ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
ВНИМАВАЈТЕ - Отворен е лажен профил во име на Елизабета Пендаровска, се крадат податоци од граѓаните, се земаат и информации за кредитни картички
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
БРАВО - Гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците за локалните избори тече без проблем
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори
(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ДИК - Даштевски : Максимално сме подготвени за локалните избори
ОВАА ВЛАСТ НЕМА МИЛОСТ КОН НИКОГО, ЗАКОНИТЕ ВАЖАТ ЗА СИТЕ: Осумдневен притвор заради закани кон кандидатот на ВМРО за градоначалник во Прилеп
ОВАА ВЛАСТ НЕМА МИЛОСТ КОН НИКОГО, ЗАКОНИТЕ ВАЖАТ ЗА СИТЕ: Осумдневен притвор заради закани кон кандидатот на ВМРО за градоначалник во Прилеп
ПОРТПАРОЛОТ НА МВР, ТОНИ АНГЕЛОВСКИ ДОБИ ПЛАКЕТА ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
ПОРТПАРОЛОТ НА МВР, ТОНИ АНГЕЛОВСКИ ДОБИ ПЛАКЕТА ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
ЉУПЧЕ ЗЛАТЕВ СЕ ФАЛИ ДЕКА Е ЕЛИТНО КУРТОНЧЕ: 500 евра е смешна сума за мене!
ЉУПЧЕ ЗЛАТЕВ СЕ ФАЛИ ДЕКА Е ЕЛИТНО КУРТОНЧЕ: 500 евра е смешна сума за мене!
Приведени четири лица за давање поткуп за гласови во скопско, поткупувале за кандидат на ВМРО ДПМНЕ
Приведени четири лица за давање поткуп за гласови во скопско, поткупувале за кандидат на ВМРО ДПМНЕ
БРАВО ПРЕМИЕРЕ, САМ ПРОТИВ СИТЕ НО СЕПАК НАРОДОТ Е СО ТЕБЕ, НА ДОЖД ПАРТИЗАНСКИ ИСТЕРА ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ КАМПАЊИ
БРАВО ПРЕМИЕРЕ, САМ ПРОТИВ СИТЕ НО СЕПАК НАРОДОТ Е СО ТЕБЕ, НА ДОЖД ПАРТИЗАНСКИ ИСТЕРА ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ КАМПАЊИ

Интервју со градоначалникот Златко Марин: Аеродром – прва општина со европско знаменце, изградени градинки, паркови, улици, училишта, детски катчиња…

Интервју со градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин.

Азманоски: Ги распишаа локалните избори, за Општина Аеродром сè уште вашата партија се нема изјаснето по однос на утврден кандидат, зошто СДСМ да застане зад вашата кандидатура, што е тоа што ќе им го понудите на жителите на Општина Аеродром.

Марин: Како приоритет во мојата кандидатура секогаш го сметам она што е најважно за граѓаните. Така беше во мојата изборна програма, и по тоа се раководев и во изминативе години од мојот мандат.
Како општина изготвиме и ѝ презентиравме на јавноста четиригодишна стратегиска платформа за локален економски развој 2021-2025 под мотото „Аеродром – прва општина со европско знаменце“. Таа платформа ќе биде наш патоказ за носење на европските стандарди и вредности дома. Тоа значи продолжување на инвестициите за чиста животна средина, поквалитетно урбано живеење и развој на руралните делови од Општина Аеродром. Секако, до крајот на мандатот фокусот ќе биде насочен кон заокружување на ветените проекти, односно довршување на клучните и капиталните проекти.

Азманоски: Колкав е процентот на реализирани проекти од вашата програма со која ги добивте изборите во 2017 година.

