Заев со писмо до сопартијците: Време е за обединување и работа затоа што од другата страна се истите насилници и криминалци кои ја уништуваа земјата со години
Заев со писмо до сопартијците: Време е за обединување и работа затоа што од другата страна се истите насилници и криминалци кои ја уништуваа земјата со години
(ВИДЕО) БОМБА - БЕСА И АЛИЈАНСА ПОСТИГНАА ЛОКАЛНА КОАЛИЦИЈА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ТЕТОВО И ГОСТИВАР
(ВИДЕО) БОМБА - БЕСА И АЛИЈАНСА ПОСТИГНАА ЛОКАЛНА КОАЛИЦИЈА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ТЕТОВО И ГОСТИВАР
(ВИДЕО) ВАРХЕИ ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ЕУ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: АЛБАНИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИСПОРАЧАА, ВРЕМЕ Е НИЕ ДА СИ ГО ОДРЖИМЕ ЗБОРОТ!
(ВИДЕО) ВАРХЕИ ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ЕУ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: АЛБАНИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИСПОРАЧАА, ВРЕМЕ Е НИЕ ДА СИ ГО ОДРЖИМЕ ЗБОРОТ!
ВО КАВАДАРЦИ ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ
ВО КАВАДАРЦИ ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ
Ексклузивно на МИА: ЕК смета дека власта треба да продолжи со реформите и да се фокусира на спроведување на постоечката законска рамка наместо на спорадични нови иницијативи
Ексклузивно на МИА: ЕК смета дека власта треба да продолжи со реформите и да се фокусира на спроведување на постоечката законска рамка наместо на спорадични нови иницијативи
Привремениот престој во Северна Македонија заврши за уште 27 граѓани на Авганистан, траен престој им обезбеди Ирска
Привремениот престој во Северна Македонија заврши за уште 27 граѓани на Авганистан, траен престој им обезбеди Ирска
Гемак Трејд одбележува 30 години од своето основање - Три децении синоним за одржливост, успех и иновативност
Гемак Трејд одбележува 30 години од своето основање - Три децении синоним за одржливост, успех и иновативност
ТРИЧКО НАЦИОНАЛЕ: НЕ ДОБИ СДСМ ШАМАР, МАКЕДОНЕЦОТ САМ СЕБЕ СИ УДРИ ШАМАР!
ТРИЧКО НАЦИОНАЛЕ: НЕ ДОБИ СДСМ ШАМАР, МАКЕДОНЕЦОТ САМ СЕБЕ СИ УДРИ ШАМАР!

ИНТЕРВЈУ ФИЛИПОВСКИ: За секој квадрат нов бетон во Аеродром ќе има двојно повеќе зеленило

Александар Филиповски е предлог кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром, скопската општина во која сега се уште прв човек е Златко Марин, кадар на истата партија. Во интервју за Фактор вели дека уште кога решил да влезе во политиката сакал да донесе позитивни промени, а сега е пред предизвикот тоа да го исполни. Но дали ќе успее да седне во градоначалничката фотелја и како да ја стекне довербата, доста разнишана и поради многу неисполнети ветувања на својот претходник. Вели дека ќе изгради нови градинки во општината, а ќе инсистира на многу зеленило. Тврди дека во Аеродром, за жал, се уште се гледале последиците од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, а градбите кои никнале сред урбаното јадро влечеле корени од тоа време. Се залага за поголема вклученост на јавноста во урбанизацијата и итни промени во насока на фискална децентрализација, со цел општините да станат вистински независни во финансирањето и одлучувањето.

Сегашниот градоначалник, ваш сопартиец,имаше големи ветувања, но се соочи со доста предизвици во својот мандат. Како ќе работите, граѓаните очекуваат дела, капитални проекти, зеленило, решенија за почист воздух…

Филиповски: Јас влегов во политиката подготвен за предизвици и решен да донесам позитивни промени, а мотивацијата е уште поголема кога станува збор за Аеродром. Ова е општина која навистина многу добро ја познавам и тоа ми дава дополнителна сила да се борам за подобрување на живтотот во неа.

