во основа спорно е секакво продолжување на рокот на договорите за работа по наполнување услови за пензија.

– Но, ако се оценило дека тоа е потребно сега законодавецот може и да го определи рокот кога тој договор може да престане да важи, односно да утврди рок за тоа, а тоа е 30 јуни 2022 година во овој случај. За ова прашање ќе треба да дискутираат уставните судии кога ќе ја оценуваат иницијативата – вели тој.

Според него, спорно е и издвојувањето на одредена категорија на работници (здравствени, научни…) на кои им се овозможува продолжување на рокот на договорите за вработување по оценка на институцијата и по нивна согласност.

loading...

Website https://animetv.cc: Watch Genshiken OVA animetv Episode 3 go anime tv

https://aniwatch.pro anime websites

WCOStream: Dr. Stone (Dub) anime episode 24 online free at https://wcostream.cc anime stream

AnimeFreak Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Gitlab redox-os: https://gitlab.redox-os.org/animefreakws

Pentagonthink: http://pentagonthink.com/members/animefreakws/