ПОРТАЛОТ ФАКТОР КОЈ ВАЖИ ЗА ОМИЛЕН НА ОГЛАСУВАЧИТЕ ТРГНА ВО ЛИНЧ И ЗАМОЛЧУВАЊЕ НА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ
ПОРТАЛОТ ФАКТОР КОЈ ВАЖИ ЗА ОМИЛЕН НА ОГЛАСУВАЧИТЕ ТРГНА ВО ЛИНЧ И ЗАМОЛЧУВАЊЕ НА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ
(ВИДЕО) Е ОВА Е СТРАШНО: СО НОВАТА КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНОЛОГИЈА, МОЖЕ ДА СЕ КРЕИРА ЛАЖНО ВИДЕО СО ЛИКОТ И ГЛАСОТ НА ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ
(ВИДЕО) Е ОВА Е СТРАШНО: СО НОВАТА КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНОЛОГИЈА, МОЖЕ ДА СЕ КРЕИРА ЛАЖНО ВИДЕО СО ЛИКОТ И ГЛАСОТ НА ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ
МИЛЕВСКИ: Интересот за самостоен настап на членовите на ЛДП е голем. Досега потврдивме 52 советнички листи низ државата.
МИЛЕВСКИ: Интересот за самостоен настап на членовите на ЛДП е голем. Досега потврдивме 52 советнички листи низ државата.
И ОВОЈ САКА ДРЖАВА ДА ВОДИ - МИЦКОВСКИ ПЛАЧЕ ОД БОЛНИЦА, КАКО ДЕТЕ ИНФАНТИЛНО РАЗГАЛЕНО: ГЛАВАТА МИ ПУКА, МОЖНО Е ДА УМРАМ, АМА АКО ПРЕЖИВЕАМ ИМА ДА СЕ ОДМАЗДАМ НА СИТЕ!
И ОВОЈ САКА ДРЖАВА ДА ВОДИ - МИЦКОВСКИ ПЛАЧЕ ОД БОЛНИЦА, КАКО ДЕТЕ ИНФАНТИЛНО РАЗГАЛЕНО: ГЛАВАТА МИ ПУКА, МОЖНО Е ДА УМРАМ, АМА АКО ПРЕЖИВЕАМ ИМА ДА СЕ ОДМАЗДАМ НА СИТЕ!
ГЕНИЈАЛЕН ПОТЕГ НА ЗАЕВ, МИЦКОВСКИ НЕМА ДЕН ДА НЕ БИДЕ МЕНТАЛНО ИЗРЕМЕТЕН, ПОЧНУВА ЖАЛ ДА МЕ ФАЌА ЗА ТАТИНОТО СИНЧЕ ОД ВЛАЕ
ГЕНИЈАЛЕН ПОТЕГ НА ЗАЕВ, МИЦКОВСКИ НЕМА ДЕН ДА НЕ БИДЕ МЕНТАЛНО ИЗРЕМЕТЕН, ПОЧНУВА ЖАЛ ДА МЕ ФАЌА ЗА ТАТИНОТО СИНЧЕ ОД ВЛАЕ
(ВИДЕО) КАКОВ ГАФ НА МИЦКОВСКИ, ОВОЈ Е ФИНАНСИСКИ НЕПИСМЕН, МИСЛИ ДЕКА ВО ЕДНО ЕВРО ИМА 100 ФЕНИНЗИ НАМЕСТО 100 ЕВРО ЦЕНТИ?!?!
(ВИДЕО) КАКОВ ГАФ НА МИЦКОВСКИ, ОВОЈ Е ФИНАНСИСКИ НЕПИСМЕН, МИСЛИ ДЕКА ВО ЕДНО ЕВРО ИМА 100 ФЕНИНЗИ НАМЕСТО 100 ЕВРО ЦЕНТИ?!?!
Филипче: Вакцинација со „Спутник В“ ќе почне в среда, вакцините ќе пристигнат утре
Филипче: Вакцинација со „Спутник В“ ќе почне в среда, вакцините ќе пристигнат утре
И ДУХОВНИОТ ЛИДЕР НА БУДИСТИТЕ, ДАЛАЈ ЛАМА СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ОД КОВИД ВО ИНДИЈА
И ДУХОВНИОТ ЛИДЕР НА БУДИСТИТЕ, ДАЛАЈ ЛАМА СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ОД КОВИД ВО ИНДИЈА

(ИНТЕРВЈУ) Есмеров: Мицкоски е политичко сидро кое го држи ВМРО приковано во опозиција!