Мислам дека клучнотозасекојалокалнасамоуправа е комуникацијатасограѓаните – тукасепочнува и завршува. За дa знаеме во секој момент што е она што е потребно и најитно да се реши и да можеме да ги планираме идните проекти соодветно реалните потреби. Доколку оваа комуникација се одржува, тогаш немам сомнеж дека заеднички можеме да ги надминеме сите предизвици. Токму на ова ќе се фокусираме во претстојниот период, а истата практика ќе ја продолжиме и понатаму.

Особено кога станува збор за локална политика, граѓанитетребадагласаатзачовек и неговатапонуда. Работата на локалната самоуправа е многу конкретна и видлива во секојдневието. Токму затоа и ми се допаѓа. Тоа што ќе го претставам во следниот период нема да биде кампања за избори, туку план за работа во следните четири години. И знам дека граѓаните ќе препознаат искреност.

Кој ќе работи на вашата програма и како ќе ја креирате? Кои ќе ви бидат првите топ пет приоритети?

Филиповски: Програмата е поставена врз основа на потребите идентификувани во секое маало поединечно. Аеродром е разнолика општина и токму затоа при планирање на идните проекти се трудевме да го третираме секој дел посебно, а потоа и да размислуваме за што недостасува во целост. Во следниот период, како што најавив, интензивно ќе организираме средби со граѓани, со цел да ги потврдиме активностите кои се веќе планирани, но и да ја дополниме програмата, согласно она што ќе го слушнеме на терен. Онаму кадешто недостасуваат паркинг места, ќе овозможиме нови, кадешто се потребни нови објекти за градинки и училишта, во соработка со соодветните институции ќе ги обезбедиме. Ќе работиме на нови и побезбедни сообраќајни решенија, ќе градиме детски и спортски игралишта.

За секој квадрат нов бетон ќе има двојно повеќе зелени површини, а зелената агенда ќе биде во посебен фокус. Апсолутно ќе продолжиме со нови садници, зелени површини, системи за наводнување, маалски паркови и субвенции за системи за греење, но исто така ќе почнеме да работиме на трајни решенија. Тоа значи воспоставување соработка со околните општини за строга контрола на загадувачите, подобра јавна хигиена, обновени енергетско ефикасни фасади на приватните и јавни објекти и така натаму. Имам и идеја како да го решиме греењето во Лисиче и да ги намалиме трошоците на жителите во тој регион, но за тоа понатаму.

Цврсто сум решен општината да ја претворам во вистински сервис на граѓаните и токму тоа ќе ми биде приоритет. Мислам дека се потребни темелни промени, со цел да изградиме поефикасни служби во кои работи мотивиран кадар. Тоа за граѓаните значи побрзо решавање предмети, вклучително и легализации; одговор за СЕКОЕ ПРАШАЊЕ – да го заборавиме терминот „не е наша надлежност“. Ова ќе го постигнеме со поставување нови алатки за комуникација, кои ќе овозможат поедноставен пристап до информации, но и преку реорганизација и зајакнување на службите и Советот. Се надевам дека ваквиот начин на работа ќе придонесе и за градење нови партнерства, со граѓански организации и други локални чинители, за заеднички да ја обликуваме општината. Крајно време е да се воспостави структуриран дијалог на локално ниво.

Ќе посветиме големо внимание на економскиот развој. Ќе обезбедиме поддршка за социјални трансфери, претпиемништвото и отворањето нови бизниси преку микро-мапирање на потребите на граѓаните во одреден реон.

Истовремено, ќе работиме на обезбедување дополнителни средства за развој на општината. Повеќе средства практично значи повеќе градинки, училишта, обновени патишта, повеќе паркови, поголема независност за одлучување на општината и севкупно поквалитетен живот за граѓаните во неа. Можеби и многумина знаат, јас сум ко-основач на Sherpa Horse Riding на Галичник. Инвестициите кои ги реализираме таму, се делумно поддржани од странските фондови за развој кои за жал до ден денес остануваат значително неискористени во нашата држава. Точно е дека општините се во голема мера ограничени во финансирањето и ова е проблем кој трајно ќе се реши единствено со фискална децентрализација. Но, додека го водиме тој процес, не смееме да дозволиме работата да запре – особено не кога средствата се достапни. Она што недостасува е знаење и упорност да се дојде до нив. Знаењето го носам со себе, а со упорноста сум роден.