Марин: Генерално сум задоволен од реализацијата на проектите. Мојот главен фокус беа еколошките проекти, а нивната реализација кулминираше токму во измината 2020 година, кога го зголемивме бројот на зелени површини и ја достигнавме бројката од набавени и засадени близу 10 илјади нови садници на различни локации низ Аеродром.
Особено сум горд на новите паркови во Мичурин и Бојмија во населбата Острово, како и просторот кај Железничката станица, некогашна депонија, кој заедно со Град Скопје го претворивме во прекрасен парк.
Реконструиравме и изградивме над 20 детски и спортски игралишта, изградивме и нова градинка во Ново Лисиче, „Буба Мара“, во тек е изградбата и на објектот „Црвенкапа“ во Стар Аеродром, со што ќе се зголеми капацитетот на згрижување деца.
Исто така, доградивме објект со дополнителни училници во ООУ „Лазо Ангеловски, со што го решивме деценискиот проблем со одењето во трета смена на учениците. Од оваа есен учениците во Лисиче ќе добијат и нов објект во училиштето „Димитар Македонски“, а во тек е реконструкцијата на амбулантата во населба Лисиче.

Азманоски: Колку капитални инвестиции се реализирани во вашата општина?

Марин: Што се однесува до капиталните инвестиции, за жителите на Аеродром изградивме нова градинка во Ново Лисиче, „Буба Мара“, се гради и објектот „Црвенкапа“ во Стар Аеродром, со што се зголемува капацитетот на згрижување деца. Исто така, привршува изградбата на објектот на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, а извршивме доградбата на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во населбата Ново Лисиче.
Ја започнавме постапката за изградба на нова општинска административна зграда со што конечно граѓаните на Аеродром ќе имаат своја зграда. Во самиот објект ќе има подрачни единици на министерствата, мултифункционален центар, со што жителите на Аеродром ќе ги добиваат сите услуги на едно место.
Исто така, од голема важност е реконструирањето на патот Јурумлери – Драчево што минува низ Долно Лисиче, како и реконструкцијата на амбулантата во населбата Лисиче, која е во тек.

Азманоски: Што е тоа што го имате направено во Аеродром, на кое се гордеете како ваш проект?

Марин: Горд сум на сите реализирани проекти во изминатиов период. Особено сум горд на изградбата на две градинки, целосно нов објект на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, доградба на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во населбата Ново Лисиче, реконструкција на простории во училиштето „Ѓорѓија Пулевски“, целосно реновирање на училиштето „Блаже Конески“, обновени паркинзи, реконструирани и модернизирани паркови во населбата Мичурин и паркот „Бојмија“ во населбата Острово, низа урбани паркови и скверови во населбата Стар Аеродром, повеќе од половина од отворените спортски игралишта се обновени со најсовремена и единствена во државата ергономска подлога за безбедно спортување на нашите жители, детските игралишта добија нови и безбедни реквизити и меки подлоги за безгрижна игра на најмладите, согласно со сите европски и светски стандарди. Моментално се реконструира скверот зад ТЦ „Бисер“, а иста реконструкција е предвидена и за скверот зад ТЦ „Капитол“.

Азманоски: Што е тоа што можете да им го ветите на аеродромци доколку ја добиете довербата на изборите?

Марин: Моја заложба и во иднина ќе биде подеднакво вложување и развој на сите делови од Аеродром. Четиригодишната стратегиска платформа за локален економски развој 2021-2025 под мотото „Аеродром – прва општина со европско знаменце“ ќе биде наш патоказ за носење на европските стандарди и вредности дома. Тоа значи продолжување на инвестициите за чиста животна средина, поквалитетно урбано живеење и развој на руралните делови од Општина Аеродром, како и модернизација на урбаното живеење воопшто. Приоритет на работата на Општина Аеродром ќе биде заштита на животната средина со цел создавање чиста и одржлива средина што ќе овозможи квалитетни услови за живот за сите граѓани.

Разговараше: Виктор Азманоски , Револуционер

loading...

Spirit of Wonder: China-san no Yuuutsu (Dub) (https://animekisa.in/m/NyAb) Episode Full

Website https://wcostream.cc: Watch Genocidal Organ wcostream Episode Full anime sites

Website https://animeflv.uk: Watch Guilty Crown: Lost Christmas animeflv Episode Full anime

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD

Mxsponsor: https://www.mxsponsor.com/riders/gogoanimelol

Webtoolhub: https://www.webtoolhub.com/profile.aspx?user=42267145