(ВИДЕО) Заев и Бочварски на стартот на реконструкцијата на патот преку националниот парк „Галичица“: После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на стартот на реконструкцијата на патот преку националниот парк „Галичица“: После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид
СПАСОВСКИ: Кога ја презедовме власта одлучивме храбро да ги решавме проблемите, наместо да владееме популистички
СПАСОВСКИ: Кога ја презедовме власта одлучивме храбро да ги решавме проблемите, наместо да владееме популистички
БРАВО - Од понеделник започнува закажување вакцинација во домашни услови.
БРАВО - Од понеделник започнува закажување вакцинација во домашни услови.
ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА: Десетмина загинати и 45 повредени во несреќата на косовскиот автобус кај Славонски Брод
ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА: Десетмина загинати и 45 повредени во несреќата на косовскиот автобус кај Славонски Брод
БРАВО - Османи приреди коктел за дијаспората и им порача дека својот мандат ќе го посвети на создавање услови за секој кој има желба да може да се врати во државата
БРАВО - Османи приреди коктел за дијаспората и им порача дека својот мандат ќе го посвети на создавање услови за секој кој има желба да може да се врати во државата
СДСМ ПРИЛЕП - Денеска се навршуваат 64 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто
СДСМ ПРИЛЕП - Денеска се навршуваат 64 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто
БРАВО - СПАСОВСКИ ГО СОТРЕ ПОДЗЕМЈЕТО: ЗА ЕДНА ГОДИНА УАПСЕНИ БЛИЗУ 500 КРИМИНАЛЦИ БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦА
БРАВО - СПАСОВСКИ ГО СОТРЕ ПОДЗЕМЈЕТО: ЗА ЕДНА ГОДИНА УАПСЕНИ БЛИЗУ 500 КРИМИНАЛЦИ БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦА
Заев: Во првиот круг ќе одиме секој сам, а после ќе се поддржиме со ДУИ, БЕСА и со ДПА
Заев: Во првиот круг ќе одиме секој сам, а после ќе се поддржиме со ДУИ, БЕСА и со ДПА

Иницијатива на 12 граѓански организации: Време е за организиран одговор против црната пропаганда, дезинформациите и говорот на омразата

Дванаесет граѓански организации го потпишаа денешното соопштение за јавноста под наслов „Време е за организиран одговор против црната пропаганда, дезинформациите и говорот на омразата“. Соопштението го пренесуваме во целост:

ВРЕМЕ Е

Време е граѓанското општество, сфатено во најширока смисла на зборот, да преземе иницијатива и едногласно да ги отфрли секојдневните дезинформации и говорот на омразата во кои не изостануваат отворените повици на насилство во јавната комуникација. Голема е потребата за организирано, гласно и недвосмислено дејствување против сите облици на радикално дејствување на одредени политички структури во земјава, особено против кампањите со дезинформации и говор на омразата во јавниот, општествениот и политичкиот дискурс во Северна Македонија.

ШТЕТИ

Организациите на граѓанското општество, медиумите и пошироката јавност веќе претрпеа огромни штети од деструктивното влијание на пропагандните центри во и надвор од земјата кои се насочени против долгорочните и стратешките определби на општеството и државата. Политичкото несогласување не е и не смее да се претвори во непријателство и повици на пресметка до истребување. Тоа е спротивно на сите правни и морални принципи на функционирање во едно демократско општество.

КРИТИКА

Граѓанското општество, во кое спаѓаат и медиумите, во изминатите пет години покажаа дека имаат извонреден капацитет и дадоа огромен и квалитетен придонес кон демократските процеси. Тие се видливи и успешни чувари на транспарентноста и одговорноста во политичките процеси, со тоа што постојано и доследно успеваат да ги откријат, анализираат и критикуваат погрешните политики и практики на власта и институциите.

