МВР ВОВЕДУВА РЕД НА ПАТИШТАТА: 71 санкции за брзо возење на автопат Куманово - Скопје - Велес, 75 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово, 52 санкционирани возачи на мотоцикли во Гостивар, два мотоцикли одземени
МВР ВОВЕДУВА РЕД НА ПАТИШТАТА: 71 санкции за брзо возење на автопат Куманово - Скопје - Велес, 75 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово, 52 санкционирани возачи на мотоцикли во Гостивар, два мотоцикли одземени
НАД ЛУГАНСК СОБОРЕН РУСКИ СУ 25, УБИЕН ПИЛОТОТ БОТАШЕВ КОЈ БИЛ ПОРАНЕШЕН ГЕНЕРАЛ ВО РУСКАТА АВИЈАЦИЈА
НАД ЛУГАНСК СОБОРЕН РУСКИ СУ 25, УБИЕН ПИЛОТОТ БОТАШЕВ КОЈ БИЛ ПОРАНЕШЕН ГЕНЕРАЛ ВО РУСКАТА АВИЈАЦИЈА
ЏОРЏ СОРОС ВО ДАВОС ВЕЛИ ДЕКА ПУТИН МОРА ДА БИДЕ ПОРАЗЕН, МОЖНО Е ДА ИМА ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА
ЏОРЏ СОРОС ВО ДАВОС ВЕЛИ ДЕКА ПУТИН МОРА ДА БИДЕ ПОРАЗЕН, МОЖНО Е ДА ИМА ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА
ШОКАНТНА ИЗЈАВА НА ЕКС ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР НА САД, КИСИНЏЕР: ЗАПАДОТ МОРА ДА ЈА РЕСПЕКТИРА РУСИЈА, ЌЕ МОРА ДА И ДАДЕ ДЕЛ ОД УКРАИНСКАТА ТЕРИТОРИЈА ЗА ДА СЕ ПОСТИГНЕ МИР
ШОКАНТНА ИЗЈАВА НА ЕКС ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР НА САД, КИСИНЏЕР: ЗАПАДОТ МОРА ДА ЈА РЕСПЕКТИРА РУСИЈА, ЌЕ МОРА ДА И ДАДЕ ДЕЛ ОД УКРАИНСКАТА ТЕРИТОРИЈА ЗА ДА СЕ ПОСТИГНЕ МИР
ВО УКРАИНА УБИЕН ВНУКОТ НА РУСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА
ВО УКРАИНА УБИЕН ВНУКОТ НА РУСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА
ФБИ УАПСИ АМЕРИКАНЕЦ СО ПОТЕКЛО ОД ИРАК - РАДИКАЛЕН ПРИВРЗАНИК НА ИСИС ИМАЛ ПЛАН ЗА АТЕНТАТ ВРЗ ЕКС ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА САД ЏОРЏ БУШ
ФБИ УАПСИ АМЕРИКАНЕЦ СО ПОТЕКЛО ОД ИРАК - РАДИКАЛЕН ПРИВРЗАНИК НА ИСИС ИМАЛ ПЛАН ЗА АТЕНТАТ ВРЗ ЕКС ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА САД ЏОРЏ БУШ
Ковачевски – Драги: Остварените резултати да имаат завршница со итно отворање на пристапните преговори
Ковачевски – Драги: Остварените резултати да имаат завршница со итно отворање на пристапните преговори
СДСМ во САД, учествува во програмата за политички лидери организирана од американската амбасада во Скопје
СДСМ во САД, учествува во програмата за политички лидери организирана од американската амбасада во Скопје

(ИНТЕРВЈУ) Бугарија сака „победа“ преку тврдењето дека Македонците до 44′ биле Бугари

Драги Ѓоргиев, копретседател на македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања во интервју за „Фокус“ ги коментира новите случување во македонско-бугарскиот спор, како и новиот шестмесечен план на бугарскиот премиер Кирил Петков.

Разговараше: Катерина Смилева Божиновска

ФОКУС: Што ќе донесе новиот шестмесечен план на новиот бугарски премиер Кирил Петков за работата на Комисијата за историски и образовни прашања?

Ѓоргиев: Мислам дека тоа сė уште е само на ниво на идеја на која треба да се работи и која во суштина би можела да го поттикне процесот на разговори и да ја подобри атмосферата меѓу двете земји. Но и покрај тоа, не сум сигурен дека историско-образовните недоразбирања би можеле да се разгледуваат на ист начин и со иста динамика како оние од областа на инфраструктурата, бизнисот, културата, за кои се планира формирање посебни комисии/тела.

