Приведен крадец во Скопје, фатен при обид за тешка кражба, Приведени двајца разбојници во Скопје, Приведени двајца крадци во Штип, следува кривична пријава
Приведен крадец во Скопје, фатен при обид за тешка кражба, Приведени двајца разбојници во Скопје, Приведени двајца крадци во Штип, следува кривична пријава
Ковачевски: Земјоделските субвенции се исплаќаат навремено, со мерки поттикнуваме стабилно и зголемено домашно производство на храна
Ковачевски: Земјоделските субвенции се исплаќаат навремено, со мерки поттикнуваме стабилно и зголемено домашно производство на храна
(ВИДЕО) Ковачевски: Со ребалансот се обезбедуваат средства во висина од 80 милиони евра за антикризни мерки, поддршка на земјоделците и повисоки плати и пензии
(ВИДЕО) Ковачевски: Со ребалансот се обезбедуваат средства во висина од 80 милиони евра за антикризни мерки, поддршка на земјоделците и повисоки плати и пензии
„Gulf oil“ Македонија донираше прехрамбени производи и средства за лична хигиена на семејства на деца со пречки во развојот
„Gulf oil“ Македонија донираше прехрамбени производи и средства за лична хигиена на семејства на деца со пречки во развојот
Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза

САША СТОЈАНОВИЌ, ТЕРМО СИСТЕМ: Иновативните системи за греење и ладење ги намалуваат и сметките за енергија

Потребата од економичен систем за греење или ладење веќе значајно се наметнува како неопходност поради глобалниот притисок врз домашните цени на енергијата. Потрагата како да се намалат месечните трошоци не секогаш е едноставна и брза постапка и за домаќинствата и за бизнис секторот, но правилната стручна информација и демонстрација значајно помага полесно да се одбере систем со висока енергетска ефикасност. Според Саша Стојановиќ, сопственик и основач на Термо Систем, одговорот на сериозните предизвици кои се рефлектираат и со раст на трошоците за греење и ладење е иновативни системи со висока енергетска ефикасност, но и соодветен изложбен простор потрошувачот да се запознае со понудата на пазарот.

„Мултифункционалноста на нашиот новоизграден изложбен простор одговара на секојдневните барања на купувачите за сите системи на греење и ладење. Тука има место и за оние кои бараат иновативни системи со висока енергетска ефикасност и за клиентите кои уредуваат или инвестираат во деловни или станбени објекти. Во нашата работа се стремиме кон интегрирање на опрема со најнова технологија и работење по највисоки стандарди за квалитет“, вели Саша Стојановиќ, сопственик и основач на Термо Систем.

Македонската компанија Термо Систем, која веќе две децении работи на домашниот пазар, се занимава со увоз, трговија, инженеринг и изведба на инсталации во областа на греењето, ладењето, водоводот и обновливите извори на енергија и работи по принципот „сите решенија и производи на едно место“. За да го реализира ова, Стојановиќ во време на најголемата криза со корона пандемијата и другите глобални предизвици инвестираше во нов продажен и изложбен простор со големина од 6.000 m2.

„Изминативе две децении во бизнисот покажаа дека нема лошо време за добра инвестиција. Нашите купувачи и нашите соработници, речиси дваесет години, работат со нас поради палетата производи на светски брендови и идејните решенија што ги нудиме за греење, ладење, водовод и обновливи извори на енергија. Одлучивме да се преселиме во близина на приватната болница Систина, на улица Скупи бр. 47, заради подобри услови за работа и можност нашите клиенти да дојдат во салонот и да ги погледнат сите производи и решенија што ги нудиме“, вели Стојановиќ.

Неговата визија како основач на компанијата била јасна и остварлива – да добие задоволни купувачи, на кои ќе им понуди квалитетни производи и одлична услуга. Термо Систем нуди производи од светски познатите брендови Giacomini, Ariston, Galletti, Fondital од Италија Siemens, Bosch, Wilo, Rothenberger, Аquatherm од Германија, како и многу други производители на опрема во овој сегмент од целиот Балкан.

loading...

link tài xỉu go88

download sunwin đăng nhập sunwin game bài sunwin