ИНТЕРЕСЕН ГРАФИКОН: ВМРО ДПМНЕ НЕ ДОБИЛО НОВИ ГЛАСАЧИ, ТУКУ ГЛАСАЧИТЕ НА СДСМ ОСТАНАЛЕ ДОМА?!?!
ИНТЕРЕСЕН ГРАФИКОН: ВМРО ДПМНЕ НЕ ДОБИЛО НОВИ ГЛАСАЧИ, ТУКУ ГЛАСАЧИТЕ НА СДСМ ОСТАНАЛЕ ДОМА?!?!
Илиевски и Спасовски заедно со младите ја славеа победата на советничките листи, во втор круг уште поголема победа за Куманово
Илиевски и Спасовски заедно со младите ја славеа победата на советничките листи, во втор круг уште поголема победа за Куманово
ЗНМ: Осуда за понижувачкиот однос на кандидатот Фатмир Лимани кон новинарката Салије Садику од ТВ 21
ЗНМ: Осуда за понижувачкиот однос на кандидатот Фатмир Лимани кон новинарката Салије Садику од ТВ 21
(ВИДЕО) ШИЛЕГОВ: ГИ ОБЕДИНУВАМЕ СИТЕ ДЕМОКРАТСКИ СИЛИ ЗА ПОБЕДА
(ВИДЕО) ШИЛЕГОВ: ГИ ОБЕДИНУВАМЕ СИТЕ ДЕМОКРАТСКИ СИЛИ ЗА ПОБЕДА
Заев со писмо до сопартијците: Време е за обединување и работа затоа што од другата страна се истите насилници и криминалци кои ја уништуваа земјата со години
Заев со писмо до сопартијците: Време е за обединување и работа затоа што од другата страна се истите насилници и криминалци кои ја уништуваа земјата со години
(ВИДЕО) БОМБА - БЕСА И АЛИЈАНСА ПОСТИГНАА ЛОКАЛНА КОАЛИЦИЈА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ТЕТОВО И ГОСТИВАР
(ВИДЕО) БОМБА - БЕСА И АЛИЈАНСА ПОСТИГНАА ЛОКАЛНА КОАЛИЦИЈА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ТЕТОВО И ГОСТИВАР
(ВИДЕО) ВАРХЕИ ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ЕУ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: АЛБАНИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИСПОРАЧАА, ВРЕМЕ Е НИЕ ДА СИ ГО ОДРЖИМЕ ЗБОРОТ!
(ВИДЕО) ВАРХЕИ ГО ПРЕЗЕНТИРАШЕ ЕУ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: АЛБАНИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИСПОРАЧАА, ВРЕМЕ Е НИЕ ДА СИ ГО ОДРЖИМЕ ЗБОРОТ!
ВО КАВАДАРЦИ ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ
ВО КАВАДАРЦИ ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ

Интервју со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски: Анкетите велат дека имаме шанси да победиме и во прв круг, се уште го паметам првиот ден кога дојдов во општина и ми кажаа дека долгот е 3 милиони евра!

Интервју со актуелниот градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат на СДСМ за локалните избори, Филип Темелковски.

Разговараше: Виктор Азманоски.

За жал не успеавме да се видиме пред ова интервју па морав малку па истражувам за Вас каква личност сте … Она што го пронајдов е еден куриозитет. Пред неколку години имаше информација дека Вие сте се самокиднапирале и сте барале откуп од сопствениот татко? Тоа Ве прави единствен градоначалник кој се самокиднапирал ( имаше доста шпекулации и нагаѓања околку таа прикаска па еве да ја искористам оваа прилика изворно да ве запрашам за таа епопеја од Вашиот живот иако тоа верувам се случило кога сте биле доста млад. Колку Вистина има во оваа приказна и кои биле причините ?

Темелковски: Право да Ви кажам и за мене беше тоа доста забавна информација кога ја дознав. Кога е некој јавна личност се вртат разни приказни и невистини. Сите сме сведоци за тоа. А одредени кругови прилично се извештија за создавање и ширење на лажни вести. Во политичкиот ринг етиката, моралот и достоинството некои го заменуваат со лажни и измислени вести. Тоа претпоставуам е начин да се затскрие некоја некадарност. Кој има знаење не мора да се занимава со рекла казала. Во секој случај целата таа прикаска од оваа временска дистанца делува доста забавно и понекогаш си правиме шеги на таа тема. Иако сум подзаборавил на тоа сега ме потсетувате. А за детаљите и дали воопшто се случило такво нешто, нека остане во зоната на забавните вести а јас ќе одговорам на тоа прашање после првиот круг на изборите кога ќе го одблежиме и кога ќе го започнам новиот мандат.

