ЌЕ ПОКРИЈАТ БЛИЗУ 3 МИЛИОНА ЕВРА ДОЛГОВИ НА КЛУБОТ - ФК ВАРДАР СО НОВО РАКОВОДСТВО ВО НОВАТА ФУДБАЛСКА СЕЗОНА
ЌЕ ПОКРИЈАТ БЛИЗУ 3 МИЛИОНА ЕВРА ДОЛГОВИ НА КЛУБОТ - ФК ВАРДАР СО НОВО РАКОВОДСТВО ВО НОВАТА ФУДБАЛСКА СЕЗОНА
Милевски: Ги користиме ИПА фондовите, потпишани договори за 12 нови проекти вредни 3,6 милиони евра за прекугранична соработка со Бугарија и Косово
Милевски: Ги користиме ИПА фондовите, потпишани договори за 12 нови проекти вредни 3,6 милиони евра за прекугранична соработка со Бугарија и Косово
Теренската вакцинација за четврток 29.07.2021 ќе се одвива во следните населени места:
Теренската вакцинација за четврток 29.07.2021 ќе се одвива во следните населени места:
МЗ: Во Клиничката болница во Битола ставен во употреба нов апарат SPECT-CT гама камера
МЗ: Во Клиничката болница во Битола ставен во употреба нов апарат SPECT-CT гама камера
(ФОТО) ВУЧИЌ ПРОШЕТА ВО СКОПЈЕ: Македонците се љубезни, Србите и Македонците секогаш се сакаат
(ФОТО) ВУЧИЌ ПРОШЕТА ВО СКОПЈЕ: Македонците се љубезни, Србите и Македонците секогаш се сакаат
Георгиески: Имаме резултати, затоа УНЕСКО ни даде шанса!
Георгиески: Имаме резултати, затоа УНЕСКО ни даде шанса!
Генералниот секретар Николовски во Охрид: СДСМ постојано се менува на подобро, СДСМ води на сите анкети затоа што граѓаните го препознаваат нашиот одговорен и чесен пристап
Генералниот секретар Николовски во Охрид: СДСМ постојано се менува на подобро, СДСМ води на сите анкети затоа што граѓаните го препознаваат нашиот одговорен и чесен пристап
(ВИДЕО) СПЕЦИЈАЛЦИ НА ЕБР СО АВТОМАТИ, ПАНЦИРИ, ШЛЕМОВИ УПАДНАА ВО ПОВЕЌЕ КУЌИ НИЗ СКОПЈЕ - УАПСЕНИ ПОЛИЦАЈЦИ, ЗАПЛЕНЕТО БЛИНДИРАНО ВОЗИЛО ОРУЖЈЕ И ГОЛЕМА КОЛИЧИНА ДРОГА И ДЕВИЗИ -
(ВИДЕО) СПЕЦИЈАЛЦИ НА ЕБР СО АВТОМАТИ, ПАНЦИРИ, ШЛЕМОВИ УПАДНАА ВО ПОВЕЌЕ КУЌИ НИЗ СКОПЈЕ - УАПСЕНИ ПОЛИЦАЈЦИ, ЗАПЛЕНЕТО БЛИНДИРАНО ВОЗИЛО ОРУЖЈЕ И ГОЛЕМА КОЛИЧИНА ДРОГА И ДЕВИЗИ -

Имаме потреба од јавни, а не владини или политички кампањи во медиумите, вели Заев

Премиерот Зоран Заев вели дека во текот на наредните денови ќе се одржат повеќе состаноци и средби, пред се со медиумските здруженија, но и со здруженијата на медиумски работници, за да се најде начин како да се реализираат јавни кампањи во медиумите.

– Имаме сериозен план и една од темите на кои сме посветени како Влада е како да овозможиме спроведување на кампања од јавен интерес, не, од политички интерес, не од владин интерес – од јавен интерес. Затоа отворивме една дебата и верувам следните денови ќе се одржат доста состаноци и средби, пред се со медиумските здруженија, но и со здруженијата на медиумски работници, со сите чинители да изнајдеме начин како потребата од јавните кампањи, како што сме сега исправени пред кампања од јавен интерес за вакцинација, да ја подигнеме за да може час поскоро да постигнеме колективна имунизација и со тоа да ја совладаме и победиме пандемијата КОВИД -19. Поинаку не можеме, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Но, исто така, додаде тој, во разговорите сакаме да укажеме дека гледаме начин како да ги зајакнеме медиумските работници, како да ги зајакнеме во делот на нивното функционирање, стабилност и независност и новинарите и медиумите генерално.

– Затоа предлагаме варијанта за формирање на фонд за истражувачко новинарство што ќе помогне во идни кампањи за борба против криминалот и корупцијата. Сакаме да продуцираме фонд за нови продукции. Навистина сакаме да гледаме продукции на содржини коишто ги има во светот, а кај нас ги нема – образовни, еколошки или слично. Но, исто така сакаме да овозможиме и спроведување кампањи од јавен интерес. Затоа ќе ги повикаме сите здруженија на медиумски работници, сите здруженија на медиуми, сите експерти во следниот период за да изнајдеме вакво решение затоа што, еве ќе го поставам потенцијално прашањето. Зошто да може ЕУ, зошто да може УНИЦЕФ или ОН да водат кампања од јавен интерес, а државата да не може да води? Може и опозицијата да отвори потреба од некоја јавна кампања, рече премиерот.

Како што нагласи тој, критериумите за тоа мора да бидат јасно мониторирани од медиумските работници, од медиумите сите заедно за да нема политички кампањи, но, јавните кампањи треба да се спроведат.

– Јас на пример не би можел мирно да спијам ако државата не е подготвена да го анимира, информира своето население при евентуални катастрофи, земјотреси, пожари, поплави или слично. Ние немаме начин како. Секаде во светот постојат тие алатки. Затоа сакам да ја отворам вака дебатата за низ дебата да ги изнајдеме решенијата и на крајот коректив да бидат тие што се будното око. Да не ни се случат слабостите од минатото кога буквално со јавни пари се купуваа медиуми, медиумски работници или слично. Не, никако политички кампањи или владини кампањи, освен јасно по пат на критериуми, утврдени кампањи од јавен интерес. Верувам дека сите заедно ќе бидеме одговорни пред донесувањето на вака значајни одлуки, дециден е премиерот Заев.

Тој повтори дека во ниту еден случај никогаш повеќе нема да има владини или политички кампањи, туку само кампањи од јавен интерес.

– Еве доаѓа лето, што ако се случат пожари? Може живот ќе спасите затоа што медиумот не е должен да ја пренесе изјавата на соодветен министер, премиер, претседател или кој било, а должноста на државата е да го анимира или информира населението, а може некогаш да значи и спасување и на живот и на материјални добра. Секаде во светот како што постои. Вториот дел е други видови на катастрофи. Третиот дел важен пред којшто сме сега исправени како да ја доближиме потребата со сите неопходни информации за вакцинацијата до населението во услови кога само 50 отсто од нашето население има позитивен став за вакцинацијата. Како ќе ја победиме пандемијата, како тоа да го направиме, рече премиерот Заев.

Тој нагласи дека единствено што сака Владата е да се исполнат тие цели.

loading...

4Anime 4anime sign up: Watch Death Note (Dub) Episode 1 (https://4anime.biz/m/rjdB/ep-1)

WCOStream wcostream spongebob: Kaguya-sama: Love is War Season 2 Episode 12