Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
Интервју со Рафајловски: Одлуката на РКЕ за цената на струјата нема да предизвика голем удар врз потрошувачите и ќе ја задржи социјалната стабилност
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
АД ЕСМ ПОНУДИ ЦЕНА ОД 48Е/МWh, ЦЕНИТЕ НА БЕРЗИТЕ ДОСТИГНУВААТ ДО 360Е/MWh
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
(АУДИО) Нефи Усеини пцуе новинарка која го прашува за „спорни“ тендери, ЗНМ го осуди испадот
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
Заменик министер Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
ПРИ СУДАР НА ВОЗ СО КАМИОН ВО МИСУРИ, САД, ЗАГИНАА ТРОЈЦА А РАНЕТИ СЕ 50 ПАТНИЦИ
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
(ВИДЕО) Посета на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на кампот за обука во Лазарополе
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Почна обележувањето со ладна пластика на пешачките премини на сообраќајниците во Автокоманда
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ
Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со европратениците, членови на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ

ГРАДОТ ИМА ПАРИ ЗА ПАРТИСКИТЕ ВРАБОТУВАЊА, АМА ПРОДАВАЧИТЕ НА КНИГИ ЌЕ ГО ИЗЕДАТ СТАПОТ ШТО НЕ ПЛАТИЛЕ КИРИЈА ЗА ДА МРЗНАТ НА СТУДОТ- Град Скопје ќе распишува оглас за куќарките на кеј, велат продавачите на стари книги го оштетиле буџетот

Град Скопје преку јавен оглас ќе бара субјекти коишто ќе ги користат дрвените куќарки на Кејот „13 Ноември“. Продавачите на стари книги и други антикварни предмети кои ги користат дрвените куќички на Кејот „13 ноември“ добиле наредба од Градот Скопје да се иселат, заедно со своите залихи, најдоцна до 21 април, објави вчера Мета.мк.

Градските власти во соопштение до медиумите велат дека лицата кои продаваат таму се без активни договори со Град Скопје од 01.02.2018 година.

„Во следниот период ќе се објави јавен повик каде овие лица и сите останати заинтересирани ќе можат да се пријават за користење на јавни површини, односно користење на куќарките“, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Тие додаваат дека претходниот градоначалник на Градот Скопје, Петре Шилегов свесно ги оставил корисниците на куќарките четири години да ги користат противправно, без постоење на правен основ за нивно користење. Според нив, овие граѓани биле оставени на милост и немилост од февруари 2018 година, бидејќи свесно биле оставени без дозвола и договор да ги користат куќарките, а со тоа претходното градско раководство можело да ги острани кога ќе посакаат. Но, факт е дека до сега не се отстранети, а во одреден период не им бил наплаќан ниту паушалот од 500 денари месечно бидејќи се во тешка материјална положба.

„Дотолку што постојната состојба е спротивна на прописите, ја ограничува конкурентноста и го оштетува буџетот на Градот и граѓаните“, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Мета.мк вчера објави дека корисниците на дрвените куќарки биле известени дека во рок од 15 дена треба да ги ослободат куќарките од предметите кои се во нивна сопственост и да ги предадат објектите на Градот Скопје во состојба во којашто ги примиле според Записникот, затоа што не постои правен основ за нивно понатамошно користење.

Според кажувањата на засегнатите лица кои сакаа да останат анонимни, во периодот на градоначалникувањето на Петре Шилегов, градските служби покажале разбирање за тешката материјална положба на луѓето кои продаваат стари книги и во одреден период заради економската криза и не им го наплатувале месечниот паушал за куќичките. Мета.мк веќе пишуваше дел од лицата коишто продаваат антикварни изданија на кејот се претставници на социјални ранливи категории, кои работат во тешки услови за да преживеат.

Разликата меѓу откупните и продажните цени на стриповите и книгите е мала и тие не можат да профитираат од овој бизнис. Исто така, интересот за стари хартиени и винилни записи е мал кај граѓаните, иако цените се на ниво од два или повеќе пати пониско од она што се бара за нови книги во книжарниците.

Инаку, Градот Скопје објави дека има инвестирано 4,5 милиони денари (околу 73 илјади евра) за градење на деветте куќички на кејот и во јули 2012 година тие беа отворени. Потоа преку јавен оглас куќарките беа доделени на корисниците за симболичен надомест од 500 денари месечно, а договорите биле обновувани до почетокот на 2018 година.

По вчерашниот напис на Мета.мк, граѓаните бурно реагираа на социјалните мрежи за иселувањето на продавачите на стари книги и антикварни предмети од Кејот „13 Ноември“.

„Не знам што планираат да прават со тој простор, ама баш ми е криво, тие куќарки имаа свој посебен шарм и човек можеше да најде одлични „бисери“ за малку пари. Еден куп заборавени класици имам најдено таму, стварно штета, а секако од тие куќарки градот не може да има друга корист“, е еден од коментарите на Твитер.

„Не знам зошто, ама дечкиве се дел од душата на градот и не треба да бидат избркани дефинитивно. Дури треба да им се дадат и подобри услови за работа!“, гласи уште еден твит-реакција.

„Во секој град, помал или поголем, туристички или нетуристички има некакви „БУВЉАЦИ“ за артисти, старинари, слободна продажба… Не знам зошто Скопје со децении наназад не го реши тој проблем и во општините и во централното градско подрачје“, напиша еден од нашите читатели на Фејсбук.

loading...

download go88 go88 online go88 phiên bản cũ

mở khoá tài khoản sunwin