ДИК: Нема да има редици за гласање како во првиот круг, фингерпринт-уредите ќе бидат побрзи
ДИК: Нема да има редици за гласање како во првиот круг, фингерпринт-уредите ќе бидат побрзи
ШИЛЕГОВ: Со 280 илјади евра ќе се „дислоцира и мултиплицира“ зеленилото кое ќе се уништи за БРТ
ШИЛЕГОВ: Со 280 илјади евра ќе се „дислоцира и мултиплицира“ зеленилото кое ќе се уништи за БРТ
ШИЛЕГОВ: ЗОШТО АРСОВСКА ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ЛАЖЕ ЈАВНОСТА ДЕКА НЕМА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО
ШИЛЕГОВ: ЗОШТО АРСОВСКА ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ЛАЖЕ ЈАВНОСТА ДЕКА НЕМА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО
ШИЛЕГОВ: СКОПЈЕ ЌЕ ГО ИМА ПРВИОТ АКВАРИУМ ВО РЕГИОНОТ
ШИЛЕГОВ: СКОПЈЕ ЌЕ ГО ИМА ПРВИОТ АКВАРИУМ ВО РЕГИОНОТ
(ВИДЕО) Кондовски: Студентска стипендија за битолските студенти кои ќе се школуваат во Битола
(ВИДЕО) Кондовски: Студентска стипендија за битолските студенти кои ќе се школуваат во Битола
ШИЛЕГОВ: ДРИСЛА ПОВЕЌЕ НЕ ГО ТРУЕ СКОПЈЕ, ИНВЕСТИРАВМЕ ВО ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ!
ШИЛЕГОВ: ДРИСЛА ПОВЕЌЕ НЕ ГО ТРУЕ СКОПЈЕ, ИНВЕСТИРАВМЕ ВО ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ!
ДИКТАТОРОТ РАЗГОЛЕН ВО СУДНИЦА: ЕДНИОТ СТАН НА БИХАЌКА ГО ПЛАТИ ГРУЕВСКИ, АМА НЕ САКАШЕ ДА БИДЕ НА НЕГОВО ИМЕ, А ДРУГИОТ ГО ПЛАТИВ ЈАС, СВЕДОЧЕШЕ БИЗНИСМЕНОТ АЛЕК ТЕРАНОВА
ДИКТАТОРОТ РАЗГОЛЕН ВО СУДНИЦА: ЕДНИОТ СТАН НА БИХАЌКА ГО ПЛАТИ ГРУЕВСКИ, АМА НЕ САКАШЕ ДА БИДЕ НА НЕГОВО ИМЕ, А ДРУГИОТ ГО ПЛАТИВ ЈАС, СВЕДОЧЕШЕ БИЗНИСМЕНОТ АЛЕК ТЕРАНОВА
„Алкалоид“ со инвестиции во износ од над 850 милиони денари, со 178 нови вработувања во земјава и со раст на консолидираниот профит од 17 отсто во периодот јануари – септември 2021 г.
„Алкалоид“ со инвестиции во износ од над 850 милиони денари, со 178 нови вработувања во земјава и со раст на консолидираниот профит од 17 отсто во периодот јануари – септември 2021 г.

ИМАМ САМО МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО, ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА ДА ЗНААТ КОЛКУ ПАСОШИ ИМААТ ПОЛИТИЧАРИТЕ, ВЕЛИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ДИМИТРОВ

Јавно соопштувам дека немам и никогаш не сум имал друго државјанство покрај македонското, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. (Фото: СДК.МК)

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров вели дека има само македонско државјанство и дека смета оти граѓаните имаат право да знаат колку пасоши имаат политичарите.

„Поттикнат од иницијативата на Горан Михајловски во САКАМДАКАЖАМ.МК, јавно соопштувам дека немам и никогаш не сум имал друго државјанство покрај македонското. Сметам дека граѓаните имаат право да знаат ‘колку (и какви) пасоши’ имаат политичарите“, објави денеска Димитров на својата фејсбук страница.

Вчера, на прес-конференција по повод 100 дена Влада, премиерот Зоран Заев кажа дека Владата досега не размислувала, ниту планирала да донесе законски измени со кои сите државни функционери ќе мораат да пријават дали покрај македонското имаат и друго државјанство, но рече „ќе размислиме и ќе го разгледаме ова прашање“. Ова беше неговиот одговор на прашањето од САКАМДАКАЖАМ.МК дали Владата планира законски измени со кои именувани и избрани функционери, пред да стапат на функцијата, задолжително ќе декларираат дали имаат повеќе од едно државјанство и тој податок да биде јавно достапен?

ВРЕДНО ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ Е ПРАШАЊЕТО ФУНКЦИОНЕРИТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ПРИЈАВАТ ДАЛИ ИМААТ ДРУГО ДРЖАВЈАНСТВО, РЕЧЕ ЗАЕВ
Ова прашање го покрена главниот уредник на САКАМДАКАЖАМ.МК во последното издание на неговата влијателна и популарна колумна „Сакам да кажам“.

„Ние што сме избрале да живееме во оваа држава сакаме да знаеме дали има резервна држава премиерот, пратеникот, специјалниот пратеник, министерот, градоначалникот, општинскиот советник… Нели е фер на избори да знам дали тој што ги носи одлуките во мое име има резервна татковина? Како што е важно со колку пари си влегол во политиката и колку пари си направил додека си во политика па пријавуваш имот во Антикорупциска комисија, исто така е важно и со колку пасоши си влегол во политиката. Има ли храброст Заев и оваа политичка гарнитура прашањето за пасошите да го стави како услов за државна функција? Нема тука – лутиш. Нема судење. Не ме интересираат мотивите зошто некој има и друг пасош. Едноставно е. Само сакам како гласач да направам објективна проценка за ликот што ми ветува дека ќе направи нешто за мене, со моите пари, во мојата држава“, пишува Михајловски во колумната насловена „Тази ЕУ“.

Бугарскиот весник „Дневник“ на 11 декември објави дека во последните десет години речиси 66 илјади Македонци добиле бугарско државјанство, пренесувајќи ја изјавата на бугарската министерка за правда Десислава Ахладова во бугарскиот парламент, како одговор на пратеничко прашање. Во сите случаи, основата за доделување на државјанство е доказ за бугарско потекло, додала министерката. Министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, пак, денеска во интервју за германски „Велт“ кажа дека 88.450 Македонци добиле бугарски пасоши во изминативе 10 години.

loading...

Watch Sound! Euphonium 2 Specials Episode 7

AniWatch Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

ANIMEFLIX: Cobra The Animation: The Psycho-Gun anime episode 4 online free at https://animeflix.nl animeflix hunter x hunter 2011

AnimeKisa: Spiritpact: Bond of the Underworld anime episode 12 online free at https://animekisa.in watch anime free

Themepalace: https://themepalace.com/users/animeflixnl/

Torgi gov: https://torgi.gov.ru/forum/user/profile/1417113.page