Христијан Мицкоски да си даде оставка од лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ и конечно да го исполни ветувањето кое го даде во предизборието. Ова во интервју за „Фокус“ го потенцира Игор Есмеров, поранешен амбасадор на земјава во Унгарија во периодот од 2014-2018 година и поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека точно не знае кој е мотивот на актуелнит лидер толку цврство да се држи за фотелја во Белата палата, но претпоставува дека најреална причина за тоа е слабиот демократски капацитет.

Разговараше: Валентина Вурмо

ФОКУС: Се случува раздор во ВМРО-ДПМНЕ. Дел од членовите бараат оставка, но Мицкоски засега не се предава. Дали излезот е вонреден конгрес?

ЕСМЕРОВ: Едно од решенијата е вонреден конгрес, но најдоброто решение, од кое и лично Мицкоски би освоил најмногу симпатии во јавноста е да си поднесе неотповиклива оставка и да учествува во организацијата на тој вонреден конгрес. Евe, и вие сте добиле впечаток дека “не се предава”. Во демократски партии зборот “предава” не постои во дискусиите после 4 изборни порази, но постојат зборовите “морална одговорност, личен кредибилитет на тежина на ветеното”. Колку што се сеќавам, некој вети во предизборието дека не само доколку не победи на изборите, туку и доколку не ја формира владата после изборите, ќе си поднесел неотповиклива оставка. Со тоа се е кажано.

ФОКУС: Мицкоски за себе вели дека е последната брана од сите политичари кои се навлезени во криминал и корупција. Што мисли членството на ВМРО-ДПМНЕ?

ЕСМЕРОВ: Дел од членството најверојатно го мисли истото, но како и да е, само членството не носи победа на избори. Победата зависи од предизборната платформа на партијата, начинот на кој ќе биде презентирана таа програма и кредибилитетот на човекот кој ќе ја презентира пред граѓаните, а во голем дел и од начинот на делување и потезите кои се влечат во „неизборниот период“. Очигледно е дека и покрај катастрофалните економски резултати на СДСМ, ние губиме 4 изборни циклуси по ред. Тоа е факт од кој може да се извлече едноставен заклучок дека граѓаните во овие 4 изборни циклуси не го гледаат Мицкоски како “последната брана од сите политичари кои се навлезени во криминал и корупција”, но се повеќе членовите, симпатизерите и неопределените граѓани, но и низа влијателни личности од ВМРО го гледаат како “прва препрека на ВМРО во борбата со СДСМ”. СДСМ не владее затоа што се подобри, туку затоа што граѓаните се убедени дека ВМРО е полошо и не испорачуваат соодветни резултати.

ФОКУС: И вие излеговте со критики за лидерот Мицкоски, па дали сте дел од иницијативата за негова смена?

ЕСМЕРОВ: Не сум дел од “иницијативата за вонреден конгрес”, но сум дел од иницијативата за негова смена, која би започнала со негова неотповиклива оставка и организирање на вонреден конгрес, во чија што организација би учествувал и Мицкоски. Мој став е дека треба да има демократски конгрес и мирно примопредавање, без разлика кој и да биде следен претседател.

ФОКУС: Мицкоски е убеден дека членството е со него и дека негова смена бараат само соработници на Заев, за кои вели дека се во хотелска кооалиција. Која според вас е реалноста?

ЕСМЕРОВ: Таквиот став не му доликува на еден лидер на партија каква што е ВМРО, партија со традиција и историја и во дел од јавноста остава впечаток на ниско ниво на образование и домашно воспитание. Луѓето кои бараат негова оставка се истите оние кои му ја дадоа довербата на конгрес. Никој од нив никогаш не споменал во ниту еден момент станови во Виена, договор за клириншки долг со Русија, Schaffhausen часовници, случувањата во советничката група во Општина Гази Баба, а поврзани со изградба на еден станбено-деловен комплекс и останати глупости. Тоа е голема разлика.