Изградба на училишта, места во градиниките, наместо терени за голф кои не се готови, зеленило наместо новизгради – ама и Златко Марин ветуваше, но не успеа. Како ќе понудите решенија и како патем граѓаните треба да ви веруваат?

Филиповски: Недостатокот на места во градинките и нешто што не можеме да си го дозволиме во 21 век. За почеток во програмата ја имаме предвидено изградбата на нова градинка во Мичурин, со капацитет за 300 деца и целосна реконструкција на градинката во населба Лисиче. Но, веднаш по тоа ќе направиме проценка на кои други места се потребни дополнителни капацитети и обновувања, но и долгогодишен план за развој кој ќе ги следи идните потреби. Сите знаеме дека во Аеродром никнаа населби во населби. И за нив се потребни нови градинки, училишта, игралишта, маркети. Но, не смее за овие потреби да се размислува ретроактивно, туку мора да се планираат однапред за да не дојдеме во ситуација да граѓаните бараат – туку да обезбедиме навремено. Понатаму, парковите, детските и спортски игралишта, улиците мора постојано да се одржуваат. Не треба реконструкција или чистење да биде настан – тоа треба да е секојдневна практика. Сето ова ќе го постигнеме со навремено планирање и зајакнување на службите кои се носители на услугите кои ги нудиме како општина.

Од капиталните проекти предвидени во програмата, освен градинки предвидуваме и изградбана младинскикултуренцентар, затворенибазени, катни гаражи онаму кадешто е потребно и средно училиште, во соработка со Град Скопје. Ковид кризата покажа дека е потребно уште многу да се вложува во училиштата – и во опрема и во самиот образовен процес. Ќеобезбедиме силна поддршка за сите на кои им е потребна – на ученици, нивните родители и секако за кадарот. Децата секогаш го заслужуваат најдоброто.

Како што можете да видите, јас не само што имам план за развој на Аеродром, туку имам и конкретен план за негова реализација. Во Аеродром сум пораснат и сите што ме познаваат знаат дека сум човек од збор. За останатите, верувам дека ќе можат брзо да проценат.

Изградбата на нови згради и урбанизацијата ветуваа и се обидоа да ја спречат и градоначалници на други општини. Имаше и мораториуми на ДУП, но процесите не застанаа, сега работите се можеби уште поолоши за сите страни? Како во евентуален ваш мандат ќе се гради во Аеродром?

Филиповски: Во Аеродром, за жал, се уште ги гледаме последиците од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Градбите кои никнаа сред урбаното јадро влечат корени од тоа време и како што се докажа повеќе пати тешко се елиминираат. За среќа, градењето во овој дел е при крај, а поуката не смееме да ја заборавиме: урбанистичкото планирање го дефинира ликот на општината, а со тоа и квалитетот на животот во неа. Токму затоа, она што ми е лично многу важно за урбанизацијата е да ја водиме заедно со граѓанските и експертски организации. Ова е нешто што многу недостасува во моментот и клучен пресврт во функционирање на општината.Согласно новиот Закон за урбанистичко планирање, партиципативното тело е орган, механизам кој мораме да го искористиме. Тоа е составено од заинтересирани граѓани од различни урбани заедници (населби), здруженија и стручна јавност. Но, не смее да дозволиме и ова тело да постои само „на хартија“. Ќе се залагам истото да биде функционално, проактивно и да биде наш „коректор“ во делот на урбанистичкото планирање.

Наша задача како градоначалници ќе биде да го водиме развојот на градот. Во таа смисла, при урбанизацијата, мора да се задржи или подобри квалитетот на живот. Да го заштитиме урбаниот дел од високои градби и да го насочиме фокусот кон помалку развиени парцели, да преговараме за поголем процент на зеленило во рамки на градежните парцели, а за почеток да го почитуваме барем законскиот минимум од 20% зеленило во рамки на градежната парцела. Ова е една позитивна промена по новиот Закон за урбано зеленило, но сметам дека истата недоволно се спроведува. Е, тука и инспекциските служби мора да бидат поажурни и присутни на терен.