ФОКУС: Зошто го мислите тоа?

Ѓоргиев: Затоа што прашањата што ги разгледува историската Комисија по својата суштина и сложеност и по својот интензитет и чувствителност се неспоредливи и сосема различни во однос на предизвиците со кои ќе треба да се справуваат новопланираните комисии/тела. Но, без разлика на тоа, мислам дека идејата е добра од аспект на тоа што на извесен начин ќе се дефокусира јавноста од историските прашања, иако мислам дека историјата секогаш ќе биде на врвот на интересот на јавноста и целосно дефокусирање е невозможно.

ФОКУС: Дали сметате дека е можно да се затворат сите отворени историски прашања во рок од шест месеци?

Ѓоргиев: Поставувањето рокови за постигнување резултати во работата на Комисијата е контрапродуктивно за нејзината работата. Штетата од било какви избрзани одлуки донесени под притисок на временски рокови диктирани од политиката, би била непоправлива. Недоволно обмислени и површни одлуки кои не би биле прифатени во двете општества, би создале ситуација полоша и од сегашната која трајно ќе ја наруши довербата меѓу двете општества и двата народа (која веќе е на многу ниско ниво) и тоа би било тешко поправливо. Оттука, сметам дека рокот од шест месеци за постигнување резултати за историско-образовните прашања е нерационален, а изедначувањето на историската комисија со другите комисии/тела кои би се формирале, е несоодветно.

ФОКУС: А, што би донеле другите комисии во процесот?

Ѓоргиев: Би било подобро доколку во догледен период се постигнат резултати во други области кои се важни за двете општества. Тоа би помогнало да се врати довербата, а разговорите за историско-образовните прашања би се одвивале во попристојна атмосфера, а не агресивно да се инсистира на постигнување резултати по секоја цена и на кратки рокови. Во услови кога отсуствува пристојна политичка атмосфера во односите меѓу двете земји и кога историјата се уште е една од главните алатки кои едната страна ги користи за оправдување на своите политички позиции, апсурдно е да се очекуваат резултати од Комисијата. Работата на ниту една историска комисија, а ги има неколку меѓу различни европски држави, никогаш не била врамена во временски рокови диктирани од политиката (некои работеле и работат со децении), ниту пак комисиите биле користени како политички алатки за постигнување политички цели.

ФОКУС: Кои се трите историски прашања за кои имате најголеми разлики со бугарските колеги?

Ѓоргиев: Не би зборувал за конкретни прашања, туку за генерално различен пристап во работата на Комисијата и за различни парадигми на разбирање на историјата. Како што и порано сме потенцирале, еден од главниот проблем во работата е настојувањето бугарската страна да биде „победник“ во овој крајно исполитизиран историски спор. А таа „победа“ би се постигнала преку тврдењето дека географскиот регион Македонија историски е бугарски, а Македонците до 1944 г. биле Бугари. Исто така, тука е и инсистирањето од бугарска страна на „заедничката историја“, која започнува во IX век и трае до 1944 г. и која се заснова на убедувањето дека станува збор за единствена и во времето скаменета историја на само еден народ, бугарскиот народ од кој неразделен дел се Македонците. Таквиот пристап се отсликува во сите прашања кои ги разгледува Комисијата и преку нив се настојува да се прикаже и потенцира тој илјадалетен историски континуитет.

Треба да се потенцира дека ниту еден сличен спор во Европа и светот не бил надминат со триумф на едната врз другата страна. Напротив, споровите се надминуваат преку дијалог, самокритика кон сопствениот национален историски наратив, соочување со болните моменти од минатото, прифаќање на Другиот и неговите историски традиции и посебности. Исто така, секогаш треба да се имаат во предвид примерите на другите европски држави, чии искуства денес се внесени во препораките на УНЕСКО и Советот на Европа, како и посредништво од страна на експерти за надминување на вакви спорови.

ФОКУС: Кога треба да го имате следниот состанок и има ли во план интензивирање на работата на Комисијата?

Ѓоргиев: Следната средба треба да се одржи на 24 и 25 февруари идната година. Начелно се планирани пет средби, колку што се одржаа и оваа година.

loading...

animeflix website. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

Attack on Titan Season 2

DON'T TOY WITH ME, MISS NAGATORO

My Hero Academia Season 5 (Dub) Episode 19

anime flix ANIMEFLIX Pokémon Journeys: The Series

Hunter x Hunter (2011) Episode 144