Дали тоа значи дека очекувате победа во првиот круг?

Темелковски: Па сите показатели укажуваат на тоа. Всушност анализите покажуваат дека има можност да ја завршиме работата во еден круг или за малку да мора да се организира и втор круг. Тоа зависи дали некои гласачи кои гледаат дека е направена соседната улица па ќе се одлучат да не гласаат воопшто или ќе речат добро е кога е направена соседната и нашата е следна.

А за мене и за Кисела Вода тоа значи дека нема да има прекин на активностите дека спонтано ќе продолжиме без застој. Имаме прекрасни луѓе кои работат во општинската администрација и кои заслужуваат да продолжат да си ја работат работата во позитивна атмосфера без притисоци и без закани.

Добро но да се вратиме на некои поведри теми, деновиве ќе имаме можност да слушнеме многу за Вашата работа и планови. Кој е филип приватно? Или поточно кога не е на работа ?

Темелковски: Па да, во право сте, сега сме во една фаза на презентирање на отчетот од сработеното. Направивме една брошурка каде се наведени одреден број на проекти кои беа спроведени за време на мојот мандат. Не сите, не ми беше намерата да направиме попис на активности со оглед дека повеќето работи си течат тековно и редовно и мојата намера беше да поставам систем за работите тековно да се одвиваат и да создадам пријатна атмосфера за работа за стручната служба и тоа е најголемиот успех на оваа администрација.

Одговорно тврдам дека ова е максимум што можеше да се постигне со овој буџет. Доколку имавме повеќе средства и повеќе ќе сработевме. Но сега кога се научивме да живееме со пандемијата и економските текови ќе бидат постабилни и верувам и буџетските приливи ќе се стабилизираат.

Помеѓу луѓето кои Ве познаваат важите за скромен, срамежлив но решителен човек, човек кој е жалостив и има меко срце и сака на сите да им помогне.
Со кого се дружите? Во школските денови сте се занимавале и со спорт нешто повеќе за тоа ?

Добар спортист е и добар човек се разбира, да се насмееме малку.
Ее да во тоа време тренирав кошарка и бев прилично добар. Но во оној момент кога сите други пораснаа повисоки од мене … немав друг избор и тогаш се посветив на политиката, во политиката не е битен обликот туку дали имаш добра намера . И мислам дека таа моја добра намера беше секогаш добро препознаена и прифатена.

А дали се занимавате со спорт сега и со кој?

Темелковски: Па овие денови за малку ќе се занимавав со спорт.

Што значи тоа за малку?

Темелковски: Моите браќа редовно се занимаваат со спорт. Редовно ме канат и мене и малку фали и јас да им се придружам, едниот брат редовно планинари и секогаш ме кани, а мене ми фали малку слободно време за да му се придружам и затоа велам за малку. Додека он се искачува по планините јас шпартам низ ископаните улици и канализации низ Кисела Вода , па и тоа е некаков спорт, “политички спорт” нели?

Инаку кога имам можност сакам да одиграм и партија баскет. Еве еден куриозитет за моето играње кошарка, еднаш му удрив банана на познатиот кошаркар Гаскоњ, на подготовки со мојот клуб.

Никогаш не сме ве виделе со жолти чизми?

Темелковски: Ахаха, мојот моден советник ми забрани, не ми одговарале со фризурата.

Шала настрана, сметам дека се тоа едни од наметнатите очекувања од минатото. Демек градоначалникот ќе излезе со жолтите чизми и ќе ги разреши проблемите … тоа во реалноста не е така. За мене е побитно службите да излезат на терен и професионално да се постават и да си ја завршат работата. А дали јас ќе се сликам како давам наредби, тоа е сосема ирелевантно.

Но дали некогаш сте се вклучиле во некои такви активности?

Темелковски: Па секако, на пример секогаш сакам да посадам некоја садница, дрво на пример и потоа да се грижам за истото. Не е доволно само да се посади туку и да се наводнува. Во некои на пример немаме можност за авотматски систем или капка по капка па носиме вода со наши цистерни, а за моите дрвца (кои јас сум ги насадил) знам и сам да отидам и да ги навадам.

Но зошто ние како јавност не сме запознаени ? Не сме виделе таква фотографија? Барем јас не успеав да видам разгледувајќи го вашиот профил на инернет на Фејсбук ?

Темелковски: Па не верувам ни дека ќе најдете. Тоа е нешто што од љубов го правам а не за да се сликам. На пример при крводарителски акции се сликам и објавувам со цел да охрабрам и да дадам пример и на други, но некои работи претпочитам да останат во делот на личната интима на секој човек.