И конечно, еднаш засекогаш да застанеме решително и да го завршиме процесот на децентрализација, особено фискалната децентрализација. Практично, општините денеска се зависни од комуналиите (т.н. такса за уредување на градежно земјиште), која секој инвеститор ја плаќа на општините при нови градби. Имаме парадоксална ситуација. Ако сакаме да вложуваме во нови градинки, училишта или паркови треба да имаме стабилни приходи. А, најстабилен и најсигурен извор за финансирање, особено на скопските општини, се токму комуналиите. Преку ЗЕЛС, ќе се залагам за сериозни промени во законската регулатива и да се обезбедат нови начини за финансирање на сите единици на локалната самоуправа, како на пример поголем процент од ДДВ, од данокот за игри на среќа и сл. За пет до шест години ќе се доведеме во ситуација кога и реално ќе нема каде да се гради, а дел од скопските општини се веќе и соочени со ова. По ова прашање ни требаат итни промени, кои секако ќе случат во инклузивен процес, со учество на стручната јавност, граѓаните и организациите.Само така општините ќе станат вистински независни во финансирањето и во одлучувањето.

Вие бевте пратеник, а сте приватен стопанственик – зошто влегувате во оваа трка?

Филиповски: Затоа што сето мое досегашно искуство сум подготвен да го вложам во една цел – подобрување на животот во Аеродром. Знам точно како ќе го постигнеме ова, а уште поважно знам и како. Имам поминато повеќе од дванаесет години во приватниот сектор, што ми е инспирација за внесување нова енергија и нови практики во општината – практики кои своевремено ќе донесат поквалитетни услуги за граѓаните.

Исто така, предложен бев од голем број месни одбори во Аеродром, добив силна поддршка од партиското членство, но и од сите граѓани во општината. Во политиката сум долго време, секогаш со желба да придонесам за општествениот живот најдобро што можам.

Во однос на моето време во Собранието, бев пратеник на Социјалдемократскиот сојуз во дел од претходниот мандат. Иако кратко, ми беше голема чест да ги претставувам интересите на граѓаните во највисокото законодавно тело во нашата држава, особено во период кога се донесоа навистина важни одлуки. Заедно со тогашниот пратенички состав на коалицијата се изборивме за закони со кои се покачија минималната и просечната плата, го изгласавме влезот во НАТО, што само по себе носи стабилност и просперитет во државата и други законски решенија кои имаат видливи резултати денес.

Во сите овие процеси имав прилика да сведочам колку вистинските политики можат да придонесат за поквалитетен живот на граѓаните, но истовремено колку погрешните приоритети можат да бидат деструктивни. Безбројните амандмани што ги поднесуваше опозициската ВМРО-ДПМНЕ кочеа закони чиишто бенефити граѓаните со години ги чекаа. Недозволиво е да се одоговлекуваат одлуки кои се од корист за граѓаните за ситни политички поени. Ваквиот начин на работа се надевам и очекувам да се смени. Време е сите политичари и јавни службеници да развијат повисока свест и заедно да работиме за доброто на народот.

Cвоевремено бевте претседател на МЗТ – што ќе се случува со тимот ако добиете мандат? Каква поддршка?

Филиповски: МЗТ Скопје и Family Aerodrom, кадешто членувам повеќе од 25 години се значаен дел од мојот живот. Целото искуство ми дава силен мотив да работам за унапредување на клубот од една страна, но и на зацврстување на духот на Family Aerodrom. Се надевам дека ќе успееме да најдеме успешна формула за да ги вратиме „хемијата“ и другарството од „лименката“ – старата сала на МЗТ. Колку и да звучи тешко, јас знам дека е возможно.

Во следниот мандат секако ја продолжуваме поддршката за МЗТ. Ќе овозможиме целосна финансиска поддршка за враќање на тимот кадешто припаѓа – во АБА1. Понатаму, потребна е реорганизација на управниот одбор на МЗТ, со што ќе дадеме приоритет на лица со значително професионално релевантно искуство кои ќе придонесат за развој на клубот. Исто така сакам да ги вклучиме најголемите поддржувачи во фунцкионирање на клубот.