Сепак, според она што може да се заклучи е дека Мицкоски, откако стана претседател, ВМРО не знае што е тоа победа на избори, а дали е тоа намерно или не, не знам. Но, доколку впечатокот на Мицкоски дека луѓето кои бараат оставка од него му помагаат на Заев се до толку влијателни во опшеството, тогаш логично е да се обиде да ги придобие и да ги направи сојузници, а не да ги навредува и да ги направи непријатели. Некоректно е претседателот на било која партијата да ги обвинува членовите за пораз, а себеси да се амнестира. Тоа не претставува лидерство, тоа не е ниту храброст.

ФОКУС: Кои се вистинските мотиви поради кои толку цврсто се држи за лидерската фотелја во Белата палата?

ЕСМЕРОВ: Инаку не знам дали ја држи лидерската позиција во партијата поради лукративни причини, среброљубие, суета, его, лични фрустрации или нешто шесто, но сигурно не ја држи поради испорачани резултати, визија или идеологија. Не сум психолог. Мислам дека слабиот демократски капацитет е нај реалната причина.

ФОКУС: Дали протестите се вистинскиот начин да се активира членството и дали според вас ќе вродат со плод?

ЕСМЕРОВ: Доколку мислите на протестите во организација на ВМРО, евидентно е дека се забележува одредена истоштеност и разочараност кај членството, кое е верно и ја сака партијата, но безидејноста на првиот човек го спласнува целиот тој првичен набој. На пример, на социјалниот протест против поскапувањето на струјата се случи членовите да дојдат пешки, а функционерите со “бесни автомобили”. Тоа е врвно лицемерие. Таа безидејност и истрошеност на првиот човек после 4 последователни изборни порази, променето име, катастрофални економски политики на СДСМ, го моделираат Мицкоски во политичко сидро, кое го држи ВМРО приковано во опозиција.

ФОКУС: Дали Мицкоски е под контрола или во координација со поранешниот лидер Никола Груевски?

ЕСМЕРОВ: Не верувам.

ФОКУС: Дали ви е познато во каква финансиска положба е ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски се жалеше дека се нема ниту за сметки?

ЕСМЕРОВ: Партијата има доволно финансиски средства, повеќе од било кога во минатото. А за начинот на кој се трошени ќе треба да се обратите кон соодветните институции.

ФОКУС: Кој би можел да биде новиот лидер на партијата. Дали Сашо Мијалков има лидерски претензи, или фотелјата подобро би му легнала, на пример, на Митко Јанчев?

ЕСМЕРОВ: Колку што сум информиран, Мијалков немал никогаш лидерски амбиции во минатото, а уште помалку сега. Тие информации се само спин со кој би се оттргнало вниманието од одговорноста на лидерот за изборните порази и префрлање на целата вина на адреса на Мијалков и се прави обид да се изгради наратив дека сите се виновни, само Мицкоски не е виновен, иако е претседател. Тоа е исто како при пропаѓање на една фабрика да ги обвините работниците, а не директорите. Отсликано во извршната власт, доколку хипотетички Мицкоски некогаш стане премиер, тоа одприлика би звучело вака: “Државата не се развива и стагнира и за тоа народот е виновен, а премиерот за тоа не е виновен”. Ваквиот наратив беше и неформално понуден како причина за изборниот пораз, па добар дел од партиските ботови по директива ја ширеа небулозната теза дека народот не излегол да гласа и затоа ВМРО изгубило, со што вината се префрла кај граѓаните, што претставува тотална глупост.

Наследник на Мицкоски може да биде секој член на партијата кој ги исполнува критериумите според статут.

loading...

The King's Avatar (https://animeflix.nl/m/bRqW) Episode 12 at ANIMEFLIX dragon ball animeflix

Watch The Hidden Dungeon Only I Can Enter Episode 2 at website https://animeheaven.pro animeheaven hunter x hunter