Подготовки во Соборниот храм за утрешната литругија на поглаварите на МПЦ-ОА и СПЦ
Подготовки во Соборниот храм за утрешната литругија на поглаварите на МПЦ-ОА и СПЦ
Кирил Петков го претстави планот како ќе падне ветото за Македонија
Кирил Петков го претстави планот како ќе падне ветото за Македонија
Спасен коњ од напуштен објект во Дебар Маало – згрижен во ЗОО Скопје
Спасен коњ од напуштен објект во Дебар Маало – згрижен во ЗОО Скопје
ЏАФЕРИ: Почитувани граѓани, припадници на влашката заедница, Дозволете од име на моите колеги пратеници и од мое лично име да Ви го честитам 23 Мај, Националниот ден на Власите
ЏАФЕРИ: Почитувани граѓани, припадници на влашката заедница, Дозволете од име на моите колеги пратеници и од мое лично име да Ви го честитам 23 Мај, Националниот ден на Власите
(ФОТО + ВИДЕО) Ковачевски на средбата со Папата Франциск: Грижата за најранливите, толеранцијата и човечкото достоинство се вредности врз кои се продлабочува соработката со Ватикан
(ФОТО + ВИДЕО) Ковачевски на средбата со Папата Франциск: Грижата за најранливите, толеранцијата и човечкото достоинство се вредности врз кои се продлабочува соработката со Ватикан
НАЈМНОГУ ОНЛАЈН КУПУВАЊА ОД СТРАНСТВО КОН ДОМАШНИТЕ Е-ТРГОВЦИ ИЗВРШЕНИ СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ ОД САД И ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО, ВКУПНО ОНЛАЈН КОН СТРАНСТВО СМЕ ПРОДАЛЕ ПРОДУКТИ И УСЛУГИ ВО ВРЕДНОСТ НА 16 МИЛИОНИ ЕВРА

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите
Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ПОЛИЦАЕЦ ЗА ПРИМАЊЕ ПОТКУП, ПРИВЕДЕНИ ПЕТ ДИЛЕРИ НА МАРИХУАНА ВО ГОСТИВАР
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ПОЛИЦАЕЦ ЗА ПРИМАЊЕ ПОТКУП, ПРИВЕДЕНИ ПЕТ ДИЛЕРИ НА МАРИХУАНА ВО ГОСТИВАР

ИМ ЗБОКТИСА НА БРАЌАТА ВО КАЗАХСТАН РЕШИЈА ДА ГО СРУШАТ РЕЖИМОТ: Семејството Назарбаев со два авиони избегало од Казахстан, еден долетал од Македонија?

Иако аеродромот во главниот град на Киргистан, Бишкек, нема информации за слетувањето на леталото на семејството на првиот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, како што пренесува РИА Новости, претходно, голем број медиуми објавија дека на меѓународниот аеродром Манас слетале два приватни авиони, кои наводно му припаѓаат на семејството Назарбаев.

Еден од нив долетал од Македонија, другиот од Обединетите Арапски Емирати. По некое време, двата авиони го напуштиле аеродромот на киргистанската престолнина.

„Немаме такви информации“, велат од аеродромот на прашањето дали во авионот имало членови на семејството на Назарбаев. Исто така, воздушното пристаниште не можеше да потврди дека авионите припаѓаат на семејството на поранешниот претседател на Казахстан.

Во првите денови од новата година почнаа протестните акции во Казахстан. Жителите на градовите Жанаозен и Актау, кои се наоѓаат во регионот Мангистау каде што се произведува нафта, протестираа против двојното зголемување на цената на течниот нафтен гас што се користи како гориво за автомобилите. Од републичкото Министерство за енергетика објаснија дека од 1 јануари неговата вредност почнала да се формира при електронското тргување на берзата врз основа на понудата и побарувачката.

На 4 јануари властите објавија дека се подготвени да го исполнат главното барање на демонстрантите – намалување на цената на бензинот. И покрај тоа, протестите започнаа и во другите градови. Тогаш Токаев ја распушти владата. Тој најави и дека доаѓа на чело на Советот за безбедност, кој претходно го предводеше првиот претседател на републиката Нурсултан Назарбаев. Владата воведе државно регулирање на цените на бензините и дизел горивата за 180 дена. Во целата земја беше воведена вонредна состојба.

Претседателот ги предупреди демонстрантите дека властите ќе преземат најстроги мерки против насилниците, бидејќи како резултат на немирите загинаа и припадници на безбедносните сили. Покрај тоа, демонстрантите направија неколку обиди да упаднат во административните згради и полициските одделенија, при што беа убиени десетици луѓе. Споменикот на Назарбаев во меѓувреме беше урнат во Талдикорган.

loading...