ЦРНИ КАМПАЊИ

Често сме само неми сведоци на црните кампањи и опструкциите во законодавниот дом и секаде каде што се донесуваат одлуки и се спроведуваат јавните политики – општини, институции, училишта, болници, јавни установи и претпријатија. Непријателскиот однос кон политичките неистомисленици во интерните комуникации и во јавноста, кој го практикуваат одредени центри на моќта во политиката и во институциите, директно ги загрозува човековите права и слободи, интересите на поединците и заедниците, а во голем број случаи имаат потенцијал да ја загрозат и стабилноста и безбедноста на земјата.

БОРБА ЗА ВЛАСТ

Дезинформациите, теориите на заговорот, говорот на омразата и повиците на насилство не се ништо друго освен гола борба за власт со најцрните можни средства, кои се спротивни и на законот и на сите демократски стандарди. Политичкиот профит врз грбот на интегритетот на институциите е краткотраен и не им носи ништо добро ниту на јавноста, ниту на државата, па дури ни на оние што водат таква политичка борба.

ЗЛОУПОТРЕБИ

Одредени политички партии, вклучително и нивните лидери и високи партиски функционери, пратеници во парламентот, па и раководители на јавни институции, со години ги злоупотребуваат своите функции, јавните ресурси и привилегии за да шират дезинформации, омраза, страв и поделби во македонското општество.

НИКОЈ НЕ Е ПОШТЕДЕН

Одамна е познато дека мета на деструктивните кампањи се политичките противници, но и активистите, новинарите, интелектуалците и уметниците. Кампањите се ужасни: се повикува на леење крв, убиства и линч, се навредува и плука со најпогрдни можни изрази, се прават фото и видео монтажи, дрско се лаже и се клевети. Дури ни децата не се поштедени во овие грозоморни кампањи.

ОРГАНИЗИРАН ОДГОВОР

Борбата против ова стрмоглаво пропаѓање на основните човечки вредности не започнува и не завршува во институциите, туку кај граѓанките и граѓаните. Граѓанските организации и медиумите, но и сите свесни и совесни луѓе имаат морална обврска решително да ги отфрлат и да ги осудат оние што лажат, клеветат и навредуваат, сите што шират омраза по било која основа и повикуваат на разни „пресметки“, „казни“ и „истребување“. Несогласувањата се причина за аргументирани, па и жестоки дебати, но не и за омраза, клевети, закани и повици за насилство кон „другите“ и „понаквите“.

Потребно е да се формулира и да се упати решителен и организиран одговор на пропагандата, дезинформациите и говорот на омразата. Само така придобивките од придонесот на граѓанското општество во демократските процеси ќе биде одржлив и видлив. Во спротивно, ќе им се остави простор на антидемократските тенденции, а јавната комуникација ќе биде контаминирана со деструкција.

Граѓанките и граѓаните не ги плаќаат политичарите за да сеат омраза и непријателства, не ги плаќаат за да им штетат на институциите и на демократските процеси, туку да работат и да носат одлуки за добробит на општеството и државата.

Јавната осуда и отфрлувањето на омразата ќе создадат атмосфера во која пропагандните центри ќе се почувствуваат осамено и изолирано, а ќе ги охрабри и институциите да ја спроведат својата законска обврска – заштита на законитоста и на јавниот интерес. Се разбира, тоа институциите можат и мораат да го сторат и без охрабрување од јавноста, но вака ќе биде многу полесно.

Соопштението го потпишуваат граѓанските организации:

ЦИВИЛ – Центар за слобода
Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје
Фондација Метаморфозис
Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ)
Здружение ЛГБТ Јунајтед Тетово/ Shoqata LGBT Junajted Tetovë
АКТИВО – Велес
Фондацијата Импакт Нет – Велес (лидери во мисија за мир, слобода и просперитет)
Екозвон
Здружението за истражување, анализи и развој ЗЕЛЕНА ЛУПА- Скопје
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
НЕКСУС Граѓански концепт
Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп (ЦГИ)

loading...

AnimeFreak animefreaks website: Dragon Ball Super (Dub) (https://animefreak.ws/m/RkGE) Episode 131

AniWatch dubbed anime: Don't Toy with Me, Miss Nagatoro (https://aniwatch.pro/m/4W4z) Episode 5