Во сликите од Вашиот кабинет може да се забележат и икони?

Темелковски: Па и за тој дел не би сакал да зборувам. Тоа е мојата лична и приватна определба на секој верник. Така е барам според библијата. Тоа се дел од работите кои остануваат во интимата.

Исто така го чувате и вашето семејство надвор од очите на јавноста?

Темелковски: Сакам да обезедам обично детство за Мојот син Павел има три години и како секое детенце и другарче на негова возраст сака да си игра и да помине повеќе време со родителите. Тоа ми е најголемиот предизвик да обезбедам повеќе време со него и повеќе време без да ми ѕвони теелефонот.

Како го поминавте детството? Младоста?

Темелковски: Реков со моите другари , во моето маало, не сум некој што ужива да се оддалечува во Кисела Вода се сите мои спомени и омилени места за излегување , излети на три круши , маркова река, училишниот двор и маалските кафулиња како тинејџер.

Вашите родители?

Темелковски: Како и секој родител и тие се грижеа за нас децата и еве успеаа да не израснат, некои повеќе некои помалку, моите браќа се бајаги повисоки од мене.

Но вие имате најсериозна функција!

Па така испадна. Јас како мал уште бев побунтовен и моите родители ако ги прашате сигурно ќе ме пофалат дека сум бил своеглав, нешто што нив никогаш не им се допаѓаше. Таа моја желба за самостојност ме наведе да ги стартувам некои бизнис иницијативи. Не знам дали знаете но јас раководев со градскиот базен во Кавадарци на пример и интересно време беше тоа да се обезбедат плати за вработените да се организира и така натаму. Со моите родители не секогаш имам исти погледни на работите и затоа избегнуваме да навлегуваме во дискусија но сум човек што сака секогаш да сослуша различно мислење пред да донесе одлука.

Што ви пречи најмногу?

Темелковски: Вандализмот, или поточно политички вандализам.
Кога ќе изчистиме некоја депонија а веќе наредниот ден повоторно ќе добиеме информација дека некој повторно одложува смет. Или кога намерно ќе биде уништен јавен имот. Тоа не можам да го разберам. Колку и да има некој поинакви политички агенди и нетрпение кон мене не е тоа начин.

Каков Ви беше првиот ден на работа во општината? Според информацијата што е јавно достапна го започнавте мандатот од минус? Минус од 180 милиони денари, колку пари се тоа, како се снајдовте?

Темелковски: Уф, тешко е тоа прашање. Влегувате прв пат во канцеларијата се запознавате со луѓето и Ве брифираат. И тогаш првиот шок. Неплатени обврски и долгови од 179.543.259 денари сеуште ги паметам тие бројки и никогаш нема да ги заборавам. Се шокирам и ми се врти во глава. Па јас и немам ни претстава колку пари се тоа. Што ми требаше оваа работа? Што ќе правам и што да правам? Колку пари ли се ова? Иако сум добар математичар ми требаше половина час да пресметам колку пари се тоа и барав потврда од шефот на финасиии …. рачунаш рачунаш и идиш до бројка од 300.000 евра. Па и не е толку многу а колкав буџетот на општината? Кога колегите вадат дигитрон и пресметуваат не е толку 3 милиони евра се во прашање!

Е тоа беше шок! И ми требаше долго време да се соочам. Но за среќа наидов на професионалци во администрацијата и направивме план за сервисирање на долговите и почнавме да работиме. Веднаш почнаа и барањата. Граѓаните очекуваа од новиот градоначалник и поразлично однесување очекуваа работа а пари од каде? Улога на општината е да инвестира а овде само догови! Така да формиравме тимови и се растрчавме да обезбедуаме фондови и грантови и донации од секаде така и се случи добивме поддршка и од владата и од министерствата, но пред се пишувавме издржани проекти кои во конкуренција со другите беа подобри и беа финансирани. Не посакуам такво искуство никому.

loading...

AnimeKisa Watch anime online, English anime online HD

Animepahe: Softenni Specials anime episode 6 online free at https://animepahe.cc anime stream

TwistMoe: Ghost in the Shell: Stand Alone Complex: Tachikomatic Days (Dub) anime episode 26 online free at https://twistmoe.net anime online

AnimeTV: A Good Librarian Like a Good Shepherd anime episode 12 online free at https://animetv.cc anime tv darling in the franxx

Addwish: https://addwish.com/animefreakws

Bombstat: https://www.bombstat.com/domain/gogoanime.be