Но, планираме инвестиции во спортот и надвор од КК МЗТ. На пример, во програмата имаме предидено формирање спортско здружение во кое ќе се вклучат еминентни спортисти кои ќе го искористат своето искуство за развој на општинските таленти. Здружението ќе вклучи повеќе спортови и ќе овозможи целосна грижа за младите – од кариерно советување, до нутриционистички совети обезбедени од професионалци. Младинските категории се особено важни и тоа е така во секој спорт. Ако не вложуваме во новите генерации тогаш не можеме да зборуваме за системски промени во спортот. Затоа како земја имаме сериозен проблем при секоја смена на генерација, последно со кошарката и ракометот. Вложувањето во талентираните млади играчи, младински школи е особено важно и како градоначалник, ќе работам за нивна поголема поддршка.

Вие во каков Аеродром сакате да живеете? Ви се допаѓа сега?

Филиповски: Чист, зелен, урбан и развиен, но комотен за живеење. Мислам дека тековното одржување може значително да се подобри, особено во поглед на јавната хигиена и зелените површини. Она што многу сакам е да го вратиме маалскиот дух, односно да создадеме услови идните генерации да го вратат заедно со нас. И секако, Аеродром мора да прерасне во Општина која има што да понуди на секој свој жител, без разлика колку години има и во која населба живее. Мислам дека, освен во младите, треба повеќе да се вложува и во услови за ранливите категории и за повозрасните. Она што во моментот најмногу недостасува, според мене, е редовна комуникација со жителите, план и континуитет во работата. Ако ги имаме овие три елементи, се е возможно.

Кој сте всушност приватно?

Филиповски: Татко, сопруг, посветен работник, љубител на планински спорт. Поминувам колку што можам повеќе време со сопругата и ќерката. Присуството на двајцата родители во домот е многу важно за развојот на децата, особено во првите години. Навистина се трудиме да постигнеме рамнотежа и да поминуваме квалитетно време заедно. Сопругата ми е голема поддршка. Работните обврски, политичките ангажмани бараат откажувања, помалку слободно време, и сум ѝ благодарен што има разбирање и толеранција кон мене.

Исто така се обидувам да одржувам односи со пријателите, честопати седиме во маало и разговараме за секојдневието. Од кога знам за себе сум бил опкружен со луѓе, кои ми помогнаа да се оформам и како професионалец и како човек. Ја користиме секоја прилика да го посетиме прекрасниот Галичник каде што го развиваме Sherpa Horse Riding – што е технички работа, но е подеднакво големо задоволство. Од Галичник всушност и потекнувам. Падините на Бистра имаат неоткриени убавини и огромен потенцијал за туристички развој. Најголема радост кога бев дете ми беше да јавам коњи тука и оваа љубов понатаму прерасна во пасија. Токму затоа, заедно со мојот тим од Sherpa Horse Riding инвестиравме многу низ годините за да ја подобриме понудата и да привлечеме повеќе посетители кон регионот. Денес со гордост можам да кажам дека проектот „Шерпа“ е многу успешна приказна: работиме повеќе од десет години и поставуваме нови стандарди во планинскиот туризам.

Последните година и пол го сменија секојдневието за секој од нас, но успеавме да се прилагодиме. Од друга страна, Ковид кризата колку што донесе предизвици, толку и ни овозможи да малку го забавиме темпото и да поминеме време со блиските. Во оваа прилика сакам и да истакнам колку е важно да ги заштитиме блиските, а тоа најдобро можеме да го направиме со вакцинација. Јас и сопругата се вакциниравме и ги повикувам сите оние кои што се уште се двоумат, да го сторат тоа во прва прилика. Да го заштитиме своето здравје и да помогнеме да запре пандемијата.

loading...

AnimeFreak: Dances with the Dragons anime episode 12 online free at https://animefreak.ws animefreak my hero academia

AnimeFLV Watch anime online, English anime online HD

The Success Of Empyrean Xuan Emperor Episode 9

AnimeBee: Capricorn anime episode Full online free at https://animebee.to gogoanime

Sites google: https://sites.google.com/view/animefreakws

Logobids: https://www.logobids.com/users/gogoanimelol